TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

8 жртви во експлозија во Ирак

А1 - 27.02.2005

Осум лица загинаа денеска, а двајца ирачки цивили се повредени во експлозија во северниот ирачки град Мосул, соопшти американски воен претставник. Повеќето од убиените се припадници на Ирачката гарда. Во меѓувреме, во Ирак е уапсен Садави Ибрахим Хасан, полубрат и поранешен советник на Садам Хусеин.

Убиени двајца војници на САД во Ирак

А1 - 27.02.2005

Двајца американски војници загинаа, а двајца се ранети денеска во Багдад во експлозија на бомба поставена на пат, соопшти командата на САД во Ирак. Претходно во воена операција јужно од Багдад животот го загуби еден американски маринец.

Албанија го зголемува бројот на војници во Ирак

А1 - 26.02.2005

Албанската влада одлучи да го зголеми бројот на војници во меѓународните сојузнички сили во Ирак. Од април 2003 година, во рамките на мисијата „Слобода за Ирак“, се ангажирани 70 албански војници. Албанската влада вчера донесе одлука да го зболеми бројот на 125, јавија абланските медиуми.

Македонија ќе испрати уште 12 офицери во Ирак

Утрински - 23.02.2005

Одлука на Владата Владата на завчерашната седница ја усвои информацијата на Министерството за одбрана за ставање на располагање дополнителен персонал во Ирак и притоа декларира дека е подготвена да испрати во заливот 12 офицери и подофицери како инструктори.

Австралијци ќе ги бранат Јапонците во Ирак

Време - 23.02.2005

ЗАСИЛУВАЊЕ Австралија ќе испрати нови 450 војници во јужен Ирак, со задача да ја штитат тамошната мисија на јапонската армија. Австралија веќе има 950 војници во Ирак, а беше еден од поголемите поддржувачи на американската инвазија.

АРМ ќе ја обучува ирачката армија

Дневник - 23.02.2005

НОВА МАКЕДОНСКА МИСИЈА Македонија ќе прати уште 12 офицери и подофицери во Ирак за да ги обучуваат ирачките сили за безбедност по стандардите на НАТО. Старешините на АРМ ќе бидат распоредени во команди на единици, а нивната мисија ќе почне на крајот од летото или наесен.

НАТО - земјите се согласија да ја обучуваат Ирачката војска

Вест - 23.02.2005

БРИСЕЛ, 23 февруари (Ројтерс) - НАТО доби уверување од сите 26 земји-членки дека на било каков начин ќе придонесат кон новата мисија на обучување и опремување на ирачката војска, соопшти вчера еден претставник на НАТО. "Ги имаме сите земји членки.

Нови 12 офицери и подофицери за обука на ирачани

Вечер Прес - 23.02.2005

Македонија, според одлуката на Владата, ќе го зголеми својот воен персонал во Ирак со испраќање на дополнителни 12 офицери и подофицери во тимовите за асистенција. Дополнителниот персонал во Ирак ќе врши воена обука на ирачки државјани.

12 македонски офицери и подофицери ќе обучуваат ирачки војници

А1 - 22.02.2005

Македонија се вклучува во мисијата на НАТО во Ирак за обука на ирачките безбедносни сили. 12 македонски офицери и подофицери ќе бидат засилување на Центарот за обука на НАТО во Багдад. Во моментов НАТО има околу 60 офицери во Багдад, кои имаат советодавна улога за формирање на новата ирачка армија ...