TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Интернетот единствен прозорец кон ЕУ

Дневник - 20.11.2008

Интернетот единствен прозорец кон ЕУ. Македонските ученици знаат за ЕУ само од интернет и од книги, но тоа не треба да биде така. Недостигаат директни контакти, истакна вчера вицепремиерот Ивица Боцевски на дебатата во Инфо-центарот на ЕУ во Скопје.

Следните избори тест за Македонија

Дневник - 19.11.2008

Следните избори тест за Македонија. Следните избори се тест за Македонија да покаже дека има капацитет да одржи слободни, фер и демократски избори, кои народот и меѓународната заедница ќе ги оценат како правични и добри, истакна евроамбасадорот Ерван Фуере, по вчерашната средба во Тетово со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.

Наредните избори пресудни за ЕУ

Утрински - 19.11.2008

Наредните избори пресудни за ЕУ. ТЕТОВО - „Побарав од лидерот на ДПА, Мендух Тачи, да се елиминираат сите недостатоци што беа манифестирани на вонредните парламентарни избори, да се обезбедат најдобри услови, да се избегнат нерегуларностите и насилствата, што се' заедно претставува клучен тест за Македонија“.

90 отсто од македонците се за влез во ЕУ

Сител - 19.11.2008

Информирани и инволвирани во сите чекори кои Унијата ги презема, само вака ќе се зголеми улогата на граѓаните како активни градители, рече евроамбасадорот Ерван Фуере. Тој истакна дека поддршката на македонските граѓани за влез во ЕУ е многу голема, но посочи дека треба да се зголеми нивната активна улога во креирањето на државната политика и нејзино усогласување со европското законодавство.

Фуере и Тачи се за избори без инциденти

Н.Македонија - 19.11.2008

Изборите во март и евроинтегративните процеси на Македонија беа темите на разговор меѓу евроамбасадорот Ерван Фуере и раководството на ДПА, во партиското седиште во Тетово. За идните избори како клучен тест за Македонија, Фуере разговараше и со другите партии, а насоката на европретставниците е да се создаде подготвителен период со крајна цел подобри избори.

Меѓународната заедница очекува фер избори

А1 - 18.11.2008

Во пресрет на пролетните локални и претседателски избори меѓународната заедница со предупредување дека само фер и демократски избори, ќе ја вратат Македонија на патот кон НАТО и ЕУ. Ова е пораката што денеска амбасадорот на САД Филип Рикер и евроамбасадорот Ерван Фуере, им ја пренесуваат на дел од политичките лидери.

Рикер и Фуере се воздржани за тужбата против Грција

Алфа - 18.11.2008

Амбасадорите на САД и ЕУ во Македонија, денеска со дипломатски изјави за одлуката на владата да ја тужи Грција пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг. И двајцата упатуваат на продолжување на преговорите. „САД го поддржуваат процесот на преговори во насока на изнаоѓање на решение.

Каде оди Македонија?

BBC - 17.11.2008

Македонските политичари, експертите и невладиниот сектор, денеска во Скопје анализираа во кој правец треба да работи државата по последниот извештај на Европската комисија. Нерегуларностите на последните избори треба да бидат фокус на институциите за изборите следната година, порача амбасадорот на Европската унија во Македонија, Ерван Фуере.

Евроамбасадорот Фуере добитник на наградата од AIESEC

Алсат-М - 17.11.2008

На евроамбасадорот Ерван Фуере денеска во Скопје му беше врачена најпрестижната награда на невладината организација AIESEC. Наградата му се доделува за неговиот личен придонес кон работата на оваа организација. Досега наградата се доделуваше на сегашни или поранешни членови на AIESEC, но годинава е прекршена традицијата и му се доделува на евроамбасадорот Фуере за неговата несебична поддршка.

Каде одиш Македонијо?

Канал5 - 17.11.2008

Пораката упатена до Владата е во следните месеци да работи на исполнување на забелешките од извештајот, за земјава да може да се надева на препорака за датум за преговори на Советот на ЕУ во јуни до година. Претставникот на Унијата во земјава, Ерван Фуере очекува од Владата во најскоро време да усвои план за реализација на забелешките.

Фуере задоволен од прифаќањето на извештајот

Форум - 17.11.2008

Ние сме поттикнати и охрабрени од начинот на кој Владата го прифати овој извештај како еден „израз во огледало“, изјави евроамбасадорот Ерван Фуере на денешната конференција „Quo Vadıs, Македонијо?“ во организација на Институтот Отворено Општество Македонија и Меѓународниот центар за европска обука.

Евроамбасадорот Фуере добитник на наградата од AIESEC

Кирилица - 17.11.2008

Евроамбасадорот Фуере, заблагодарувајќи се за наградата, рече дека таа за него претставува особена чест и оти во неговата дипломатска кариера честопати се сретнувал и соработувал со AIESEC и секогаш бил воодушевен од нивниот пристап кон вршењето на работите.