Според генералниот секретар на ФСМ, Бошалевски: " На последната седница, членовите на Управниот одбор на ФСМ му дадоа овластување на Претседателот на Сојузот Ламба Арнаудов да разговара со Канатларовски и истовремено да го разреши од селекторската функција.
АКО ЈОВАНОВСКИ БИДЕ НОВ СЕЛЕКТОР Веднаш по официјалното назначување на Ѓоре Јовановски за селектор на фудбалската репрезентација на Македонија, постои голема веројатност Слога Југомагнат да го ангажира поранешниот селектор Ѓоко Хаџиевски.
Коментар-Милорад Стојмановски Некој лаже: или фудбалскиот селектор (поранешен?) Драган Канатларовски - Цапар или претседателот на ФСМ, Ламбе Арнаудов. Целата македонска јавност го слушна Ламбета јасно и гласно дека Цапар му се јавил телефонски и поднел оставка пред да се разгледува точката на ...
ФСМ веднаш најде замена за Канатларовски Досегашниот тренер на Слога Југомагнат Ѓоре Јовановски од вчера е новиот селектор на нашата најдобра фудбалска селекција. По вчерашниот разговор што Јовановски го водел со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Македонија Ламбе Арнаудов постигнат е договор во ...
На состанокот на УО на ФСМ Смената на селекторската функција на нашата најдобра фудбалска селекција што како шпекулација последниве неколку дена беше во центарот на интересирањето на не само фудбалската јавност, сепак се оствари.
ФУДБАЛ - ПО ОСТАВКАТА НА КАНАТЛАРОВСКИ Ѓоре Јовановски е новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација, откако на вчерашната неформална средба со претседателот на Фудбалскиот сојуз на Македонија, биле договорени сите детали за преземањето на селекцијата.
ДОДЕКА НЕ НАЈДЕ НОВ АНГАЖМАН Поради тоа што, сега веќе, поранешниот селектор на репрезентација на Македонија Драган Канатларовски не беше разрешен, туку си поднесе оставка, ФСМ нема обврска да го исплаќа до крајот на договорот со важност до крајот на 2004 година.
ОД СЕДНИЦАТА НА УО НА ФСМ * Никола Илиевски-Џиџи од завчера и официјално е селектор на младинската фудбалска репрезентација за играчи до 21 година. Тој досега функцијата ја извршуваше како вршител на должноста. На завчерашната седница на УО на ФСМ беа промовирани и другите селектори на младинските ...
ФУДБАЛ - СЕДНИЦА НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА ФСМ Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Драган Канатларовски вчера поднесе оставка на редовната седница на УО на ФСМ. Оваа негова одлука уследи откако осум членови на УО побараа на дневен ред да се стави точката за негово разрешување.