TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Наумоски и Ѓуров се приклучија во подготовките

Дневник - 19.01.2002

КОШАРКА - ЗА квалификациските МЕЧЕВИ Капитенот Петар Наумоски и Марјан Ѓуров и се приклучија на македонската кошаркарска репрезентација на подготовките за квалификациските средби за Европско првенство 2003 против Германија во Охрид и Кипар во Никозија, на 23, односно 26 јануари.

Бугарија - Македонија 87:90

Утрински - 18.01.2002

Кошарка Најдобрата македонската кошаркарска репрезентација под водство на селекторот Давитков успешно го заврши дводневниот престој во соседна Бугарија каде во рамките на подготовките за претстојните два квалификациски мечеви, за пласман на ЕП во Шведска 2003 година, против Германија во Охрид и на ...

Во Охрид и Ѓуров, отпаднаа Димитровски и Тасов

Вест - 18.01.2002

На подготовките на нашата репрезентација во Охрид пред претстојните квалификациски дуели селекторот Јорданчо Давитков ќе работи со 11 кошаркари. На подготовките се враќа Марјан Ѓуров, за кого здравствените тестови покажаа дека се работи само за замор, а од денес во Охрид пристигнува и Слободан ...

Комплетни в недела навечер?

Дневник - 18.01.2002

КОШАРКА - И ВТОРА ПОБЕДА ПРОТИВ БУГАРИЈА Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Јорданчо Давитков, е задоволен од играта и од победите на нашиот тим во двете подготвителни средби против Бугарија, одиграни во Софија. - Особено добро одигравме на првиот меч.

Ги растуривме Бугарите

Дневник - 17.01.2002

КОШАРКА - ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧ ВО СОФИЈА Иако значително ослабена, македонската машка кошаркарска репрезентација, во Софија ги победи своите бугарски колеги со 97-78 во првиот од двата пријателски дуела. Двете селекции се подготвуваат за важните средби од квалификациите за ЕП 2003, кои ќе се играат на ...

Ѓуров остана во Скопје поради проблеми со срцето?

Дневник - 16.01.2002

КОШАРКА Младиот кошаркарски репрезентативец и член на Фершпед Работнички, Маријан Ѓуров, не отпатува во Софија на пријателските средби со Бугарија. Завчера на градите му беше ставен апарат за мерење на работата на срцето, т.н. холтер, откако лекарите сакаа да проверат дали е се во ред со него.

Македонската кошаркарска репрезентација ја победи селекцијата на Бугарија

А1 - 15.01.2002

Македонската кошаркарска репрезентација ја победи во првиот контролен натпревар селекцијата на Бугарија во рамките на подготовките за престојните квалификациски средби за ЕП 2003 година во Шведска против Германија на 23 јануари во Охрид и три дена подоцна против Кипар во гости.

Без капитенот на двете контроли

Вест - 15.01.2002

МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ДЕНЕС ПАТУВА ЗА БУГАРИЈА Македонската кошаркарска репрезентација денеска патува за Бугарија каде вечерва и утре ќе одигра два пријателски натпревара со соодветната селекција на Бугарија.

Болните нема да одат на "контрола" во Софија

Дневник - 15.01.2002

КОШАРКА - А-ТИМОТ СЕ ПОДГОТВУВА ЗА КВАЛИФИКАЦИИТЕ Наумоски и Симиќ имаат вирус, а Илиевски, Стефанов и Шљиванчанин поради клупски обврски нема да играат во двете контролни средби со Бугарија Македонската машка кошаркарска репрезентација ослабена оди во Софија, каде што денеска и утре ќе одигра две ...

Во Софија без петмина репрезентативци

Утрински - 14.01.2002

Со многу проблеми националниот состав утре патува за Бугарија Продолжуваат маките на селекторот на македонската кошаркарска репрезентација во пресрет на двата дуели од квалификациите за ЕП 2003 година, против Германија и Кипар, кои ќе се одиграат кон крајот на месецов.