Во Тетово денеска релативно мирно. Поединечни детонации се слушале од правец на селото Ратае. По синоќешните престрелки опожарени се повеќе објекти во градските населби Поток, Борис Кидрич и во близината на градскиот стадион, како и во приградската населба Дреновец.
Попладнево албанските терористи дејствувале од правец на Лешочкото Кале кон полицискиот пункт во Ратае, на што македонските безбедносни сили соодветно возвратиле. Провокации се забележани во 15 часот и 40 минути кога се слушнале рафали и детонации од правец на селото Ратае кон Непроштено.
Вчера во 13 часот на селските гробишта во родното село Ратае со воени почести беше погребан резервниот полицаец Душко Синадиновски роден 1960 година, кој во средата загина смело, бранејќи го селото и пунктот на македонските сили од нападите на албанските терористи.
ТЕРОРИСТИТЕ, ЗАВЧЕРА, СО НАЈЖЕСТОКИ НАПАДИ СЕ ОБИДОА ДА ГО ЗАЗЕМАТ ГРАДОТ ПОД ШАРА Тенкови и тешко артилериско оружје на македонските сили се распоредени на стратешки точки околу Тетово. Во Ратае загина резервниот полицаец Душко Синадиновски, а полесно беше повреден и ...
СИЛИТЕ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НАЈАВУВААТ ЕНЕРГИЧНА АКЦИЈА Македонските тенкови што се наоѓаат на позиции во Горни Полог во секој момент можат да влезат во Тетово Македонскиот државен врв најави енергични мерки за справување со терористите во Тетово и околината, бидејќи според процените, "паѓањето" на градот ...
Душко Синадиновски полицаец - резервист загинал ноќеска во престрелките меѓу македонските безбедносни сили и албанските терористи во близина на тетовското село Ратае. Според неофицијални информации, ранет е уште еден припадник на полицијата кој е префрлен во тетовската болница.
УШТЕ ЕДНА НЕМИРНА НОЌ ВО ТЕТОВСКО Се влошува безбедносната состојба во Јегуновце Од завчеравечер се до вчерашните рани утрински часови, албанските терористи во дури 24 случаи го прекршуваа договорот за прекин на огнот, огласувајќи се со поединечни истрели и снајперски и митралески оган од ...
ТЕРОРИСТИТЕ ГО ПРЕКРШУВААТ ПРИМИРЈЕТО ВО ТЕТОВСКО-ШАРСКИОТ РЕОН Обемот на вооружените провокации на припадниците на паравоената ОНА и на нивните раздвижувања и утврдувања на теренот е намален, но со јасна тенденција да се предизвикаат човечки загуби кај ...