Третиот ден на акцијата на македонските сили за безбедоност за чистење на албанските екстремисти од Арачиново започна во 7 часот изутринава со жесток артилериско-тенковски оган. Нешто пред 10 часот претпладнево во акција стапија два хеликоптера на армијата кои го гранатираа каналот на почетокот на ...
По денешната предпладневна жестока офанзива на македонските безбедносни сили nа позициите на терористите во Арачиново попладнево примирје побарано и диригирано од НАТО, ЕУ и САД. Македонските безбедносни сили ги натераа терористите да се повлечат. Секоја куќа сега се „прочешлува“.
Македонската војска и полиција ја продолжува решителната акција за отсранување на албанските терористити од Арачиново и неговиот регион. Денешната втора офанзива на македонските безбедносни сили започна во 8 часот кога артилеријата започна да стрела во терористичките упоришта кон крајот на селото, ...
САКАМ ДА КАЖАМ Арачиново гори, Љамбе банкар да се стори 1 Фала богу почна акцијата за ослободување на Арачиново. Ако за ништо друго, тогаш барем да му се даде поправен испит на Љубе Бошковски. Пустиот, толку беше избезумен што пред две недели тукутака им го даде селото на терористите, па рецитираше ...
КОНЕЧНО, ЖЕСТОКА ОФАНЗИВА ВО ОКУПИРАНОТО СКОПСКО СЕЛО Околу пладне, единиците на АРМ веќе влегоа во дел од селото и почнаа со детално чистење на теренот, а според армиски извори, планот бил до вечерта да се преземе контролата над целото село.
ВЧЕРА СЕ ВОЈУВАШЕ И ВО КУМАНОВСКО Меѓу селата Никуштак и Арачиново бил опколен и отсечен полициски пункт, каде се наоѓаат околу 20 полицајци од две смени. Има двајца полесно повредени. Вчера терористите продолжиле да ги палат куќите на Македонците и Србите во Матејче.
Коментар - Катерина Блажевска Ако една верверичка беше доволна за "стручно" да ги прекине ТВ-каблите, да не остави во информативен молк, да ја зголеми потрошувачката на бензин и да им ги спакува куферите на половина граѓани на Скопје, знае ли некој колку верверички ќе ни бидат потребни за да ја ...
БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ ПОЧНАА СО ЧИСТЕЊЕ НА БАНДИТЕ ВО aраЧиново Терористичките банди од Никуштак се обидоа да го пробијат обрачот, но беа разбиени од армиските сили Македонските сили за безбедност вчераутро ги нападнаа позициите на терористите во Арачиново, а единици на војската и полицијата заземаа ...
АРАЧИНОВЦИ НА ПРИНУДЕН ПОСТ Нашите синови се мобилизирани, а ние немаме млеко за нивните деца, вели една револтирана жителка на Арачиново По седумдневен принуден пост, повеќе од 350 Македонци раселени од скопските села Брњевци и Арачиново, вчера првпат добија ручек во ученичкиот дом "Здравко ...
Безбедносните сили на Република Македонија рано утринава започнаа офанзива во арачиновскиот регион за ослободување на селото кое албанските терористи две недели го држат под окупација. Македонската војска и полиција офанзивата на Арачиново ја започна утрово околу 4 часот со стрелање на светлечки ...
Раселените лица од Арачиново и околината, по една недела гладување, денеска конечно добија храна. Дури денеска беше отворена кујната во интернатот Здравко Цветовски, каде што се сместени 360 луѓе. Овде помошта пристигнува од граѓаните на Скопје, претпријатијата и хуманитарните организации.
Македонскиот ценатр за меѓународна соработка, за период од еден месец обезбеди хуманитарна помош за 800 внатрешно раселени лица, сместени во четри јавни установи во Скопје. Дистрибуцијата на помошта ќе започне денеска во 12 часот.
Според податоците од Црвениот крст на Македонија, од почетокот на кризата во земјава досега од кризните подрачја се регистрирани вкупно 32.117 раселени лица. Најголем број, 17.323 раселени лица, се сместени во Скопје, потоа 10.453 лица во Куманово и 3.334 раселени лица во Тетово.
ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО КУМАНОВО ИЗРЕЧЕНИ ПРЕСУДИТЕ ПРОТИВТРОЈЦАТА ТРАНСПОРТЕРИ НА ОРУЖЈЕ ОД АРАЧИНОВО На судењето Обвинителот, пред судот приложил докази - списоци на ОНА во кои се споменува меѓу другите и името на Назми Сулејмани со прекарот Волк еден од командантите на терористите во Арачиново, а во ...
НА БЕГАЛСКИТЕ МАКИ ИМ НЕМА КРАЈ Сите капацитети за сместување во Скопје се полни, а од денеска раселените лица привремено ќе се сместуваат во одморалиштето во Чичино село Повеќе од 350 раселени лица од Арачиново веќе пет дена се на сува храна во ученичкиот дом "Здравко Цветковски" во Скопје.
КУМАНОВО Седум припадници на терористичката ОНА вчера беа осудени на вкупно 20 години затвор со пресуда на кумановскиот Основен суд Седум припадници на терористичката ОНА вчера беа осудени на вкупно 20 години затвор со пресуда на кумановскиот Основен суд.
Во Арачиново престрелки и поладнево околу 19 и околу 17 часот. Повредени од македонските полицајци нема. Скоро целиот ден можеа да се слушнат повремени поединечни истрели, рафали и детонации. Полицијата од пунктовите околу Арачиново повторно забележала прегрупирање на терористите внатре во селото.
Вчера во 11.45 часот терористите фрлиле минофрлачка граната на полицискиот пункт во реонот на кумановско Лопате. Гранатата паднала и експлодирала во блиската шума. Притоа не била причинета материјална штета ниту пак има жртви. До пладневните часови ова била единствената провокација на терористите.
РАСЕЛЕНИТЕ ЖИТЕЛИ ОД АРАЧИНОВО ЗАБОРАВЕНИ Во фондацијата "Благовестие" велат дека не сакаат да се мешаат во работата на Црвениот крст и затоа не учествуваат во делењето помош за раселените лица во земјава Околу 300 Македонци од Арачиново го минуваат десеттиот ден во ученичките домови "Партенија ...
ВО КУМАНОВСКО МИРНО Терористите од Арачиново вчера од пладне стрелаа врз позициите на полицијата околу селото. Тие вчера запалија куќа во источниот дел на Арачиново и повторно ги запалија полињата со жито југоисточно од селото.
Во текот на денот во Арачиново - мирно. Меѓутоа провокации имаше утрово. Првите провокации започнале околу 10:30 часот и биле насочени кон пунктовите на македонската полиција. Рафали и детонации се слушале се до 12 часот, а оттогаш се слушаат само поединечни истрели.
ОБВИНЕТИТЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ ОД АРАЧИНОВО ПРЕД ПРЕСУДА Вчера, во Основниот суд во Куманово заврши доказната постапка во случајот транспорт на оружје за селото Брест во кој учествувале лицата Исмаил Муртезани, Амзи Демири и Емин Емини сите од селото Арачиново, обвинети за кривично дело тероризам.
Вчера дел од полиња околу селата Арачиново и Мојанце беа во пламен и чад. Причина за избувнувањето на пожарот кој последниве денови е декор на окупираното Арачиново, се престрелките меѓу безбедносните сили кои жестоко одговараат на провокациите на терористите.
ОСНОВЕН СУД-КУМАНОВО Со завршните зборови на обвинителството и на адвокатите од одбраната вчера во Основниот суд во Куманово заврши кривичната постапка против Исмаил Муртезани, Амзи Демири и Емин Емини, сите од скопското село Арачиново, обвинети за тероризам.
Албанските терористи, кои селото Арачиново во близина на Скопје го прогласија за слободна зона, доцна синоќа отвораа оган врз позициите на силите за безбедност кои ги контролираат приодите и селото. Албанските терористи го држат во опкружување селото.
Вчера, за разлика од претходните денови во Арачиново ситуацијата е релативно мирна. Терористите кои што повеќе од една недела ова село го држат под опсада, вчера околу 9.15 часот отвориле оган од автоматско оружје кон еден од полициските пунктови во селото Брњарци.
Првата детска амбасада "Меѓаши" обезбеди 12 легла за раселените лица од Арачиново. Лицата се сместени во населба Јане Сандански, спроти поликлиниката во поранешната воена зграда. Според одговорните од "Меѓаши", на лицата ќе им биде обезбедена хуманитарна помош од Меѓународниот црвен крст.
ВО НИКУШТАК И АРАЧИНОВО Албанските терористи што се наоѓаат во селото Никуштак, во непосредна близина на Арачиново, вчера напладне ги палеа нивите со жито во околината на селото и пукаа од автоматско оружје кон позициите на македонските сили за безбедност Албанските терористи што се наоѓаат во ...
oд поЧетокот на кризата Од почетокот на кризата во Македонија околу 80.000 лица ги напуштиле своите домови. Според податоци на Високиот комесаријат за бегалци, од Македонија, на Косово заминале околу 50.000 бегалци, а најмногу од нив се македонски Албанци.