По најавата на МВР дека ќе го смени обезбедувањето пред странските дипломатски претставништва МВР планира да ги повлече полициските стражарници и физичкото обезбедување пред странските амбасади и пред другите дипломатски претставништва во државава.
Министерството за внатрешни работи планира во најскоро време да ги повлече полициските стражарници од пред амбасадите и да воведе нов начин на обезбедување, што предизвикало паника и страв кај странските дипломати во Скопје, дознава А1.