TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Употребата на албанското знаме ќе ја федерализира државата

Дневник - 23.06.2005

ВМРО-НАРОДНА ПАРТИЈА Решенијата што ги слушаме од власта за знамето на етничките заедници да биде со помали димензии и да се вее пониско од државното знаме ќе го урнат унитарниот карактер на државата. Таквите решенија се применети во САД и се одраз на нивното федералистичко уредување - изјави Јован ...

Повлекување на законот за симболите

Вечер Прес - 23.06.2005

ВМРО-Народна е против употребата на знаме на туѓа држава како знаме на албанската етничка заедница во Република Македонија. Од оваа партија вчера побара да се повлече законот за употреба на симболи на заедниците од собраниска процедура и да се изнајде соодветно решение.

Без консензус знамињата ќе останат проблем

Дневник - 22.06.2005

ЕКСПЕРТИТЕ предупредуваат Непожелно е предлог-законот за употреба на знамињата на етничките заедници да се донесе без поширок консензус на владејачките и опозициските партии, бидејќи, во спротивно, тој тешко ќе биде применлив во практиката, а со тоа проблемот ќе остане отворен, оценуваат експертите.

За знамето - до последниот здив

Време - 22.06.2005

ЗАКОНОТ ЗА СИМБОЛИТЕ ПРЕД СОБРАНИЕТО Рафиз Алити, координаторот на пратеничката група на владејачката ДУИ, вчера остана воздржан кога комисијата за политички систем во Собранието ја утврдуваше потребата за донесување закон за употреба на симболите.

ЗАКОНОТ ЗА ЗНАМИЊА НА СОБРАНИЕ

Канал5 - 22.06.2005

Законот за употребата на знамињата се најде како точка на дневниот ред на собраниската седница, но дебатата за него не се очекува да почне пред вторник. Се очекува да и претходи друга жешка расправа, за измените што се предлагаат во законот за внатрешни р Законот за употребата на знамињата се најде ...

Со 41 глас "за° и Бадентерово мнозинство, знамињата поминуваат

Утрински - 22.06.2005

Денеска во Собранието почнува расправата за употребата на симболите на етничките заедници Разногласието за знамињата во парламентарното мнозинство, несогласувањето за решенијата меѓу власта и опозицијата, поделеноста меѓу пратеничките групи по етничка основа, не се никаква пречка за да се обезбедат ...

Усвоено мислењето за донесување на законот за знамиња

А1 - 21.06.2005

Контроверзниот закон за употреба на знамињата на заедниците го помина и последниот тест пред собраниската расправа. Комитетот за односи меѓу заедниците му даде позитивно мислење, „за“ гласаа само членовите од владеачките СДСМ, ДУИ и ЛДП, „против“ беше опозицијата, воздржан Иван Стоиљковиќ од ДПСМ.

ЗАКОНОТ ЗА ЗНАМИЊАТА СЕПАК НЕМА ДА БИДЕ ПОВЛЕЧЕН

Канал5 - 21.06.2005

Владата не размислува да го повлече законот за знамињата и покрај воздржаноста и во редовите на коалиционерите ДУИ и ЛДП и жестоките критиките од македонската опозиција. Законот да биде прифатлив за сите побара денеска Рафиз кој гласаше воздржан Владата не размислува да го повлече законот за ...

И во СДСМ се противат на туѓи знамиња

Време - 21.06.2005

ЗАКОНОТ ЗА СИМБОЛИТЕ ВО КРИЗА Александра М. Митевска Не може да се повлече знак на равенство меѓу државното знаме и знамето на една етничка заедница. Етничкото знаме не може да биде идентично со знаме на друга држава, изјави Славица Станковска, пратеничка од СДСМ, која вчера присуствуваше на ...

Уште еден непослушен СДСМ-овец

Вест - 21.06.2005

МНОЗИНСТВОТО ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЗНАМИЊАТА СЕ НАМАЛУВА По пратеникот Тито Петковски, и Славица Станковска најави дека ќе гласа против законот за знамињата, ако не се измени СДСМ не е монолитна по законот за употреба на знамињата на етничките заедници.

СДСМ разединета за знамињата

Дневник - 21.06.2005

ВЛАДИНИОТ ПРЕДЛОГ БЕЗ ПОДДРШКА Владиниот предлог-закон за употреба на знамињата на етничките заедници ги разедини пратениците на владејачкото мнозинство и предизвика разногласие во пратеничките групи на СДСМ, ЛДП и на ДУИ. Разрешница се очекува на утрешната собраниска седница, на која ќе се знае ...

Пратениците на СДСМ не се единствени за знамињата

Утрински - 21.06.2005

Собрание Предлогот за донесување закон за употреба на симболите на етничките заедници, предвиден да се отвори на утрешното парламентарно заседание, најавува жешка дебата во законодавниот дом. Овој владин предлог на различни начини го оспоруваат не само пратениците од опозицијата туку и ...

Знамињата на етникумите треба да бидат различни од државните

Утрински - 21.06.2005

Македонско хералдичко здружение Македонското хералдичко здружение, кое е стручно тело од областа на уникатноста на симболите, вчера потенцираше дека официјално знаме на една држава може да биде само знамето на таа држава. Претседателот на Здружението, Јован Јоновски, на вчерашната прес-конференција ...

И хералдичарите против законот за знамиња

Дневник - 21.06.2005

НАУКАТА КОНТРА ВЛАДАТА Македонското хералдичко здружение (МХЗ) вчера се спротивстави на владиниот предлог за употреба на знамињата на етничките заедници и оцени дека со него се прекршуваат принципите на меѓународното право. - Според меѓународното право, официјално знаме на една држава може да биде ...

Албанците мора да го модификуваат знамето

Време - 21.06.2005

ХЕРАЛДИЧКО ЗДРУЖЕНИЕ Државното знаме на Република Албанија македонските Албанци законски може непречено да го употребуваат само за приватни потреби. За официјална употреба пред институциите на државава мора да се изврши модификација на државното знаме на Албанија, соопштија вчера членовите на ...

Само предлог за модифицирање на туѓите знамиња

Вечер Прес - 21.06.2005

Единственото македонско хералдичко здружение излезе со предлози, како би можеле етничките заедници да ги модифицираат знамињата на туѓите држави со кои се идентификуваат, за да можат тие да се употребуваат во Македонија без да се нарушат меѓународните стандарди.

Жолта лента би ја спасила ситуацијата?!

Вечер Прес - 21.06.2005

Жолта, жолто-црвена или жолто-црвена лента обрабена со бело, што би се додала на знамињата на туѓите држави со кои се идентификуваат етничките заедници во Македонија, е компромисот за употреба на знамињата, предложен од единственото стручно тело во областа на хералдиката кај нас, македонското ...

За законот за знамињата поделеност и во СДСМ

А1 - 20.06.2005

По ЛДП, и СДСМ за првпат покажа дека е разединета по прашањето на употребата на државното знаме на Албанија на територијата на РМ. Пратеничката на СДСМ, Станковска, најавува дека нема да го поддржи овој предлог закон. „Јас не можам да ставам знак на равенство помеѓу државното знаме и знамето на ...

Македонија има проблеми со државните симболи

А1 - 20.06.2005

15 години од осамостојувањето, Македонија сеуште го користи државниот грб од претходниот политички систем. Под притисок на Грција, Македонија веќе еднаш го смени државното знаме. Употребата на актуелниот симбол и химна не се почитуваат подеднакво од сите ентитети во државава и се бара нивна промена.