TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Катанец: Победа за фантастична атмосфера

Дневник - 06.06.2006

Игравме едноставно, со многу додавања, а играчите лесно се движеа, задоволен е селекторот Најдобрата македонската фудбалска репрезентација, минимално, со 1-0, славеше над Турција во пријателски меч во германското гратче Крефелд. Стрелец на единствениот гол беше Горан Мазнов, 10 минути пред крајот.

Турција на колена, Македонија игра нов фудбал

Утрински - 06.06.2006

Мазнов повторно се запиша во листата на стрелците, судијата поништи регуларен гол на Наумоски Емил Китановски Конечно падна и репрезентација на Турција. Фудбалската репрезентација на Македонија во извонредна фудбалска претстава која завчера се одигра на стадионот „Гротенбург“ во германскиот град ...

Пред Македонија падна и Турција

Време - 06.06.2006

ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ: ТУРЦИЈА - МАКЕДОНИЈА 0-1 Македонија под водство на новиот селектор, Словенецот Среќко Катанец, забележа нова победа во пријателски меч, во неделата над Турција, на неутрален терен во Германија, со 1-0. Стрелец на голот беше центарфорот Горан Мазнов во 81. минута.

Турција предвесник на успешни квалификации

Вест - 06.06.2006

УШТЕ ЕДЕН ФУДБАЛСКИ ГИГАНТ НА КОЛЕНА ПРЕД НАШАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА Поради наводен офсајд на Седлоски во 34. минута, поништен чист гол на Наумоски. - Со доаѓањето на Катанец дувнаа нови ветришта во македонскиот репрезентативен фудбал По Еквадор, уште еден фудбалски гигант потклекна пред избраниците на ...

Им зедовме мерка и на Турците

Вечер Прес - 06.06.2006

Уште една пријатна вест приредија најдобрите фудбалери на Македонија. Во вториот контролен натпревар избраниците на селекторот Сречко Катанец на теренот во Крефелд (Германија) ја победија репрезентацијата на Турција со 1:0. Со тоа "црвено-жолтите" мини турнејата ја завршија со две победи, откако ...

По Еквадор падна и Турција

А1 - 05.06.2006

По Еквадор, падна и Турција. Сосема неочекувано, Македонскиот национален состав за само седум дена забележа две победи над селекции со далеку повисок рејтинг. Без оглед што стануваше збор само за пријателски средби во кои нашиот тим настапи ослабен, без неколкумина стандардни фудбалери, резултатите ...