TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нема кој да ги води струшките советници

Време - 16.04.2005

ПО КОНСТИТУИРАЊЕТО НА СОВЕТОТ И по конституирањето на Советот на општината Струга нема кој да ги води струшките советници. Местото за идниот претседавач засега ќе остане празно поради неуспех на преговорите меѓу општинските организации на ДУИ и на СДСМ.

Костовски олеснувач во пазарењата

Дневник - 16.04.2005

РАЗНОГЛАСИЕ ВО СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ Градоначалникот Трифун Костовски ќе мора да помогне за да се избере претседавач на Советот на град Скопје и за да се надминат спорните ситуации создадени при неговото конституирање. Игор Гиевски, советник од ВМРО-народна, очекува викендов или најдоцна во ...

Костовски ќе предложи в.д. директори!?

Вечер Прес - 16.04.2005

Коалицијата "За подобра Македонија" и Демократската алтернатива ги прекинаа преговорите за избор на претседавач на собранието во Скопје и поделбата на директорските места во јавните претпријатија. Во текот на вчерашниот ден не беше постигната согласност околу изборот на претседавач на советот за ...

Советникот од група избирачи ќе пресуди за мнозинството

Време - 15.04.2005

СОВЕТ НА ОПШТИНАТА КИЧЕВО Според распоредот на силите во Советот на општината Кичево, сигурно е дека за мнозинството ќе одлучува Љупче Петрески Шеќерко, советникот избран од група избирачи. Советот на Кичево има 19 члена. ВМРО-ДПМНЕ има шест советници, ВМРО-НП три, СДСМ пет, ДУИ четири и еден ...

ДА и Лигата за демократија имаат свој претседавач

Вест - 15.04.2005

РАСИПАНА МАТЕМАТИКАТА НА ВМРО - ДПМНЕ ЗА СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ Советниците не го избраа претседателот на Советот бидејќи плановите на ВМРО - ДПМНЕ ги поматиле Лигата за демократија и ДА кои за свој кандидат за претседавач го предлагаат Благоја Чоревски Новиот состав на Советот на Скопје вчера ја одржа ...

СДСМ се надева на реформираните комунисти

Време - 15.04.2005

ВО КУМАНОВО Партијата на реформираните комунисти, која освои три советнички места во Куманово, ќе биде одлучувачка дали СДСМ и ДУИ ќе го имаат мнозинството во 33-члениот совет. Коалицијата „Заедно“ во Куманово има 10 советници, ама договарањето за мнозинство не оди лесно, бидејќи само четворица од ...

Партиите си ги крадат советниците

Време - 15.04.2005

ВО ЧЕШИНОВО - ОБЛЕШЕВО Во општината Чешиново-Облешево мнозинството успеа да го формира тричлената советничка група ВМРО-НП со помош на по еден советник од коалициите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Советничката група на коалицијата „Заедно“ има три члена од кои еден од редовите на ЛДП се здружил со ...

Малите диригираат

Време - 15.04.2005

ПАРТИИТЕ ВО СКОПСКИТЕ СОВЕТИ ВО ТЕСНО Александра М. Митевска Речиси сите нови совети во скопските општини се соочуваат со проблеми при формирање на мнозинството, главно поради нерешениот резултат на советничките листи на двете најголеми коалиции - на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.

Марјановиќ и Циле решаваат за мнозинството

Време - 15.04.2005

КОНСТИТУИРАН СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ Диана Младеновска Новоизбраните скопски советници вчера го конституираа Советот на Скопје, но го одолжија изборот на претседавач, зашто не можеа да се договорат на која партија треба да и припадне тоа место.

Во сите советници гледам идни соработници

Утрински - 15.04.2005

Костовски "Во сите членови на Советот гледам само мои идни соработници, независно од нивната партиска или етничка припадностти, вели Трифун Костовски во интервјуто за Радио Слободна Европа во пресрет на конституирањето на Советот на Град Скопје. "Составот на Советот е избран директно од граѓаните.

Советот на Скопје го чека Костовски да го пресече Гордиевиот јазол

Утрински - 15.04.2005

Обидите на политичките партии да се договорат и да обезбедат мнозинство за избор на претседател пропаднаа Советот на Скопје вчера ја одржа конститутивната седница и ги верификува мандатите на 42 члена од вкупно 45, меѓутоа го одложи изборот на функционерот кој ќе ги закажува и ќе ги води ...

Скопскиот "парламент" остана без претседател

Дневник - 15.04.2005

СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ СЕ КОНСТИТУИРАШЕ Советот на Град Скопје се конституираше, но не доби претседател, бидејќи не е постигнат договор помеѓу партиите од коалицијата "За подобра Македонија", ВМРО-народна, Демократска алтернатива, Лигата за демократија и ДПА.

Претседавач на Советот - на наредната седница

Вечер Прес - 15.04.2005

Советниците на Град Скопје, чиј мандат беше верифициран на вчерашната конститутивна седница, одлучија изборот на претседавач да се изврши на наредната средба, а тогаш се очекува и присуство на новиот градоначалник Трифун Костовски, кој деновиве треба и официјално да добие потврда за својата ...

Советниците не избраа нов претседавач на Советот на град Скопје

А1 - 14.04.2005

Советниците денеска не избраа нов претседавач на Советот на град Скопје, откако опозиционите партии, иако имаат освоено мнозинство советници, не успеаа да се договорат кого да поддржат. Тие денеска побараа изборот да се одложи се додека Костовски не се врати во државата и да ги заврши преговорите ...

Костовски брза да го освои советничкото мнозинство

Време - 14.04.2005

ОТКАКО ПАРТИИТЕ НЕ УСПЕАЈА ДА СЕ ДОГОВОРАТ Новоизбраниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, деновиве интензивно лобира меѓу партиите од опозицијата заради составување мнозинство во советот на Скопје, чија конститутивна седница е закажана за денеска.

Разрешени управните одбори

Време - 14.04.2005

Битола Новиот совет на Битола на вчерашната конститутивна седница ги разреши управните и надзорните одбори на четирите јавни претпријатија во градот. Поради тоа советниците од СДСМ и ЛДП ја напуштија седницата, со образложение дека е незаконска одлуката на мнозинството во Советот, кој го ...

Прва седница на Советот на Град Скопје

Вест - 14.04.2005

За денес е закажана првата, конститутивна седница на Советот на Град Скопје. Денес треба да се избере претседател на Советот, да се изберат претседател и челнови на Кандидационата комисија, да се изберат претседател и членови на Верификационата комисија на Советот и да се верифицираат мандатите на ...

Тројца кандидти во игра за шеф на Советот на Скопје

Утрински - 14.04.2005

Политичките партии кои застанаа зад Трифун Костовски не можат да се договорат кој ќе раководи со градскиот парламент Претенденти за претседавачкото место во Градскиот совет се: Трајко Славевски од ВМРО-ДПМНЕ, Мевљан Таири од ДПА - ПДП и Благоја Чоревски од ДА КАТИЦА ЧАНГОВА Политичките партии кои ...

Поделбата на пленот ги скара победниците

Дневник - 14.04.2005

се КОНСТИТУира СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ Новиот Совет на град Скопје денеска ќе се конституира, но неизвесно е дали ќе се избере претседавач. И покрај преговорите помеѓу Коалицијата "За Македонија подобро", ВМРО-народна, ДПА, Демократска алтернатива и Лигата за демократија, вчера не беше постигнат договор.

Ѓорѓи Марјановиќ контра Трајко Славески

Вечер Прес - 14.04.2005

Конституирањето на Советот на Град Скопје, кое беше најавено за денеска, е доведено во прашање поради разликите меѓу здружената опозиција и "коалицијата на центарот" составена од Лигата за демократија и Демократската алтернатива околу изборот на претседавач на Советот.

Мaли шанси да се избере претседател на Советот на Скопје

А1 - 13.04.2005

Минимални се шансите утре да се избере новиот претседател на Советот на Скопје откако пропадна последниот обид опозиционите партии пред утрешната конститутивна седница да се договорат и да обезбедат мнозинство во Советот наспроти власта.

На власта и бега мнозинството, опозицијата не може да се здружи

Време - 13.04.2005

СОВЕТОТ НА СКОПЈЕ ПРЕД БЛОКАДА Александра М. Митевска Новиот совет на Скопје од самиот почеток може да се соочи со блокада во работењето доколку опозициските партии не успеат да формираат мнозинство, оценуваат извори од советничките групи.

На ДУИ и недостигаат гласови во Советот

Време - 13.04.2005

СТРУГА Конститутивната седница на Советот на општината Струга, закажана за вчера, се одложи зашто Демократската унија за интеграција, која има најмногу советници, не можеше да состави мнозинство на советот и побара време за дополнителни консултации со другите партии.

Верифицирани советници, претседател- наредната недела

Вечер Прес - 13.04.2005

Новоформираната Општина Аеродром вчера ја одржа својата конститутивна седница на која беа верифицирани мандатите на членовите на Советот врз основа на уверенијата за нивниот избор. Со седницата, на која советниците можеа и официјално да се запознаат меѓу себе, раководеше најстариот член на Советот ...

Многу кандидати за претседавач

Вечер Прес - 13.04.2005

За денеска, во Битола е закажана конститутивната седница на новоизбраниот Совет (31 член). За таа цел советниците ги примија решенијата и се очекува нивно "сместување" во работни тела и комисии. Се чини, по тие прашања ќе нема разидувања, меѓутоа според распоредот на партиските советници, неизвесно ...