TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Македонија ги почна подготовките за натпреварот со Андора

А1 - 14.10.2007

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги почна кратките подготовки за претстојниот Евроквалификациски натпревар со Андора, што ќе се одигра в среда во Скопје. На собирот во базата во Александар Палас и на првиот тренинг на стадионот Чаир се појавија сите играчи што ги повика селекторот ...

Македонија - Андора за почесна победа на Градски

А1 - 13.10.2007

Македонската фудбалска селекција ќе го прескокне денешниот европски термин за квалификациски дуели. Ние сме на ред в среда кога на Градски ќе ги лечиме скорешните „Естонски рани“, против Андора, која во октомври но пред три години си направи историја и не порази.

Милошевски на местото на Георгиевски

Утрински - 12.10.2007

Голманот на скопски Вардар Јорде Георгиевски е новото име во составот на селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија Среќко Катанец, откако првиот голман на нашиот тим искусниот Петар Милошевски побара да биде ослободен од обврските за мечот со селекцијата на Андора поради семејни ...

Георгиевски место Милошевски на голот

Вест - 12.10.2007

НОВ ИГРАЧ ВО ФУДБАЛСКАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА На неколку дена до почетокот на подготовките на нашата фудбалска репрезентација за квалификацискиот натпревар со Андора, селекторот Сречко Катанец остана без услугите на својот прв голман Петар Милошевски.

Милошевски откажа поради бебето

Вечер Прес - 12.10.2007

Сопругата на искусниот репрезентативец деновиве треба да се породи, па на негово место е повикан вардаровиот чувар на голот Јорде Георгиевски Нареднава недела фудбалерите на две македонски селекции ги очекуваат мошне важни натпревари во квалификациите за ЕП.

Милошевски го откажа настапот со Андора

А1 - 10.10.2007

Од нашиот репрезентативен фудбалски табор, првиот голман на националната селекција Петар Милошевски поради семејни причини го откажа настапот на претстојниот евро-квалификациски натпревар со Андора. На негово место, селекторот Среќко Катанец денеска веднаш го повика чуварот на мрежата на Вардар, ...