По 30-годишна пауза, Унгарија стана светски ватерполо шампион. Унгарските ватерполисти синоќа во финалниот натпревар на Светското првенство на спортови во вода во Барселона ја совладаа Италија. Селекцијата на Србија и Црна Гора се избори за бронзата победувјки ја Грција во дуелот за третото место.
Репрезентациите на Унгарија и Италија ќе играат во финалето на ватерполо турнирот на светскиот шампионат во Барселона. Италијанските ватерполисти направија подвиг победувајки го доцна синоќа во полуфиналето европскиот првак, селекцијата на Србија и Црна Гора.
ВАТЕРПОЛО - СП ВО БАРСЕЛОНА Срби ја и Црна Гора - Италија и Унгарија - Грција се денешните полуфинални двојки на машкиот ватерполо-турнир што се одржува на Светското првенство (СП) во водени спортови во Барселона. Европскиот шампион, селекцијата на СиЦГ, завчеравечер го направи најголемото ...
Во четвртфиналното ватерполо дерби: СЦГ - Шпанија 7:3 Србија и Црна Гора - Италија и Грција - Унгарија се полуфиналните двојки на 10. СП во ватерполо во Барселона со што автоматски овие четири репрезентации обезбедија и пласман на Олимпијадата во Атина во 2004 година.
Во базенот во Олимписката Барселона, наближува и разврската на првенството во ватерполо. Првата полуфинална двојка е Грција - Унгарија. Сензацијата на мундијалот ја направија грчките ватерполисти со неочекуваната победа од 4:2 над фаворизираната селекција на Соединетите Американски Држави.
Со елиминацијата на Русија на ватерполо турнирот По пласманот на СиЦГ и Австралија во четвртфиналето на ватерполо турнирот во рамките на светското првенство во пливање во Барселона (ги елиминираа Романија и Хрватска), тоа им појде од рака и на Словачка, која ја елиминираше Германија со 7:6 и на ...
СП во Барселона Во првиот осминафинален натпревар на ватерполо турнирот на СП во пливање во Барселона, фаворитот Хрватска беше немоќна против Австралија, од која загуби со убедливи 6:10. Во вториот натпревар немаше изненадување - Србија и Црна Гора ја декласираше Романија со 11:3.
ВАТЕРПОЛО - СП ВО БАРСЕЛОНА Репрезентациите на Шпанија, актуелниот светски ватерполо шампион, заедно уште со Унгарија и САД, успееја да обезбедат директен пласман во четврт-финалето од турнирот кој се одржува во рамките на Светското првенство (СП) во пливање, кое е во тек во Барселона, Шпанија.