TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Груевски „Формирањето на ВМРО-Народна, обид за разнебитување на ДПМНЕ“

А1 - 04.07.2004

Формирањето на ВМРО-Народна партија не претставува ништо друго туку остварување на лични цели и е во правец на разнебитување на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да ги изгуби локалните избори, рече денеска лидерот на најголемата опозициска партија Никола Груевски.

Стојан Андов по четврти пат избран за лидер на ЛП

А1 - 04.07.2004

На осмиот партиски конгрес, денеска во Охрид Стојан Андов по четврти пат е избран за лидер на Либералната партија. Конгресот помина без гости од актуелните партии од власта, и без ниту еден претставник од коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ, кои не биле официјално поканети поради кризата во партијата.

Група членови на ВМРО-ДПМНЕ ја формираа ВМРО - Народна

А1 - 04.07.2004

Новата партија ВМРО-Народна, зад која стои екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Георгиевски, денеска одржа тајно основачко собрание. Во Македонскиот народен театар присуствувале околу 500 членови на ВМРО-ДПМНЕ, поголемиот дел анонимни за јавноста. Меѓу нив не бил Љубчо Георгиевски.

Георгиевски останува во ВМРО-ДПМНЕ најмалку до локалните избори

А1 - 03.07.2004

Љубчо Георгиевски останува во ВМРО-ДПМНЕ најмалку до локалните избори, со надеж дека со своите паралелни листи ќе има подобар учинок од Никола Груевски и ќе докаже дека има поголема подршка, што би требало да повлече оставка од лидерот на партијата, дознава А1.

Новата ВМРО на Георгиевски ќе се вика „народна“ или „обединета“

Време - 03.07.2004

ВМРО-ДПМНЕ ПРЕД УШТЕ ЕДНО РАСЛОЈУВАЊЕ ВМРО-народна или ВМРО-обединета ќе биде име на новата партија што ќе се изроди од војната во ВМРО-ДПМНЕ во која, актуелниот претседател Никола Груевски, дефинитивно ја презеде контролата врз партијата и на приврзаниците на неговиот претходник Љубчо Георгиевски ...

Георгиевски ќе формира ВМРО-Народна

Утрински - 03.07.2004

По неуспешниот обид да го смени Груевски и да се врати на кормилото на ВМРО-ДПМНЕ, бившиот лидер се одлучи за нова партија Поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Георгиевски, ќе формира нова партија, откако не успеа да се врати на кормилото на својата матична партија.

Георгиевски формира партија ВМРО-народна

Дневник - 03.07.2004

ДЕФИНИТИВЕН РАСЦЕП меЃу лидерите ВМРО-народна партија ќе биде името на новата политичка партија што ќе ја основаат релативно анонимни приврзаници на Љубчо Георгиевски, најверојатно, уште во текот на овој викенд, дознава "Дневник" од партиски извори.

Mладите сили на ДПМНЕ ќе поведат дисциплинска постапка против Груевски

А1 - 02.07.2004

Раководството на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, лојално на Љубчо Георгиевски, ќе поведе дисциплинска постапка против лидерот Никола Груевски поради неговите намери да изврши упад во оваа организација, притоа грубо кршејќи го партискиот статутот.

Андов ќе ќари уште еден мандат

Време - 02.07.2004

ЛИБЕРАЛНАТА ПАРТИЈА ПРЕД КОНГРЕС Лидерот на Либералната партија Стојан Андов засега е единствен кандидат за уште еден претседателски мандат во партијата, кој, најверојатно ќе му биде доверен на партискиот конгрес закажан за в недела, во Охрид.

Љубчо Георгиевски прави нова партија

Време - 02.07.2004

ГРУЕВСКИ НЕ ПРИФАТИ ВОНРЕДЕН КОНГРЕС Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој, по последните разрешувања, сега е под целосна контрола на партискиот лидер Никола Груевски, прексиноќа дефинитивно го одби барањето за свикување вонреден конгрес.

Груевски го отфрли ултиматумот за вонреден конгрес

Утрински - 02.07.2004

Нови тензии во ВМРО-ДПМНЕ ги намалуваат шансите за компромис Груевски им порачува на љупчовистите "да ги смират страстите", а тие одговараат "нема шанси за помирување" Соња Крамарска Работите во ВМРО-ДПМНЕ повторно се усложнија откако Централниот комитет под раководство на Никола Груевски завчера ...

Никола Груевски како Нерон

Дневник - 02.07.2004

ЉУБЧОВИСТИТЕ СО ОЦЕНКА ЗА ЛИДЕРОТ НА ВМРО-ДПМНЕ Приврзаниците на Љубчо Георгиевски вчера го обвинија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски дека се однесува како римскиот цар Нерон оти подметнува пожар во партијата со грубо кршење на Статутот.

Вмро - Народна името на партијата што планира да ја формира Љубчо Георгиевски, дознава Канал 5

Канал5 - 02.07.2004

Вмро - Народна најверојатно ќе биде името на партијата што планира да ја формира Љубчо Георгиевски, дознава Канал 5.. Нашите извори велат дека статутот на новата партија е речиси готов и се чека погоден момент за нејзина судска регистрација..

„Љубчовистите“ не се откажуваат од вонреден конгрес

А1 - 01.07.2004

За приврзаниците на Љубчо Георгиевски, вчерашната одлука на Централниот комитет за отфрлување на иницијативата за свикување вонреден конгрес за смена на лидерот Никола Груевски не е обврзувачка, а кога и како ќе го свикаат конгресот, Георгиевски и своите соработници ќе решат во наредниве два дена.

Груевски на отчет пред Централниот комитет

Време - 01.07.2004

ЉУБЧОВИСТИТЕ ПОВТОРНО ЗАТЕКНАТИ Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за синоќа го свика Централниот комитет на партијата, како одговор на ултиматумот што приврзаниците на неговиот претходник Љубчо Георгиевски му го дадоа пред десет дена.

Поширокото членство бара средба меѓу Георгиевски и Груевски

Утрински - 01.07.2004

Вчера истече рокот што му го дадоа љупчовистите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Наместо вонреден конгрес, Груевски го свика Централниот комитет на партијата Ситуацијата во ВМРО-ДПМНЕ сў уште не се смирува. Вчерашниот ден беше последен од десетдневниот рок што го доби Груевски од љупчовистите да свика ...

Груевски и Георгиевски ќе се смират, Ганка ќе лета?!

Дневник - 01.07.2004

ОБИД ЗА РАЗВРСКА НА КРИЗАТА ВО ВМРО-ДПМНЕ Ако успее планот, нема да има вонреден конгрес за смена на Груевски, а љубчовистите ќе се вратат во Извршниот комитет Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и поранешниот претседател на партијата Љубчо Георгиевски се пред политичко помирување, компромис кој ...

ВМРО ДПМНЕ по вчерашната седница на ЦК

Канал5 - 01.07.2004

Се надевавме дека нема да се осмелат да одат до таму и да ја сменат статутарната комисија, истакна Ѓорѓи Трендафилов во име на љупчовистите, изненадени по вчерашната седница на ЦК на ВМРО ДПМНЕ. Груевски за нив игра со манири на римскиот цар Нерон.

ЦК на ДПМНЕ го одби барањето за свикување вонреден конгес

А1 - 30.06.2004

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, сега под целосна контрола на лидерот Никола Груевски вечерва дефинитивно го одби барањето, односно ултиматумот на приврзаниците на Љубчо Георгиевски за итно свикување на Вонреден конгрес. „Се разгледа иницијативата поднесена од пратеникот Ѓорѓи Трендафилов за ...

Груевски ги сиктероса Трендафилов, Којзеклиска и Љубе Бошкоски

Утрински - 30.06.2004

Љупчовистите обвинуваат за тајни кадровски чистки во ВМРО-ДПМНЕ Додека едната страна тврди дека се прават чистки без пардон, другата страна вели дека ја консолидира партијата По краткотрајно затишје, вчера се огласи една од "завојуваните" страни во ВМРО-ДПМНЕ со обвинување до другата страна дека ...

Љубчовистите го обвинуваат лидерот Груевски за партиска сеча

Дневник - 30.06.2004

НОВИ ЗАОСТРУВАЊА ВО ВМРО-ДПМНЕ Сменети се лица што работат против консолидацијата на партијата и спротивно на партиските одлуки, изјавија вчера во раководството на партијата Приврзаниците на Љубчо Георгиевски во ВМРО-ДПМНЕ вчера го обвинија партискиот лидер Никола Груевски дека врши тајни смени во ...

Љубчовистите велат, конгрес ќе има прашање е само на време

А1 - 29.06.2004

Приврзаниците на Љубчо Георгиевски до крајот на оваа недела треба да решат кога и на кој начин ќе го свикаат Вонредниот конгрес за смена на лидерот Никола Груевски, откако тој не потклекна на притисокот на партиските делегати и на ултиматумот тоа да го стори до утре.

Груевски го игнорира барањето на љупчовистите за вонреден конгрес

Утрински - 29.06.2004

Кризата во ВМРО-ДПМНЕ се продлабочува. Различно толкување на Статутот на партијата Според нашиот Статут, вонреден конгрес може да свика лидерот на партијата по барање на Централниот комитет", изјави Кедев, додавајќи дека им е поминат мандатот на делегатите од ланскиот мајски конгрес Груевски го ...

Андов прави бај-пас помеѓу Груевски и Георгиевски

Дневник - 29.06.2004

НОВ МЕДИЈАТОР ВО ВМРО-ДПМНЕ Лидерот на либералите апелирал спротивставените страни да го надминат конфликтот за доброто на опозицијата Лидерот на Либерална партија Стојан Андов посредувал помеѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговиот опонент Љубчо Георгиевски со цел да запре нивниот ...

ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН ВО МИСИЈА ДА ГИ СМИРИ ГРУЕВСКИ И ГЕОРГИЕВСКИ

Канал5 - 29.06.2004

Поглаварот на Mакедонската Православна Црква Господин Господин Стефан се обидел да ги помири Георгиевски и Груевски.. Безуспешно, дознава Канал 5.. Архиепископот, во желбата за помирување, бил поддржан од еден моќен бизнисмен кој има амбиции за г Поглаварот на Mакедонската Православна Црква ...

Статутарна комисија: Љубчовистите одат на вонреден конгрес

Време - 28.06.2004

НА ГРУЕВСКИ МУ ИСТЕЧЕ РОКОТ Рокот за свикување вонреден конгрес за смена на партиското раководство што делегатите од минатогодишниот конгрес кои го поддржуваат Љубчо Георгиевски му го дадоа на партискиот лидер Никола Груевски, истекува денеска.

Љубчовистите одат на конгрес

Дневник - 28.06.2004

УЛТИМАТУМОТ ДО ГРУЕВСКИ ИСТЕКУВА Статутарната комисија заклучи дека делегатите од охридскиот конгрес имаат мандат до новиот конгрес, вели пратеникот Ѓорѓи Трендафилов Приврзаниците на Љубчо Георгиевски неделава треба да решат дали самоиницијативно ќе свикаат вонреден конгрес на партијата на кој ...

Вo среда истекува ултиматумот што љубчовистите му го упатија на лидерот Никола Груевски

Канал5 - 28.06.2004

Вo среда истекува ултиматумот што љубчовистите му го упатија на лидерот Никола Груевски за организирање вонреден партиски конгрес.. Извесно е дека за два дена нема да се смени повеќепати искажани ставот на раководството на партијата - ,, пред локалнит Вo среда истекува ултиматумот што љубчовистите ...