TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Втора последователна победа на Хамилтон

А1 - 17.06.2007

Луис Хамилтон во Индијанаполис извозе уште една извонредна трка и ја освои својата втора последователна победа, пред клубскиот колега од Мекларен, Фернандо Алонсо. Британецот уште еднаш демонстрираше возачка зрелост несвојствена за неговите години и доминираше во текот на целата трка.

Пол позиција за Хамилтон во Индијанаполис

А1 - 16.06.2007

Британецот Луис Хамилтон, возач на тимот на Мекларен, постигна најдобро време на квалификациите за утрешната трка во „Формула 1“ во Индијанаполис, САД. Актуелниот светски првак Фернандо Алонсо, кој заостана 0,169 секунди, ќе стартува веднаш зад него од првиот ред, а возачите на Ферари, Фелипе Маса ...

Индијанаполис дебитантски предизвик за Хамилтон

Дневник - 16.06.2007

Луис Хамилтон викендов ќе дебитира на патеката во Индијанаполис, САД, по триумфот во Канада, прв за него во Ф1-трка. Полскиот пилот Роберт Кубица нема да биде во кокпитот на БМВ, откако имаше тежок инцидент во претходната трка.

Алонсо решен да му стави крај на својот кошмар во Индијанаполис

Утрински - 16.06.2007

Двократниот светски првак во Формула 1 има само една завршена трка за ГН на САД Фернандо Алонсо се враќа на „Индијанаполис мотор спидвеј“ надевајќи се дека в недела, кога ќе се вози трката за Големата награда на САД, конечно ќе го прекине својот кошмар таму.

Последна година за Индијанаполис?

Вечер Прес - 16.06.2007

Лани договорот беше продолжен само на една година, а сега Еклстоун тврди дека Ф1 ќе преживее и без Инди В недела се вози седмата трка од Светското првенство на Формула 1, за Големата награда на САД во Индијанаполис. По минатонеделната победа на Луис Хамилтон во Канада, Фернандо Алонсо беше цитиран ...

Алонсо се олади и се концентрира на Индијанаполис

Дневник - 15.06.2007

По престрелките за тоа кој е фаворизиран од Мекларен, Шпанецот се сврте кон болидот и задутрешната трка во Индијанаполис Двократниот шампион Фернандо Алонсо ќе се обиде да ги смири страстите со својот тимски колега Луис Хамилтон и да се сконцентрира на следниот гран при викендов, во Индијанаполис, ...

Хамилтон на пат кон 500 милиони фунти

Дневник - 13.06.2007

Британецот ги има сите предиспозиции, со својот изглед, карактер и талент, за неколку години да влезе во Топ-10 листата на најплатени спортисти во светот Младиот возач на Мекларен, Луис Хамилтон, е на добар пат да стане најбогатиот британски спортист со заработено богатство од 500 милиони фунти од ...

Прва победа во Формула 1 на дебитантот Хамилтон

Утрински - 12.06.2007

Вториот возач на Мекларен извозе безгрешно во трката во Монтреал, која ја одбележа тешкиот инцидент во кој настрада Кубица Новакот на Мекларен, Луис Хамилтон, ја прослави својата прва победа во Формула 1, задржувајќи ја смиреноста до крајот од хаотичната трка за Големата награда на Канада, што му ...

Хамилтон најсмирен во хаосот на Монтреал

Дневник - 12.06.2007

Безбедносното возило четирипати интервенираше во текот на трката, на која потфрли и првакот Алонсо Најуспешниот дебитант и најмлад лидер во генералниот пласман во историјата на Формула 1, Луис Хамилтон, ја извојува својата прва гран при победа, возејќи без ниту една грешка на мошне опасната патека ...

Кубица преживеа, Хамилтон порасна

Вечер Прес - 12.06.2007

Возачот на БМВ, Заубер, без никаква повреда по стравотниот инцидент Инцидентот на полскиот автомобилист Роберт Кубица се закани да ја фрли во сенка историската прва победа на 22-годишниот дебитант Луис Хамилтон со Мекларен Мерцедес, но канадските доктори декларираа дека тој е надвор од животна ...