Одговорот на САД на терористичките напади ќе биде "траен и далекусежен", изјави претседателот Џорџ Буш во рамките на консултациите во Кемп Дејвид. Тој за прв пат го посочи Осама Бин Ладен, кој се крие во Авганистан, како главен осомничен.
САД и денеска продолжија со подготвувањето на масивен воен одговор на терористичките напади на Њујорк и Пентагон, и покрај демантите на главниот осомничен, Осама Бин Ладен дека е поврзан на каков бил начин со нив. Американскиот претседател Џорџ Буш се сретна со своите советници за безбедносни ...
5.124 лицата, засега, се сметаат за исчезнати, а 165 се пронајдени досега во незапаметениот терористички напад врз кулите „Близначки“ на Светскиот трговски центар, како и врз зградата на Пентагон во Вашингтон. Официјалните лица засега одбегнуваат да го прогнозираат трагичниот биланс од ...
Талибанската Влада во Кабул денеска им нареди на сите странци кои престојуваат во земјата да го напуштат Авганистан, поради можниот воен напад на САД. Министерството за надворешни работи во Кабул издаде соопштение во кое се наведува дека ако соседите дозволат да се користи нивното копно или ...
"Во војна сме", изјави претседателот Џорџ Буш, по состанокот со советниците во воената база Кемп Дејвид, на кој е разговарано за можниот воен одговор на САД против виновниците за нападите и против нивните поддржувачи. "Сите Американци со униформа треба да бидат подготвени", порача Буш, додавајќи ...
ФРАНКФУРТ (Ројтерс) - Германскиот најекстравагантен Интернет мултимилијардер Ким Шмиц понудил 10 милиони долари за било какви информации што би помогнале за фаќањето на Осама бин Ладен. Шмиц, кој порано бил хакер и се појавува по таблоидите фотографиран во бесни автомобили и со разголени женски, ...
Конгресот усвои закон со кој 40 милијарди долари ќе се вложат за борба против тероризмот и за закрепнување на Њујорк и Вашингтон. На аеродромот "ЏФК" во Њујорк уапсени 10 лица, можно да се спречено ново ... (Си-Ен-Ен) - Претседателот Буш вчера беше во Њујорк за да ги види последиците од ...
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ ГОВОРЕШЕ НА КОМЕМОРАЦИЈАТА ЗА ЖРТВИТЕ НА ТЕРОРИЗМОТ ВО САД Тероризмот удира како на големите така и на малите, како на величествените така и на понизните, но граѓаните на Америка треба да знаат дека ние сме рамо до рамо со нив, денес сме сите Американци, порача Трајков ...
во ПИСМО ДО ПАКИСТАНСКИ ВЕСНИК Пакистанскиот весник "Аусаф" завчера објави писмо на саудискиот дисидент Осама бин Ладен, во кое тој демантира дека е вмешан во терористичките напади врз Њујорк и Вашингтон Пакистанскиот весник "Аусаф" завчера објави писмо на саудискиот дисидент Осама бин Ладен, во ...
опасност од трета светска воЈна по терористиЧките напади врз њуЈорк и вашингтон Американскиот претседател Џорџ В. Буш вчера објави мобилизација на десетици илјади припадници на резервниот армиски состав, кои ќе бидат вклучени во операциите за одбрана на земјата од можни нови терористички напади, по ...
Македонија денеска се приклучи кон светот во оддавањето почит за загинатите во терористичките напади на Соединетите Американски Држави. Македонскиот претседател, членовите на македонската Влада, Парламентот, лидерите на политичките партии, како и генералниот секретар на НАТО, Џорџ Робертсон, ...
САД и официјално го обвинија светскиот терорист број еден Осама Бин Ладен за нападите врз Вашингтон и Њујорк, во кои има илјади загинати цивили. По средба со претседателот Џорџ Буш државниот секретар Колин Пауел изјави дека зад најтрагичниот терористички напад во историјата стои Осама Бин Ладен, ...
Американскиот претседател Џорџ Буш им изјави на новинарите во Вашингтон дека по разговорите со многубројни светски лидери владее општа подршка за американскиот план. "Има тага во нивните гласови, но и сознание оти сме сведоци на првата војна во 21. век.
ВАШИНГТОН (АП) - Во перодот кога одминуваа деновите на претседателствувањето на Бил Клинтон високите официјални лица добија конкретни информации од разузнавањето за тоа каде се наоѓа Осама бин Ладен и изготвија воен план за напад на локацијата на осомничениот терорист.
ВАШИНГТОН - Киднаперите кои ги презеле патничките авиони со кои беа извршени нападите на САД биле следбеници на Осама бин Ладен, исламскиот милитант кој беше обвинет за едни од најкрвавите напади на Америка. Властите велат дека исто така ги идентификувале соучесниците во неколку градови кои ...
ПО УЖАСНИОТ ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВРЗ ЊУЈОРК И ВАШИНГТОН НАТО првпат во својата историја соопшти дека нападот врз САД го смета како напад врз сите членки на Алијансата и според непотврдени информации во Брисел веќе се крои план за проектилски напади и копнена инвазија врз Авганистан Соединетите ...
Најпознатите злосторства со кои се поврзува Осама Бин Ладен се следниве: бомбардирањето на Светскиот трговски центар, на 16 февруари 1993-та година. При ова бомбардирање била предизвикана огромна експлозија при која загинале 6 лица, а повеќе од 1.000 биле повредени.
Најмалку 50 лица учествувале во терористичките напади во Њујорк и Вашингтон во кои загинаа илјадници лица, јави телевизиската мрежа CNN, повикувајќи се на неименувано официјално лице вклучено во истрагата. Според истиот извор, директно во киднапирањето на авионите и нивното уривање врз кулите ...
Непосредниот одговор на САД и можните долгорочни последици од тој чин врз светската политичка сцена се главни теми во насловните страници и уредничките коментари во британскиот печат. "Непријателите на демократијата мора да бидат соочени со единствен напад", пишува весникот Times, додавајќи дека ...
ИСЛАМАБАД (Ројтерс/АП) -Саудискиот дисидент Осама бин Ладен им честиташе на луѓето што ги изведоа терористичките напади на САД, но одрече дека бил вмешан во нив. "Осама бин Ладен му се заблагодари на семоќниот Алах и се поклони пред него кога ги чу вестите", рече Џамал Исмаил, директорот на бирото ...
тероризам Ниту една група не ја презеде одговорноста за нападот, но сите сомневања водат кон саудискиот дисидент Осама бин Ладен, кој не жалеше пари за да формира силна и добро обучена војска терористи спремни да се жртвуваат себеси за да им наштетат на американските интереси Се претпоставува дека ...
САД речиси целосно се счаурија после најголемиот напад на американска почва по јапонскиот напад на Перл Харбур што пред 60 години ја воведе САД во Втората светска војна. Пентагон завчера соопшти дека американските трупи низ светот се во состојба на највисока борбена готовност.
Саудискиот милионер Осама Бин Ладен, за кого постои сомневање дека стои зад нападите извршени вчера во Њујорк и во Вашингтон, веќе со години се смета за најголем непријател на САД и херој на исламот. Осама Бин Ладен е роден во 1957 година, како дванаесето од 58 деца на неговиот татко градежен ...
Силите за одржување на редот во американската сојузна држава Масачусетс идентификувале најмалку пет лица, кои се од Блискиот Исток и за кои постои сомневање дека се вмешани во нападите извршени вчера во Њујорк и во Вашингтон, пишува весникот "Бостон Хералд".
Организацијата на Осама Бин Ладен, наречена „Ал Каеда“, е на врвот на листата на можни осомничени извршители на терористичкиот напад во Њујорк и Вашингтон, смета „Стратфор“, истражувачка агенција од Тексас. Според анализата на оваа агенција, „Ал Каеда“ е организација која создава независни келии на ...
ЛОНДОН (Ројтерс) - Саудискиот дисидент Осама Бин Ладен пред три недели предупредил дека тој и неговите следбеници ќе извршат неочекуван напад на интересите на САД за негивната поддршка на Израел. Абдел-Бари Атван, уредник на лондонскиот весник "Ал-Кудс Ал-Араби" изјавил дека е речиси сигурен дека ...
НАПАД ВРЗ СРЦЕТО НА САД Непознати терористи со два киднапирани авиона вчера во рок од 18 минути треснаа во кулите-близначки на Светскиот трговски центар во Њујорк, а трет авион подоцна се урна во зградата на Пентагон, јави Ројтерс.
Саудискиот милионер Осама бин Ладен пред три недели предупреди дека тој и неговите следбеници ќе извршат напад "каков што САД не паметат" поради поддршката што Вашингтон му ја дава на Израел. Абдел-бари Атван, уредник на лондонскиот весник на арапски јазик "Ал Чудс ал Араби", изјави дека е убеден ...