TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во вторник треба да почнат подготовките за СВП

А1 - 16.03.2008

На првата седница што управниот одбор на Струшките вечери на поезијата треба да ја одржи во вторник во Скопје треба да започнат подготовките за фестивалот, што го следат контроверзи околу изборот на раководството и најавите за двојазичност.

Стружани бараат писателите да ги организираат Струшките вечери

Дневник - 15.03.2008

Друштвото на писателите на Македонија да ја преземе организацијата на Струшките вечери на поезијата, вчера побара Здружението на граѓани „Наша Струга“. Незадоволни што под раководство на Министерството за култура задоцни подготовката на фестивалот, тие бараат целата организација да премине во ...

Министерството не одговара на барањето за спас на СВП

Време - 14.03.2008

И ПОКРАЈ РЕАКЦИИТЕ НА ПИСАТЕЛИТЕ Нема да има промени во изборот на членовите на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата и покрај реакциите на ДПМ на скандалозните изјави на некои нови членови од фестивалското раководство, велат од Министерството за култура.

Политика и поезија не се римуваат

Утрински - 14.03.2008

ЕДИТОРИЈАЛ Тина Иванова Манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“ е уште еден пример од културата каде што политиката ги замеша своите прсти. Аман! Државата, конечно, треба да се ослободи од сопствената преголема политизација и да престане да става мирудии секаде каде што ќе и' падне на памет.

СВП не е аматерска манифестација, па со неа да се експериментира

Утрински - 14.03.2008

Ако треба и нека не се одржи фестивалот, само да спаси неговото достоинство, велат писателите Невена Поповска „Според правилата на управниот одбор и според традицијата на најпознатата светска поетска манифестација Министерот за култура ја назначи Пунторие Муча-Зиба, поетеса и наставничка по ...

Струшките вечери нема да бидат претставени во УНЕСКО

Дневник - 14.03.2008

Ќе изостане интернационално презентирање на фестивалот во Париз, а поради тоа постои опасност СВП да ја изгубат паричната поддршка од организацијата за заштита на светските културни вредности Годинава ќе нема презентација на Струшките вечери на поезијата во УНЕСКО во Париз, за Светскиот ден на ...

Писателската асоцијација си ги бара СВП назад

Вест - 13.03.2008

ДПМ ЗАГРИЖЕНО ЗА ОПСТОЈУВАЊЕТО НА ПОЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА Во соопштението до јавноста ДПМ, кое пред 47 години ја иницираше манифестација, вели дека таа е во агонија и во фаза на конечно исчезнување, и апелира до министерот за култура и до културната јавност да преземат широка акција за спас на ...

Барањето за двојазичност води кон ликвидација на СВП

Време - 13.03.2008

ПИСАТЕЛИТЕ СО АПЕЛ ЗА СПАС НА ПОЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА Ивана Васева Барањето за двојазичност на СВП, упатено од новиот Управен одбор, составен од троја Албанци и од еден Македонец, водат кон ликвидација на оваа престижна светска поетска манифестација, вели академик Гане Тодоровски, еден од кумовите ...

Ќе има ли годинава поетски фестивал во Струга?

Утрински - 13.03.2008

Џеми Хајредеини, член на Управниот одбор, поставува двојазичност на фестивалот како приоритет Невена Поповска Со конечниот избор на членовите на Управниот одбор на „Струшките вечери на поезијата“, манифестацијата има комплетен состав.

Писателите бараат спас за Струшките вечери

Дневник - 13.03.2008

Струшките вечери се во длабока криза и потребна е широка и одлучна акција за враќање на високото реноме, велат од Друштвото на писателите и побараа од Министерството за култура заеднички да ги решат проблемите на фестивалот Да се спасат Струшките вечери на поезијата, побара вчера Друштвото на ...

Згаснува јадрото на македонската култура

Канал5 - 13.03.2008

Министерството за култура ги ликвидираше Струшките вечери на поезијата, полувековната манифестација од аналите на светската поезија – дециден е академик Гане Тодоровски еден од основачите на струшките вечери. Вчудовиден е од едностраниот чин на именување на нов одбор со анонимуси од страна на ...

ДПМ ќе ги спасува СВП

Вечер Прес - 13.03.2008

Преку допис до редакциите, писателската фела апелира дека Струшките вечери на поезијата се во длабока криза и треба широка и одлучна културна акција за враќање на високото реноме што поетскиот фестивал го изгради во изминатите, безмалку пет децении Најголемиот поетски фестивал кај нас, Струшките ...

Загрозено реномето на Струшки вечери на поезијата

А1 - 12.03.2008

Друштвото на писателите на Македонија од министерот за култура Арификмет Џемаили бара итна проширена расправа за состојбата во која се наоѓа фестивалот Струшки вечери на поезијата. Писателската асоцијација оценува дека струшките вечери се во длабока криза и апелира да се побара решение за излез од ...

Новото раководство бара двојазичен фестивал

Време - 12.03.2008

ТРОЈЦА АЛБАНЦИ НА ЧЕЛО НА УПРАВНИОТ ОДБОР НА СВП Тоа што прво треба да се направи со СВП е да се постави двојазичноста на фестивалот, како стандард, и тој стандард да се почитува. Сите летоци, билборди и целокупниот рекламен материјал треба да биде и на македонски и на албански јазик.

„Струшки вечери на поезијата“, конечно, во комплетен состав

Утрински - 12.03.2008

Конечно, Министерството за култура ги објави имињата на членовите на Управниот одбор на манифестацијата „Струшки вечери на поезијата“. Иако за претседател беше најавуван Славе Ѓорго Димоски, неговата кандидатура беше игнорирана и наместо него за претседател на Управниот одбор е избрана Пунторије ...

Струшките вечери на поезијата се во длабока криза

Канал5 - 12.03.2008

Струшките вечери на поезијата се во длабока криза велат од Друштвото на писатели на Македонија. Во март се уште не се знае програмата, учесниците, ниту лауреатот на овогодинешната манифестација велат писателите. Од Министерството за култура бара да закаже итна расправа со македонските писатели и ...

Пунторие Муча-Зиба претседателка на Управниот одбор на СВП

Дневник - 11.03.2008

Пунторие Муча-Зиба, поетеса и наставничка по албански јазик, е назначена за претседател на Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Тоа вчера било одлучено во Министерството за култура. Муча-Зиба е родена во 1954 година, во селото Велешта, Струшко.

Струшки вечери немаат абер да изберат лауреат

Дневник - 10.03.2008

Бидејќи Министерството за култура доцни со назначувањето Управен одбор, фестивалот се' уште го нема избрано добитникот на „Златниот венец на поезијата“, а не е распишан ниту меѓународниот конкурс за „Мостови на Струга“ Нема ниту абер за избор на годинашен добитник на „Златниот венец“ на Струшките ...