TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Им создадовме комплекс на Англичаните

А1 - 08.10.2006

Не сме се радувале на победа против Англија, но со второто реми во четвртата меѓусебна пресемтка со гордиот албион им создадовме комплес на ѕвездите од островот кои не можеа да не скршат и синоќа на „Олд Трафорд“. Нерешениот резултат без голови е прв неуспех на англиската фудбалска репрезентација ...

Англија - Македонија 0:0

А1 - 07.10.2006

Најдобрата Македонска фудбалска репрезентација одигра 0:0 со Англија на „Олд Трафорд“, во квалификациониот натпревар за пласман на европското првенство 2008. Полека се средуваат впечатоците и не е веќе случајно што од англија се враќаме со позитивен резултат, и не само тоа Македонија може да жали ...

Барем да се репризира Саутемптон 2002

Вест - 07.10.2006

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2008 - НАШАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕСКА И ГОСТУВА НА АНГЛИЈА Катанец: Меч како и секој друг. Трите бода и против Англија и против Андора имаат иста вредност. - Игор Митрески: Ќе се бориме, па ако и среќата малку не послужи, ремито нема да биде недостижно.

Во Манчестер Македонија сака реприза на Саутемптон

Утрински - 07.10.2006

„Олд трафорд" распродаден, а натпреварот (17.55ч) ќе го суди Германецот Маркус Мерк Од нашиот известувач ЕМИЛ КИТАНОВСКИ МАНЧЕСТЕР - Како да се повтори Саутемптон, има ли овој македонски тим наследници на Трајанов и Шакири, се само дел од прашањата на кои оваа саботната ноќ во дождливиот Манчестер ...

Чест е да се игра на „Олд трафорд“

Дневник - 07.10.2006

Без посебна помпа беа пречекани македонските репрезентативци пред втората средбата за еден месец со Гордиот Албион Во релаксирана атмосфера помина три и полчасовниот лет од Скопје до Манчестер, со кој најдобрите македонски фудбалери отпатуваа на Островот спроти денешниот квалификациски натпревар за ...

Македонија втор пат непоразена во Англија

Макфакс - 07.10.2006

Скопје/Манчестер Македонската фудбалска репрезентација остана непоразена против големиот фаворит Англија, одигрувајќи вечерва без голови на преполниот „Олд Трафорд“ во Манчестер. Пред рекордни за англиската репрезентација 74,000 гледачи, македонските репрезентативци одиграа храбро на натпреварот и ...

И реми рамно на успех

Вечер Прес - 07.10.2006

Селекторот Катанец и неговите избраници, иако знаат дека ги очекува вистински пекол, се осоколени и најавуваат офанзивна игра за поволен резултат, за што ќе треба и малку спортска среќа Македонските фудбалски репрезентативци на втората пресметка со Англија во групата "Е" од квалификациите за ЕП ...

Англија - Македонија пред 74,000 гледачи на „Олд Трафорд“

Макфакс - 07.10.2006

Скопје/Лондон, Повеќе од 1,000 македонски навивачи се очекува вечерва во Манчестер да ја бодрат Македонија на фудбалскиот меч против Англија во квалификациите за ЕВРО 2008. Според извештаите во англискиот печат, сите 74,000 билети за мечот на „Олд Трафорд“ (18,00 часот по македонско време) се ...

Ладен пречек на Македонските фудбалери во Манчестер

А1 - 06.10.2006

Македонските фудбалери допатуваа во Манчестер со желби и надежи дека ќе се повтори историскиот Саутемптон од октомрври пред четири години. На легендарниот Олд Трафорд силниот англиски состав во утрешниот квалификациски натпревар за европското првенство ќе го брани 100-процентниот ефект по првите ...

Храбро против фаворизираниот противник

Вест - 06.10.2006

Нашата фудбалска репрезентација утре игра против Англија Во релаксирана атмосфера нашата фудбалска репрезентација го дочекува утрешниот натпревар со Англија. Селекторот Сречко Катанец на претстојниот дуел му приоѓа како и на секој друг предходно.

Нашите фудбалери максимално мотивирани пред мечот на „Олд трафорд"

Утрински - 06.10.2006

Николоски: Не ми е важно дали на трибините има 5.000 или 75.000 гледачи, само посакувам да имам успешен ден Емил Китановски Како да се сопрат опасните англиски напаѓачи Вејн Руни и Питер Крауч, и како да се неутрализираат најдобрите организатори во играта на репрезентацијата на „Гордиот Албион" ...

Знаеме да им даваме голови на Англичаните

Дневник - 06.10.2006

Не сум во гол-форма, но сум многу поподготвен за беспоштедна борба пред голот на „Гордиот Албион“, порачува Горан Пандев Македонската фудбалска експедиција утрово заминува за Манчестер, на квалификациска пресметка за ЕП 2008 со фаворитот во Е групата, Англија.

Манчестер - втора шанса за Пандев

Вечер Прес - 06.10.2006

Моментно најдобриот фудбалер на "црвено-жолтите" посакува да го прекине голгетерскиот пост на Олд Трафорд Македонските фудбалски репрезентативци вчера го одработија последниот од планираните четири тренинзи за октомврискиот циклус натпревари во квалификациите за ЕП 2008.

Фудбалерите во позитивна атмосфера пред реваншот со Англија

А1 - 05.10.2006

Македонската фудбалска репрезентација во позитивна атмосфера ги затвори мини подоготвките во Скопје пред натпреварите во продолжението на квалификациите за идното европското првенство и гостувањата во Англија и во Андора. Пред реваншот со Англија останува уште само еден тренинг, но на театарот на ...

Роберт Попов ќе биде стартер

Време - 05.10.2006

РЕПРЕЗЕНТ РАЦИЈАТА ТРЕНИРАШЕ НА ЧАИР Роберт Попов, македонскиот фудбалски репрезентативец што по подолга пауза се врати во националниот дрес, веројатно ќе биде меѓу првите единаесетмина што задутре ќе истрчаат на „Олд трафорд“ во Манчестер, каде што Македонија ќе го игра квалификацискиот меч со ...

Шакири: Ќе бидам фит до сабота

Утрински - 05.10.2006

На веќе распродадениот „Олд трафорд" македонските фудбалери ги чека пекол од трибините Емил Китановски Првиот ден од мини подготовките на фудбалската репрезентација на Македонија помина во вообичаен ритам со исклучок на малата повреда на искусниот Артим Шакири кој го истегна мускулот на десната ...

Првиот бран на „Олд Трафорд“ најжежок

Дневник - 05.10.2006

Ако се одбраниме во првите 20 минути, ќе биде полесно, нервозата ќе се пресели во редовите на домаќинот, кој по секоја цена ќе брка победа, вели Николче Новески Македонската репрезентација во полн состав се подготвува за фудбалска „војна“ на „Олд трафорд“ во Манчестер в сабота (18 ч.

Новески: Знаеме да играме со глава

Вечер Прес - 05.10.2006

Не не загрижува тоа што англиските репрезентативци сакаат да играат со нафрлени топки, бидејќи и ние сме високи, па ќе можеме да се справиме, вели дефанзивецот на германскиот Мајнц Македонскиот селектор Сречко Катанец на вчерашниот претпладневен тренинг во Чаир ги имаше на број сите повикани 21 ...

Катанец - тренер-чудак или вонсериски стручњак

Време - 04.10.2006

ПОЗАЈМЕНО ОД „ГАРДИЈАН“ Многумина се надеваат на малку повеќе од познатата изрека „ти си тренер-чудак, а беше и играч-чудак“. Среќко Катанец сигурно заслужува многу повеќе, но тој признава дека ако не направи нешто за паметење со Македонија, тој ќе биде „заглавен“ во таа изрека.

Ќе биде многу потешко од Скопје

Време - 04.10.2006

МАКЕДОНИЈА ГИ ПОЧНА ПОДГОТОВКИТЕ ЗА СРЕДБИТЕ СО АНГЛИЈА И СО АНДОРА Златко Крстевски Позната реторика, старо-нови изјави, слични ставови и не многу бомбастични изјави станаа редовна практика на македонскиот фудбалски селектор Среќко Катанец.

Катанец: Ќе играме отворено и на "Олд Трафорд"

Вест - 04.10.2006

СТАРТУВАА ПОДГОТОВКИТЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА МЕЧЕВИТЕ СО АНГЛИЈА И СО АНДОРА Нешто слично како и на првиот натпревар на "Градски", нашата фудбалска репрезентација со отворена игра ќе му се спротивстави на домаќинот Англија, меч што ќе се одигра в сабота во Манчестер.

Катанец: Во Англија ќе се обидеме први да постигнеме гол

Утрински - 04.10.2006

Македонскиот селектор смета дека минимален пораз од 1:0 не е ништо поразличен од убедлив 5:0 Емил Китановски Фудбалската репрезентација на Македонија со првата прозивка во хотелот „Александар Палас" вчера во Скопје ги започна мини подготовките пред двете квалификациски средби со селекциите на ...

Катанец: Среќата нема да не' одмине вторпат

Дневник - 04.10.2006

Обврска на „црвено-жолтите“ ќе им биде да одиграат добро, без разлика на спротивните улоги што ќе им припаднат на двете квалификациски средби, се изјасни македонскиот селектор Катанец Како ќе се сврти тркалото на среќата не можам да предвидам, но наша обврска е да одиграме добри фудбалски претстави ...

Аутсајдери и фаворити

Вечер Прес - 04.10.2006

На саботната средба со Англија во Манчестер домаќинот е во предност, против Андора сме фаворити на хартија, но селекторот Катанец посакува што е можно повеќе бодови од двата дуела Најдобрите фудбалери на Македонија во октомврискиот циклус од квалификациите за ЕП 2008 ја очекуваат две мошне важни ...

Фудбалската репрезентација пред два квалификациони натпревари

А1 - 03.10.2006

Македонската фудбалска репрезентација во врзаниот термин, на седми и празнично на 11 октомври ја очекуваат два комплетно различни противника во квалификациите за пласман на европското првенство во Шпанија следната година. Веќе в сабота нашите фудбалери ќе ја почувствуваат тревата на театарот на ...

Започна „операцијата Англија"

Утрински - 03.10.2006

На репрезентативците последни ќе им се приклучат Тасевски, Пачовски и Ристиќ Емил Китановски „Операцијата Англија" за фудбалерите на македонската репрезентација започна вчера кога во главниот град почнаа да пристигнуваат играчите кои се најдоа во бележникот на селекторот Среќко Катанец.

На првиот тренинг само без Тасевски

Вест - 02.10.2006

УТРЕ ПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ НА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА ЗА МЕЧЕВИТЕ СО АНГЛИЈА И СО АНДОРА Со исклучок на Дарко Тасевски, кој поради денешниот првенствен меч на Металург од Запорожје со Иличивец, ќе пристигне утре во вечерните часови, селекторот на нашата фудбалска репрезентација, Сречко Катанец, на првиот ...

Само Тасевски ќе доцни еден ден

Дневник - 02.10.2006

Поради обврски кон својот клуб и лошите врски со Скопје, играчот на украинскиот Металурх од Запорожје пријави еднодневно задоцнување Интернационалецот Дарко Тасевски (22 години), играч на украинскиот Металурх од Запорожје, нема да пристигне навреме за утрешната прозивка на македонските фудбалски ...