TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Става ли власта рака на гувернерската позиција?

Утрински - 11.01.2008

Петар Гошев Владата најостро демантира, тврдејќи дека ја почитува независноста на монетарната власт НИНА НИНЕСКА-ФИДАНОСКА Става ли власта потајно рака на гувернерската позиција, е прашање кое во јавноста се' погласно се поставува, особено откако група пратеници неодамна до парламентот доставија ...

Не се знае кога Собранието ќе расправа за Гошев

Утрински - 10.01.2008

Во интерпелацијата гувернерот се повикува на одговорност заради ликвидирањето на Македонска банка МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Гувернерот Петар Гошев наскоро ќе се соочи со пратениците во Собранието откако 15 народни избраници од различни пратенички групи непосредно пред Нова година побараа негово отповикување ...

За Гошев работат советницина Груевски и на Црвенковски

Време - 09.01.2008

ИНТЕРЕСЕН СОСТАВ НА СТРУЧНИОТ СОВЕТ НА НАРОДНА БАНКА Владимир Николоски Член на управен одбор во Комерцијална банка, советник на премиерот за економска политика, советник на претседателот на државата за економски прашања, директор на Царинската управа и тројца економски експерти од кои двајца од ...

Во Собранието стигнаа докази за имотот на Гошев

Дневник - 09.01.2008

Претставници на Одборот за спас на Македонска банка вчера до Собранието доставија, како што велат, нови докази за непријавен имот на гувернерот Петар Гошев. - Имаме докази дека поседува, а не пријавил градежно земјиште со станбен објект кај Дојран и дуќан во Скопје.

Гошев не прикажал вистинска вредност на имотот

А1 - 08.01.2008

Гувернерот Гошев не ја прикажал вистинската вредност на имотот што го пријавил во анкетниот лист. Екс директорите и акционерите на „Македонска банка“ тврдат дека пријавувајќи го дуќанот во Скопје и плацот во Дојран, Гошев прикажал помала вредност од реалната.

Нови докази од Македонска Банка против Гошев

Канал5 - 08.01.2008

Дуќан во Скопје и плац во Дојран, вредни еден милион евра. Иницијативниот одбор на Македонска Банка тврди дека ова се нови докази за имотот што го поседува гувернерот, а кој не го пријавил во анкетниот лист. Доказите ги доставија во Парламентот во прилог на интерпелацијата што ја бараат од Гошев.