ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ 28. ЛОИ ВО АТИНА Александра Мазнева Стрелачката Дивна Пешиќ со настапот во дисциплината воздушна пушка 10 метри го отвора олимпискиот бал денеска, на првиот натпреварувачки ден на 28. Летни олимписки игри, кои синоќа во Атина, на Олимпискиот стадион беа свечено отворени.
ПРЕМИЕР Претседателот на македонската Влада, Хари Костов, во просториите на македонската Канцеларија за врски во Атина, поточно во македонската соба направена специјално за Олимписките игри, приреди свечен коктел за македонската олимписка експедиција во Атина и за новинарите кои ќе ги следат Игрите.
На македонско-грчката граница и вчера беше како и секој обичен ден Најголемиот број од гостите на свеченото отворање заминаа со авион или со воз, бидејќи во Атина со автомобил не може да се влезе ГЕВГЕЛИЈА - На македонско-грчката граница на влез во Грција и вчера, 12 часа пред свеченото отворање на ...
ЛОИ Тензијата што постоеше кај македонската олимписка делегација сега е минато, особено по состанокот на нашите олимпијци со претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК) , Васил Тупурковски, во четвртокот во Олимпиското село.
28. ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ АТИНА 2004 На приемот што беше приреден за нашиот олимписки тим во конзуларното претставништво, премиерот Хари Костов вети по 70.000, 50.000 или 30.000 евра за евентуално освоено злато, сребро или бронза Премиерот на Република Македонија, Хари Костов, ветил награда од ...
Светот вчера го задржа здивот очекувајќи од овие Олимписки игри големи спортски резултати, но и стравувајќи за безбедноста Со мегаспектаклот што Грција му го подари на светот како своевидна благодарност за враќањето на најзначајната спортска манифестација дома по 108 години, свечено беа отворени 28.
ПРИЕМ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ОЛИМПИЈЦИ ВО АМБАСАДАТА ВО АТИНА <> Самоил Петрески наш специјален известувач од ЛОИ Не е важно само да се учествува, добро би било и да се освои некој медал. Ова им го порача на македонските олимпијци амбасадорот на Република Македонија во Грција, Благој Ханџиски, на ...
ПРИЕМ ЗА ОЛИМПИЈЦИТЕ ВО АМБАСАДАТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО ГРЦИЈА Наш специјален известувач од Атина, Милутин Станковиќ Приемот на премиерот Хари Костов во македонската амбасада во Атина им се посреќи на идните наши медалоносци - 70.000 евра за злато, 50.000 за сребро, 30.000 за бронза.
ЛОИ - ВЕСТИ Вистински раритет е американското знаме во Атина, каде што синоќа и официјално беа отворени 28. Летни олимписки игри. Освен знамето на САД, кое е подигнато заедно со останатите на влезот на Олимпиското село, на друго место истото никаде го нема.
По 28 пат светот ќе се обедини. На борилиштата во и околу Атина, спортските херои од 202 нации во домот на Олимписките игри ќе ги импресионираат, но и ќе ги разочаруваат своите сонародници и поддржувачи во следните 16 дена. Детали од спектакуларната церемонија на отворањето деновиве излегоа во ...
Со палењето на олимпискиот факел вечерва и официјално ќе почнат 28-те летни Олимписки игри. По повеќе од еден век игрите се вратија дома и во духот на нивното востановување прогласено е примирје, кое само САД нема да го почитуваат поради војната во Ирак.
Централниот дел на Атина, во околината на стариот олимписки стадион, остана попладнево без струја, на само три часа пред церемонијата на отворање на Летните олимписки игри (ЛОИ), јавува Макфакс. Според атинското радио „Скај“, дефектот во подземните кабли би требало да биде отстранет до почетокот на ...
Македонската полиција подготвено го дочека денешниот старт на Олимписките игри во Атина, но наместо брановите туристи што се очекуваа да влезат во земјава, поголем е бројот на лица кои излегуваат од Македонија. „Идеме од Германија и одиме за Турција“, изјави едни туристи.
Македонскиот спорт на игрите во Атина го претставуваат десет олимпијци. Распоред и резултати од настапите на нашите претставници: Сабота, 14 август: Недела, 15 август: Понеделник, 16 август: Вторник, 17 август: Среда, 18 август: Четврток, 19 август: Петок, 20 август: Среда, 25 август: Петок, 27 ...
Соединетите Американски Држави (САД) денеска соопштија дека нема да ги запрат воените операции во Ирак за време на Олимписките игри во Атина, јавуваат западните агенции. „Не мислам дека постои врска меѓу олимпиското примирје и тоа што се случува во Ирак“, изјави Адам Ерели, портпарол на Стејт ...
И македонските олимпијци и делегацијата ги одбројуваат последните минути пред да се претстават на олимпискиот стадион. Велат возбудата е голема, очекуваат успех. Генералниот секретар на Македонскиот Олимписки Комитет пренесува и дел од атмосферата, надежите за македонските репрезентативци, но и ...
На Олимпискиот стадион во Атина, вечерва (20,45 ч.) свечено ќе бидат отворени 28. Летни олимписки игри "Утрински весник" ќе известува од местото на настаните на 28. Летни олимписки игри во Атина ОД НАШИОТ ИЗВЕСТУВАЧ ФАРКО ШАКИРИ АТИНА - На величествениот Олимписки стадион во Атина, вечерва со ...
Меганастаните обезбедуваат проток на големи пари во регионите каде што се одржуваат Спортот може да биде мотор за економскиот развој на целата земја Олимписките игри во текот на годините стануваат сў посилен економски фактор за сите учесници.
<> Самоил Петрески наш специјален известувач од ЛОИ Благоја Георгиевски-Буштур и дефинитивно ќе биде знаменосецот на македонската олимписка делегација на отворањето на 28. Летни олимписки игри, вечерва, на Олимпискиот стадион во Атина.
Во чест на 28-те летни Олимписки Игри кои вечерва ќе бидат отворени во Атина, петот 13 август е прогласен за државен празник. Во градот денот почна без вообичаената сообраќајна гужва, затворени се сите државни и јавни институции, а работат само Во чест на 28-те летни Олимписки Игри кои вечерва ќе ...
Македонските доктори извисија за Олимпијадата Наместо четворица доктори Петар Оханесјан - специјалист по спортска медицина, Драган Мирчевски физиотерапевт и медицински психолог Јован Велески, на летната олимпијада Атина 2004, отпатува само физијатарот Благоја Ѓорѓијоски.
ДЕСЕТТЕ СПОРТИСТИ НА МАКЕДОНИЈА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ ВО АТИНА БОРЕЊЕ - СЛОБОДЕН СТИЛ ШИХАМИР ОСМАНОВ: Овој 29-годишен Русин по потекло ќе дебитира во дресот на Македонија на ОИ. Еден од само двајцата наши олимпијци кој на Игрите се пласираше со А-нормата, што ја обезбеди со освоеното петто место на ...
ЗА ДЕНЕШНАТА ЦЕРЕМОНИЈА НА ОТВОРАЊЕТО НА ОИ Македонскиот премиер Хари Костов ќе биде меѓу високите гости на трибините на Олимпискиот стадион во Атина за денешната церемонија на отворањето на Игрите. Покрај него, ќе присуствува и делегацијата на Агенцијата за млади и спорт, предводена од ...
АТИНА ПОДГОТВЕНА ЗА ЛОИ ВО ПОСЛЕДЕН МИГ АТИНА.- Конечно, по повеќе од еден век, Олимписките игри, најмасовниот и најпрестижен спортски настан во светот, се враќаат дома. Вечерва (19.45 часот) на Олимпискиот стадион во Атина, на местото каде што се родила АТИНА.
Пред денешниот почеток на големата олимписка фешта во Атина, Грција Грчките власти испратија во акција 1.100 дополнителни инспектори за спречување на олимпиското зголемување на цените СОЛУН - Пред денешното запалување на олимпискиот оган во Атина, освен во олимпискиот град, отсуствува некоја ...
СО ГОЛЕМ СПЕКТАКЛ НА ОЛИМПИСКИОТ СТАДИОН ВО АТИНА <> Самоил Петрески наш специјален известувач од ЛОИ Теренот на Олимпискиот стадион во Атина ќе биде претворен во големо езеро за вечерашниот спектакл (20 часот) на свеченото отворање на 28. Летни олимписки игри.
САД денеска соопштија дека воените операции во Ирак нема да бидат прекинати за време на летните олимписки игри во Атина. - Не мислам дека постои врска помеѓу олимпиското примирје и она што се случува во Ирак.. Изјави порпаролот на Стејт Департментот, САД денеска соопштија дека воените операции во ...
Грција порачува дека е подготвена за враќањето на Олимпијадата дома по повеќе од еден век Ангелопулос: Кога Грците ќе дадат ветување, тие и го исполнуваат Во предвечерјето на 28. Летни олимписки игри модерна Грција му порача на светот дека Олимпијадата во Атина ќе биде исто толку спектакуларна ...
Од тимот четворица Прилепски лекари кои волонтерски требаше да бидат вклучени во медицинската поддршка на спортистите на Олимпијадата во Атина само еден успеал да добие виза, но ќе учествува во медицинска заштита на публиката на натпреварите во кајак и веслање.
Постојат најмалку 3 причини поради кои странските туристи годинава ја заобиколија Македонија на пат кон Олимпијадата во Атина. Најголем број од туристите од Западна Европа заминуваат директно со авион, бидејќи авиобилет од кој било европски град до Атина не чини повеќе од 200 евра, што во споредба ...
Атина и спортскиот свет пулсираат во олимпискиот ритам, со нетрпение се чека утрешното свечено отворање на 28 летни Олимписки игри. Олимпискиот пламен е веќе во грчката престолнина, од попладнево е на врвот на Акропол, од каде што на свеченото отворање ќе биде пренесен на централниот Олимписки ...
ГРАНИЦА КОН ГРЦИЈА ГЕВГЕЛИЈА - На граничниот премин Богородица на македонско-грчката граница, два дена пред започнување на Олимписките игри во Атина, не се чувствува речиси никаква зголемена раздвиженост. Едноставно, од најавениот милионски предолимписки транзитен бран нема ниту трага.
Утрешната свечена церемонија ќе го означи стартот на 28. Летни Олимписки игри во Атина Утрешната церемонија на свеченото отворање на грандиозниот Олимписки стадион ќе го означи стартот на најголемиот спортски настан во 2004 година, Олимписките игри во Атина.
ЛОИ - ДЕНЕСКА Прием во чест на нашите олимпијци ќе организира вечерва македонската амбасада во Атина. На приемот, кој почнува во 21.30 часот, покрај целата наша олимписка делегација, ќе присуствува и премиерот Хари Костов, како и македонските новинари што во моментов се во Атина, со што бројката на ...
ФЕЉТОН - 27. ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО СИДНЕЈ ВО 2000 ГОДИНА Летните олимписки игри (ЛОИ) во Сиднеј, кои беа 27. по ред, беа најмасовни во историјата на модерните Игри и беа одлично организирани. Првпат Северна и Јужна Кореја на свечената церемонија на отворањето маршираа заедно, под едно знаме, а ...
УТРЕ ПОЧНУВААТ 28. ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ, АТИНА 2004 <> Самоил Петрески Наш специјален известувач од ЛОИ Нема ништо од толку најавуваниот сообраќаен хаос во Атина, од кој стравуваа експертите, сите светски медиуми и Интернационалниот олимписки комитет.
ОЛИМПИЗАМ Олимпискиот пламен завчера пристигна во античкото место Маратон, три дена пред стартот на 28. Летни олимписки игри, и до утре, кога треба и официјално да бидат отворени Игрите на стадионот во Атина, пламенот ќе помине низ цела Атина, пристаништето Пиреја и Акропол.
Повеќе нема дилеми за свеченото отворање на Олимписките игри во Атина Се повторува Атланта 1996, кога знамето го носеше поранешниот одбојкар Богоевски МИОДРАГ МИЦКОВИЌ Повеќе нема дилеми. Во свеченото дефиле на сите учесници на Олимписките игри во Атина, македонското знаме на чело на колоната на ...
Два дена пред Олимпијадата, Македонија треба да е среќна што не се остварија очекувањата за зголемен број туристи што ќе минат низ земјава на пат до Грција. Да беше поинаку, бруката ќе беше поголема. На целиот пат од границата со Србија до таа со Грција, нема видливи знаци дека Македонија очекува ...
Седумгодишниот подготвителен маратон на Атина за најголемото спортско шоу е речиси пред крајот. Десетици илјади спортисти, официјални лица и известувачи пристигнуваат или се веќе на местото на настанот, каде што во 1896 беа одржани првите Летни Олимписки игри на модерното време.
НЕВИДЕНИ МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЛОИ 2004 ВО АТИНА Два дена до почетокот на 28. Летни олимписки игри (ЛОИ) во Атина, кога организаторот вели дека се е подготвено за најголемиот спортски настан на планетава, најважното прашање што се поставува е колку Игрите се сигурни, посебно затоа што се први ...
ОЛИМПИЈАДА Премиерот Хари Костов ќе биде на отворањето на Олимписките игри во Атина, а шефот на државата Бранко Црвенковски нема да го гледа затворањето, како што било договорено. Костов во Грција ќе замине утре, еден ден пред свеченото отворање на игрите и во нашата амбасада во Атина ќе приреди ...
Секој позитивен тест е победа, го елиминира измамникот и им испраќа порака на тие што сакаат да мамат - изјави претседателот на ИОК Олимпискиот шеф Жак Рог изјави дека очекува повеќе позитивни допинг-тестови за време на ЛОИ во Атина отколку што имаше во Сиднеј 2000 година.
ФЕЉТОН - 26. ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО АТЛАНТА ВО 1996 ГОДИНА Стогодишнината од постоењето на модерните Летни олимписки игри (ЛОИ) се славеа во американскиот град Атланта, каде што од 19 јули до 4 август 1996 година се одржаа 26. ЛОИ.
Бура во македонскиот табор во Атина по неочекуваниот предлог на МОК за свеченото дефиле на 28. ЛОИ Функционерот Благоја Георгиевски предложен да биде знаменосец Миодраг Мицковиќ На два дена пред свеченото отворање на Олимписките игри во Атина сў уште е непознато кој ќе го носи македонското знаме во ...
ЛОИ АТИНА 2004 Благоја Георгиевски е носител на сребрен олимписки медал од Монтреал 1976, а сега е претседател на Олимпискиот совет на МОК Благоја Георгиевски-Буштур, македонската кошаркарска легенда, освојувач на сребрен олимписки медал од ЛОИ Монтреал 1976, ќе го носи македонското знаме на ...
ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО АТИНА Александра Мазнева Благоја Георгиевски-Буштур, македонската кошаркарска легенда и моментно претседател на Олимпискиот совет во Македонскиот олимписки комитет (МОК), ќе биде нашиот знаменосец на свеченото отворање на 28.
Создавање безбедно окружување во пресрет на Олимписките игри во Атина и борбата против организираниот криминал во регионот се теми на состанокот што денеска треба да се одржи во Подогорица, на кој ќе учествуваат претставници на полициите од Балканот.
Претставници на балканските полиции, денеска во Подгорица ги направија последните договори за координирана акција во пресрет на Олимписките игри во Атина. Директорите на полициите на Албанија, Црна Гора, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, УНМИК и од Македонија, разговараат за создавање на ...
ФЕЉТОН - 25. ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО БАРСЕЛОНА ВО 1992 ГОДИНА Првпат, по Летните олимписки игри во Минхен 1972 година, на Игрите во Барселона 1992 година, кои беа 25. по ред, немаше никаков политички бојкот. Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Хуан Антонио Самаранч, успеа да ...
ЛОИ АТИНА 2004 - СРЕДБА ВО ОЛИМПИСКОТО СЕЛО Сегашниот претседател на ИОК досега четирипати ја посетил Македонија, но во друштво на Хуан Антонио Самаранч Жак Рог, претседателот на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), во Атина се сретна во одвоен неформален состанок со Зоран Гапиќ, генерален ...
Првата проба на церомонијата за отворање на Олимписките игри во Атина помина успешно во присуство на 30.000 луѓе на Олимпискиот стадион во Атина, објави грчката Интернет-страна „Ин њуз“. Присутните на пробната церемонија воглавно биле волонтери кои работеле на олимписките објекти.
Светот брои 4 дена до Олимписките игри во Атина. Подготовките привршуваат. Претседателот на Интернационалниот Олимписки Комитет Жак Рог го посети селото во кое ќе бидат сместени спортистите. „Ова е фантастично. Сум бил на 16 Олимпијади, ова е најдоброто што сум го видел“ воодушевено изјави Рог.
ФЕЉТОН - 24. ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ВО СЕУЛ 1988 ГОДИНА Иако дисквалификацијата на атлетскиот спринтер Канаѓанецот Бен Џонсон беше најголемата приказна на 24. Летни олимписки игри (ЛОИ) во Сеул 1988 година, на овие Игри беа постигнати и одлични резултати.
МАКЕДОНСКИ ОЛИМПИЈЦИ, ЛОИ 2004 - ЛАЗАР ПОПОВСКИ, КАЈАК НА ДИВИ ВОДИ Најдобриот македонски кајакар ја претставуваше Македонија на сите ЛОИ од осамостојувањето, во Барселона, Атланта и во Сиднеј - На ЛОИ 2004 посакува пласман во полуфиналето во К-1 слалом Кајакарот Лазар Поповски е македонски ...