Австриската компанија ЕВН најдоцна до петок треба да ги уплати парите за купување на ЕСМ Дистрибуција. Откако 225-те милиони евра ќе легнат на сметка на државата, Австријците ќе ги добијат акциите. Европската банка за обнова и развој се уште не одлучила дали таа ќе земе акции во ЕСМ.
Два дена по продажбата на ЕСМ, австријците забрзано се подготвуваат за преземање на контролата врз компанијата. Со ревизија на договорот за ЕСМ, се заканува опозицијата. Власта не престанува да ја глорифицира приватизацијата.
ЕКСПРЕСНО КОПЛЕТИРАНА КУПОПРОДАЖБА На прашањето за колку години планираат да си ги повратат 225-те милиони евра Леер одговори дека ќе го искористат 100-годишното искуство во дејноста Министерот Фатмир Бесими и претставниците на австриски ЕвН Петер Леер, член на бордот на директори на компанијата и ...
Ставови на политичките партии откако австриската ЕВН ја купи "Дистрибуција" "Глас за светлина" и покрај дождливото време и вчера ги блокираше главните скопски сообраќајници МАЈА ТОМИЌ По завчерашната одлука на Владата за продажба на ЕСМ "Дистрибуција" на австриската ЕВН АГ, следуваа многу реакции ...
Демократската унија за интеграција (ДУИ) смета дека со приватизацијата на ЕСМ дистрибуција успешно завршил циклусот на реформите на електро-енергетскиот сектор во Македонија со што земјата станала дел од интегрираниот европски пазар.
Јавноста се доведува во заблуда дека за „ЕСМ дистрибуција е добиена висока цена критикуваше денеска Груевски. Зашто биле продадени и хидроцентралите заедно со Дистрибуцијата. Ветува дека ќе го ревидирал договорот, се сомнева дека Владата не играла фер со сите странски фирми.
Здружението "Глас за светлина" им порача на граѓаните да размислат дали треба да ги платат сметките за електрична енергија. Здружението е против продажбата на ЕСМ и смета дека со неа Владата докажала оти не работи во интерес на граѓаните туку се води само од политички интереси.
Победник на тендерската трка за дел од ЕСМ е австриската фирма ЕВН аг Бучковски: Ние сме задоволни, ова е највисоката постигната цена за електростопанство во регионот и потврда дека се создава исклучително поволна бизнис-клима во Македонија МАЈА ТОМИЌ Австриската енергетска компанија ЕВН АГ е ...
ВМРО - ДПМНЕ смета дека Владата шири неоснована еуфорија оти постигнала висока цена при продажбата на ЕСМ, со оглед на тоа што експертите ја процениле нејзината вредност на повеќе од 900 милиони евра, а таа ја продала за четирипати помала вредност.
Австријците за 90 отсто од капиталот на ЕСМ понудија 225 милиони евра и ветија дека ќе инвестираат 96 милиони евра во наредните три години Австриската компанија ЕВН е новиот сопственик на ЕСМ дистрибуцијаа. Купопродажниот договор вчера го потпишаа министерот за финансии Фатмир Бесими и членот на ...
Парите од продажбата на ЕСМ Дистрибуција ќе ги троши новиот парламентарен состав, повтори премиерот Владо Бучковски, по носењето на одлуката ЕВН да биде новиот газда на ЕСМ Дистрибуција. За обвинувањето на ВМРО - ДПМНЕ дека не е послушан гласот на народот и дека сумата за која е продадена ...
Изјави Според министерот Бесими, влегувањето на компанијата ЕВН на македонскиот пазар отвора можности за влез и на други инвестиции во земјата."Од името на сите граѓани му посакувам на ЕВН големо добредојде и успешна соработка на сите нивоа.
Новиот австриски газда ќе седне во фотелјата на македонската дистрибуција по 10 април. Од понеделник стартува примопредавањето на средствата и обврските. Целата процедура се очекува да заврши најдоцна за три недели. Новиот австриски газда ќе седне во фотелјата на македонската дистрибуција по 10 ...
Премиерот против претседателот на Антикорупциската комисија Владо Бучковски сака да нў замолчи, изјави вчера Михајло Маневски, откако премиерот го посочи како страшливец и го обвини дека "наместо како претседател на Антикорупциска комисија, се однесува како експозитура на ВМРО-ДПМНЕ".
ЕВТИНИ ПРИКАЗНИ - Биљана Секуловска ЕСМ СЕ ПРОДАДЕ. ПАРИТЕ ОДАТ ЗА ФЕНИРАЊЕ. НЕМА СМИСЛА ОВЦИТЕ ДА СЕ ШЕТААТ НЕСРЕДЕНИ - ПОСЛЕ СТРИЖЕЊЕ Супер што се продаде ЕСМ, парите ќе одат во резервите, како што се прави во секоја богата држава.
ЕСМ-ДИСТРИБУЦИЈА ПРОДАДЕНА НА АВСТРИЈЦИТЕ ЗА 225 МИЛИОНИ ЕВРА Мирче Котевски Австриската компанија ЕВН АГ и официјално стана нов сопственик на ЕСМ откако со понуда од 225 милиони евра и инвестиции од 96 милиони евра победи на тендерот за продажба на ЕСМ-Дистрибуција.
Премиерот Бучковски беше препотен кога ја даваше изјавата за продажбата на ЕСМ Дистрибуција. "Добро е што задоцнија фоторепортерите па испотен излегов само на телевизија, но не и во весници", ни рече тој кога го прашавме зошто беше толку возбуден.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2002 година изјави дека целото ЕСМ имало вредност од над 2 милијарди евра, но поради пост-воениот конфликт и лошата кондиција на производниот дел од ЕСМ, тогашната власт даде оценка дека компанијата нема да се продава под 1,2 милијарди евра.
Австриската фирма ЕВН за 225 милиони евра го купи "ЕСМ-дистрибуција". Компанијата понуди и инвестиции од 96 милиони евра во следните три години поради што Владата одлучи дека е најдобра финансиската понуда на Австријците. Во финалната трка, второрангирана е чешката компанија ЧЕЗ со понуда од 181,55 ...
ЕСМ Дистрибуција се продаде со таен договор, без на јавноста да и биде даден на увид во него пред да биде потпишан. Тоа ја испровоцира Антикорупциската комисија. Се огради од продажбата и од евентуалните штетни последици по граѓаните.
Додека партиите од власта ја фалат продажбата на ЕСМ Дистрибуција како најдобра приватизација, опозицијата обвинува дека штетна и погубна за државата. „Навидум високата цена постигната при продажбата на А.Д. ЕСМ е типичен тројански коњ, кој Владата на СДСМ му го подарува на сопствениот народ, затоа ...
Која е ЕВН? Оваа австриска компанија во моментов оперира во повеќе земји, но главниот бизнис и е во Австрија и во Бугарија. Фирмата има вкупно околу два милиони и 300 илјади електро претплатници, а од нив 770.000 се во Австрија, милион и пол во Бугарија.
Здружението на граѓани „Глас за светлина“ и денеска, за кога е закажано потпишувањето на купопродажниот договор за ЕСМ Дистрибуција, организираше блокади кои се упатени против приватизацијата на оваа компанија. Портпаролот на Здружението Марина Христовска изјави дека протестите биле најавени и оти ...
ЕСМ оди во австриски раце. Министерот Бесими и претставници на австриската ЕВН ставија потпис на купопродажниот договор. Колку ќе поскапи цената на струјата, австриските газди не сакаа да кажат. „Ова не е добро прашање за почеток, да се прашува колку ќе чини струјата во иднина, бидејќи ние имаме ...
ШТО СЕ ПРОДАВА? Мирче Котевски Слабата наплата на сметките, секојдневните кражби на струја и лошата состојба на дистрибутивната мрежа, се дел од проблемите со кои треба да се соочи новиот сопственик на „ЕСМ-дистрибуција“. Со делењето од производството, дистрибуцијата ја доби најтешката задача - да ...
Сашо Кокаланов Дали транспарентна држава е таа во која јавноста има увид во фудбалските вештини на премиерот и на министерот за економија или таа во која е дозволен увид во купопродажниот договор со кој се отуѓува дел од најголемото јавно претпријатие? Не знам дали ова прашање си го поставија ...
Австриската ЕВН и официјално е новиот сопственик на ЕСМ Дистрибуција. Го потпиша купопродажниот договор со Владата. Ја добија за цена од 225 милиони евра и инвестиции од 96 милиони евра речиси рамномерно вложувани во следните три години. Новите газди задоволни што победија на тендерот.
Благо над очекувањата. Ова се денешните коментари на експертите за 225 те милиони евра што австриската ЕВН ги понуди за ЕСМ дистрибуција. Тргнуваат од фактот што е постигната највисока цена во регионот. Благо над очекувањата.
Австриската компанија “ЕВН АГ” е новиот сопственик на АД ЕСМ “Дистрибуција”, објави вечерва на прес-конференција премиерот Владо Бучковски. Австријците понудиле 225 милиони евра и инвестиции од 96 милиони евра. Скопје, 16 март (МИА) - Австриската компанија ЕВН АГ” е новиот сопственик на АД ...
ПРОДАЖБАТА НА ЕСМ ПРИ КРАЈ Слободан Содиќ Понудите за купување на "ЕСМ дистрибуција" што ги доставија чешката компанија ЧЕЗ, австриската ЕВН и италијанската ЕНЕЛ вчера беа отворени во Владата. По повеќечасовно нивно разгледување и бодување, во доцните вечерни часови Владата требаше да ја избере ...
ВО ВЛАДАТА СЕ ОТВОРАА КУТИИТЕ НА ЕвН, ЕНЕЛ И ЦЕЗ ЗА ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА Вчера до пладне во Владата јавно се отвораа понудите на трите заинтересирани купувачи за ЕСМ Диструбиција. Отворањето на понудите за купување почна со проверка на комплетноста на доставените документи од чешкото ЦЕЗ, австриската ...
Австриска компанија која снабдува со струја и гас над еден милион потрошувачи во Австрија и Бугарија. Според минатогодишниот бизнис план на менаџерскиот тим на ЕВН приоритет ќе биде ширењето на компанијата во Југоисточна Европа.
Протести Здружението на граѓани "Глас за светлина" и вчера ги продолжи блокадите против приватизацијата на ЕСМ "Дистрибуција", кои беа поставени на четири раскрсници во центарот на Скопје и траеја од 12,30 до 15 часот. Портпаролот на Владата, Сашо Чолаковски, вчера изјави дека последните протести ...
Вчера заврши тендерот за продажба на ЕСМ †Дистрибуција" Владата синоќа на специјална седница требаше да го избере новиот газда на ЕСМ МАЈА ТОМИЌ Под строго утврдена тендерска процедура и под засилени мерки на надзор вчера во Скопје беа отворени тендерските документи на претендентите за ЕСМ ...
МАТНА ПОСТАПКА ЗА ИЗБОР НА НОВ ГАЗДА НА ЕСМ Мирче Котевски Понудата за ЕСМ од австриската „ЕВН АГ“ немаше восочен печат, кој ја гарантира тајноста на тендерот, а пакетот на италијанскиот ЕНЕЛ беше без адреса на Министерството за економија.
„ВРЕМЕ“ ТИПУВА Понудите на италијанската компанија ЕНЕЛ, австриската ЕВН и на чешкото електростопанство ЧЕЗ, кандидати за купување на ЕСМ-Дистрибуција се вреднуваа вчера до 16 часот, а потоа Владата требаше да се изјасни дали ќе избере нов мнозински акционер во „Електростопанство“.
Власта еуфорична. Опозицијата разочарана од продажбата на македонската дистрибуција. Владата му подари на сопствениот народ Тројански Коњ со навидум високата цена постигната при продажбата на ЕСМ дистрибуција, велат во ВМРО ДПМНЕ. Власта еуфорична.
Владата синоќа требаше да го избере новиот газда на "ЕСМ-дистрибуција", откако тендерската комисија оцени дека финансиските понуди на трите странски компании се комплетни и уредни. Во трката за купување на 90 проценти од капиталот на "ЕСМ-дистрибуција" учестуваат чешката ЧЕЗ, италијанската ЕНЕЛ и ...
Во Владата веќе седум часа трае неизвесноста за тоа кој ќе биде новиот газда на ЕСМ-Дистрибуција. Најголемо е нетрпението кај претставниците на трите компании. Комисијата веќе 4 часа ги разгледува финансиските понуди на австриската, италијанската и чешката компанија, но процедурата оди споро затоа ...
Денеска, кога се отвараат понудите од можните купувачи на есм, блокади низ Скопје. Пораката на „Глас на светлина“: ЕСМ да не се продаде. Се надеваат дека Владата нема да прифати ниту една од понудите на трите компании заинтересирани за Електро дистрибуцијата.
„Ние имаме негативна меморија во однос на „Телеком“, во однос на „Окта“, толеранцијата кај народот е драстично намалена; народот се плаши и има претчуство дека нешто се крие“, изјави во интервјуто за А1, Габриела Коневска, новата претседателка на „Транспарентност Македонија“.
Премиерот Бучковски, по завршувањето на владината седница, соопшти дека австриската фирма ЕВН ги победи конкурентите ЕНЕЛ од Италија и ЧЕЗ од Чешка во битката за купување на македонското Електростопанство. ЕВН понуди 225 милиони евра плус 96 милиони инвестиции во наредните три години и во тесна ...
Три компании доставија понуди за ЕСМ Дистрибуција. чешкото „ЧЕЗ“, „ЕНЕЛ“ од Италија и австриската „ЕВЕН“ се потенцијалните газди. Во последен момент се откажа германското „ЕРВЕ“ иако во текот на процесот важеше за еден од најсериозните кандидати. Три компании доставија понуди за ЕСМ Дистрибуција.
Реакции и блокади поради продажбата на ЕСМ „Дистрибуција“ СДСМ ќе бара од Антикорупциската комисија да утврди од каде се финансира "Гласот за светлина" Скопје и вчера беше блокирано од членовите на Здружението на граѓани "Глас за светлина", кои протестираат против приватизацијата на ЕСМ ...
ЗДРУЖЕНИЕТО „ДЕН“ АПЕЛИРА Здружението „Ден“ вчера повторно апелираше Владата да ја прекине постапката за продажба на ЕСМ - Дистрибуција. - Во ситуација кога огромното мнозинство граѓани се противат на овој чин упатуваме уште еден апел до Владата да покаже одговорност, разбирање и секако слух за ...
ИЗНЕНАДУВАЊА И СКАНДАЛИ ГО СЛЕДАТ ТЕНДЕРОТ Мирче Котевски Три светски енергетски компании вчера ги доставија понудите на тендерот за продажба на ЕСМ Дистрибуција. Четвртата компанија која најави учеству - германската РВЕ во последен момент се откажа од наддавањето.
УСТАВНИОТ СУД ПРЕСУДИ Уставниот суд одлучи да не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Законот за преобразба на ЕСМ АД за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија во државна сопственост, пренесе МИА.
ДЕНЕСКА СЕ ОТВОРААТ ПОНУДИТЕ ЗА ЕСМ Слободан Содиќ Антикорупциската комисија вчера не го виде купопродажниот договор за "ЕСМ дистрибуција" бидејќи од Министерството за економија беше условена да молчи за неговата содржина. Членовите на антикорупциската одлучиле под тој услов да не извршат увид во ...
Владата денеска ќе ги отвора трите финансиски понуди за ЕСМ Бесими: Процесот се води најтранспарентно и единственото прашање во продажбата на ЕСМ што останува отворено е дали граѓаните им веруваат на Владата и на институциите МАЈА ТОМИЌ Со истекувањето на рокот за доставување на финансиските понуди ...
ВЛАДАТА ЌЕ БИРА МЕЃУ ЕВН, ЕНЕЛ И ЧЕЗ Министерот за економија Фатмир Бесими вчера по 16 часот соопшти дека понуди доставија австриската ЕвН, италијанската ЕНЕЛ и чешката компанија ЦЕЗ, како и дека не е разочаран од откажувањето на германската РЊЕ бидејќи вакви работи вообичаено се случув Од ...
„ГЛАС ЗА СВЕТЛИНА“ Активисти од граѓанското здружение „Глас за светлина“ вчера уште еднаш го парализираа центарот на Скопје поради владината одлука за продажба на ЕСМ. Блокади беа поставени на шест раскрсници, а пред седиштето на „Електростопанство“ малобројните активисти симболично запалија оган.
Писмо Прашањето на годината, барем според она што се случува, е дали да се продаде "ЕСМ дистрибуција". Некои сметаат дека треба да се продаде, некои дека не треба. Според мене, и двете одлуки имаат свои предности и недостатоци.
Започна е вонредното владиното заседание – продажбата на ЕСМ Дистрибуција е единствената точка. Пред тимот на Бучковски се понудите на трите компании кои останаа во трка по дистрибуција. Чешкото „ЧЕЗ“, италијанското „ЕНЕЛ“ и австриската „ЕВЕН“. Во последен момент се откажа германската „ЕРВЕ“.
Антикорупциската комисија нема да го разгледува договорот за продажба на "ЕСМ-дистрибуција" бидејќи Владата побарала од членовите на Комисијата да се обврзат дека нема јавно да ја коментираат содржината на документот. Комисијата вчера преку соопштение информираше дека ја донела ваквата одлука ...
Во ВМРО-ДПМНЕ се "непријатно изненадени од изјавата на министерот за економија, Фатмир Бесими, дека договорот за продажба на ЕСМ не може да биде ставен на јавен увид". - Ваквата одлука единствено укажува дека Владата, премиерот и министрите се однесуваат тотално дилетантски и аматерски кон ...
Антикорупциската комисија нема да го разгледува договорот за купопродажба на ЕСМ. Одбива да изврши увид, затоа што Владата ја условила да не ги обелоденува деталите. Од Антикорупциската велат дека Министерството за економија побарало да потпишат претходен договор за доверливост, кој ќе значи ...
Продажбата на ЕСМ е еден од најконтроверзните процеси, кој предизвика серија експертски реакции. Најголем дел од стручњаците се противеа, или на продажбата или на избраниот модел за приватизација. „Кога продавате Електростопанство, продавате еднаш засекогаш.
Трите финансиски понуди за купување на ЕСМ Дистрибуција на италијанската, австриската и чешката компанија веќе два и пол часа се во Владата. Се чуваат во посебни простории, каде снимање не е дозволено. Инаку, од трката се откажа германската РВЕ, а на само еден час пред истекот на рокот претставници ...
Повик на граѓанска непослушност ако ЕСМ се продаде. Ова е денешната порака на „Гласот на светлината“ до Владата. По продажбата, цената на струјата ќе се покачи, а граѓаните нема да можат да си ги платат сметките. „Можно е по приватизацијата да дојде до изразување на граѓанско незадоволство од друг ...
„Јас не знам што би било тајна во тој договор, зошто не треба да знае јавноста“, изјави во интервјуто за А1 Михајло Маневски, претседател на Антикорупциската комисија. Г-дине Маневски, зошто одбивте да го разгледате договорот за продажба на ЕСМ? Во последниот ден кога се прибираат понудите до ...
Здружението на граѓани “Глас за светлина” денеска блокадите против приватизацијата на ЕСМ дистрибуција ги организира пред Владата на Република Македонија, дирекцијата на ЕСМ дистрибуција, како и на четири раскрсници во централното градско подрачје.
ДЕНЕСКА ЌЕ ПРИСТИГНАТ ПОНУДИТЕ ОД ЧЕТИРИТЕ КОМПАНИИ Четирите компании заинтересирани да ја купат "ЕСМ дистрибуција" до завчеравечер не му одговорија на министерот за економија Фатмир Бесими на барањето од купопродажниот договор за ЕСМ да се тргне клаузулата за доверливост.
КАКО МУТИРААТ ПАРТИСКИТЕ СТАВОВИ „Владата во последните два месеци од својот мандат сака да ја спроведе најкорумпирачката и политички најлоша активност во сферата на економијата - да го приватизира најголемото јавно претпријатие во земјава - Електростопанство на Македонија.
ПОМИНА РОКОТ ЗА ПОНУДИ ЗА ЕСМ Активисти од граѓанското здружение „Глас за светлина“ денеска ќе го парализираат центарот на Скопје и ќе се обидат да ги спречат четирите европски компании, потенцијални сопственици на ЕСМ, да достават понуди за купување на Дистрибуцијата.
Четирите странски компании-потенцијални купувачи на "ЕСМ дистрибуција" не дозволуваат Владата да ја објави пред јавноста содржината на купопродажниот договор за "ЕСМ-дистрибуција". Иако министерот за економија Фатмир Бесими најави дека јавноста ќе има увид во содржината на договорот, сепак, ...
Антикорупциската во трка со времето: договорот за продажба на ЕСМ ќе можат да го видат утре, на последниот ден од тендерот, кога фирмите треба да ги достават понудите за купување на ЕСМ. Како единствени луѓе во Македонија што ќе имаат шанса да видат што крие овој договор, велат дека веднаш ќе го ...
Купопродажниот договор за ЕСМ "Дистрибуција" се уште не стана јавен Досега ниту една од четирите компании не одговорила потврдно на владиното писмено барање за јавност на документот МАЈА ТОМИЌ Иако Владата планираше вчера да го стави на јавен увид купопродажниот договор за ЕСМ „Дистрибуција", тоа ...
Слободан СодиЌ Договорот за продажба на ЕСМ од вчера повторно е строго доверлив и недостапен за јавноста. Владата трет пат во последната недела сериозно го менува ставот за транспарентноста на спогодбата за купопродажба на најголемото државно претпријатие.
ПИШМАН ДРЖАВА Министер Фатмир Бесими вели дека јавниот увид во документот е невозможен бидејќи Владата со компаниите потпишала договор за тајност на податоци и купувачите не сакале да се дознаат нивните бизнис проекции. Најдоцна Владата се пишмани од намерата купопродажниот договор за "ЕСМ ...
ВЛАДАТА ПОПУШТИ ПОД ПРИТИСОКОТ НА КУПУВАЧИТЕ Мирче Котевски Владата се премисли и реши да го остави во тајност купопродажниот договор што се очекува задутре да го потпише со фирмите-кандидати за новите сопственици на ЕСМ-Дистрибуција.
Ден пред финалето на продажбата на ЕСМ. Воздржаност од сите страни. Владата не доби дозвола од компаниите да го покаже договорот, но си премолчи. И опозицијата без јавни настапи. Од Гласот на светлината мирни- барем до утрешниот како што го најавуваат пеколен ден.
ВЛАДАТА БАРА ДОЗВОЛА ЗА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ОД КУПУВАЧИТЕ Слободан Содиќ Купопродажниот договор за "ЕСМ дистрибуција" повторно е таен. Иако Министерството за економија најави дека од вчера сите заинтересирани можат да видат што пишува во овој документ, со кој државата го отуѓува највредното ...
ПРОТЕСТ Здружението на граѓани „Глас за светлина“ најави дека утре ќе ги продолжи активностите против продажбата на АД ЕСМ „Дистрибуција“, со блокада на Владата, на ЕСМ „Дистрибуција“ и на четири раскрсници во центарот на Скопје, информира вчера на прес-конференција портпаролот на здружението, ...
Купопродажниот договор за ЕСМ останува тајна. Јавниот увид засега е празно ветување на Владата. По еднонеделно тактизирање и конечно објавија- се повлекуваат од ветеното. Оправдувањето е притисок од странците кандидати за ЕСМ. Немале нивна дозвола. Купопродажниот договор за ЕСМ останува тајна.
Владата вчера не дозволи јавен увид во купопродажниот договор за "ЕСМ-дистрибуција" откако четирите компании што учествуваат на тендерот за продажба побарале документот да не се објавува. Според министерот за економија Фатмир Бесими, Владата одлучила засега да не ја објавува содржината на ...
Владата го сокри од јавноста изгледот на купопродажниот договор за Електростопанство. Иако најави дека денеска ќе биде достапен, во последен момент се откажа од таа намера. Се правда дека фирмите така барале, но што крие овој договор, дали по урнек на Телекомот и сега ќе се потпише документ чија ...
Најавената пеколна недела на „Гласот на светлината“ почнува во среда. Ќе се блокира целосно Владата, зградата на ЕСМ и четири раскрсници. Протестите се совпаѓаат со датумот кога ќе бидат предадени понудите за продажбата на ЕСМ.
Здружението на граѓани “Глас за светлина” денеска најави дека в среда ќе ги продолжи активностите против продажбата на АД ЕСМ Дистрибуција, со блокада на Владата, на ЕСМ дистрибуција и на четири крстосници во центарот на Скопје, информира на денешната прес-конференција портпаролот на здружението ...
ГЛАС НА СВЕТЛИНА Зградите на Владата и на „Електростопанство“ од среда 15 март, денот кога заинтересираните компании ќе ги достават понудите за купување на домашната дистрибуција повторно ќе бидат под опсада. Здружението „Глас за светлина“ најавува масовни протести и во наредните денови, а од 12 до ...
Од денес во Владата за сите заинтересирани Регистрирањето ќе се врши со валиден документ за идентификација, односно лична карта или пасош. Ниту едно лице не смее да преснимува, да прави копии, ниту препис од купопродажниот договор.
Владата денеска ќе го стави на увид купопродажниот договор за мнозинскиот пакет акции во "ЕСМ дистрибуција". Од Министерството за економија соопштуваат дека на секое заинтересирано правно или физичко лице ќе му биде овозможено во просториите на Владата да ја разгледа финалната верзија на ...