„Чесно е да се каже дека донаторската конференција нема да се одржи оваа година. За неа веќе нема време“. Ова е најпесимистичкиот став за судбината на донаторската конференција, што доаѓа од анонимен дипломат од канцеларијата на Европската Унија.
На 6-ти декември, по еднонеделни преговори македонската влада и мисијата на ММФ постигнаа договор по новата „Стаф“ мониторинг програма. Успешно завршување на преговорите со ММФ беше еден од двата услова на меѓународната заедница за одржување на донаторска конференција за Македонија.
МАКЕДОНИЈА И ВО 2002 ЈА ЧЕКА КРПЕН ЖИВОТ Светска банка и ЕУ вчера не ги испратија поканите до потенцијалните донатори поради неусвојувањето на законот за локална самоуправа, што значи дека донаторска, пред католички Божик, не може да има.
„Ако законот за локална самоуправа се донесе до петок, донаторската ќе се одржи оваа година“. Со денешното неисполнување на овој услов клучното прашање во земјава е кога и дали ќе има донаторска конференција. Неизвесноста околу донесувањето на законот ги прави неизвесни и сите одговори што денеска ...
ММФ И МАКЕДОНИЈА ГО ПОТПИШАА ДОГОВОРОТ ЗА ШЕСТМЕСЕЧНА СТАФ МОНИТОРИНГ ПРОГРАМА Министерот Груевски вчера не ја соопшти цената на имплементацијата на мировниот документ затоа што, како што рече, не може однапред да се пресмета, но во Брисел ќе се бараат донации и за оваа намена...
МАКЕДОНИЈА ДОБИВА НОВА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА Наспроти многубројните критики на сметка на последната предложена верзија на контроверзниот закон, пратениците решија да кренат два прста, оти странските пари се поважни од се Новиот закон за локална самоуправа, со кој ќе се изврши децентрализација на ...
ГРУЕВСКИ И БАНЕРЏИ СЕ ДОГОВОРИЈА Без донации нема да можеме да го спроведеме рамковниот договор, вели Груевски Министерот за финансии Никола Груевски и шефот на преговарачката мисија на ММФ за Македонија Бишванџи Банерџи вчера го потпишаа договорот со кој светските монетарци ќе го контролираат ...
Денеска по полноќ македонската влада и мисијата на ММФ постигнаа договор за програмата за набљудување која што ќе се применува од 1 јануари до крајот на јуни. Постигнувањето договор со ММФ беше еден од двата услова за одржување на донаторската конференција.
СПОРЕД СПЕЦИЈАЛНИОТ ПРЕТСТАВНИК НА ЕУ ВО МАКЕДОНИЈА АЛЕН ЛЕ РОА Ако министерот Никола Груевски и шефот на мисијата на ММФ Бишваџит Банерџи синоќа не го потпишале договорот за програмата за набљудување и ако денеска парламентарците не го усвојат законот за локална самоуправа, донаторската ...
МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ПРЕДУПРЕДУВААТ Донаторска конференција ќе се одржи пред 25 декември, само ако Собранието најдоцна денеска го усвои Законот за локална самоуправа. Вториот услов за одржување на донаторската конференција - договорот за набљудувачката мисија (т.н.
Финансискиот јаз од 173 милиони долари Македонија ќе го покрие на донаторската конференција, која би се одржала пред католички Божиќ, доколку државата го потпише договорот со ММФ и ако парламентот го усвои законот за локална самоуправа.
Коментар - Неда Поповска Македонија хронично доцни. Доцнењето во политиката ги даде резултатите, а каскањето во економијата допрва ќе ги испорача сметките. Експертите предупредуваат дека Македонија попусто се борела да добие донаторска конференција, која треба да ги ублажи последиците од ...