TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Росин кажал дека Косово ќе биде независно, па оди на Карибите

Време - 25.02.2006

ПРЕГОВОРИ МЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА Мислам дека 2006 година ќе биде годината во која Косово, по се изгледа, ќе стане независно, изјавил американскиот дипломат Лери Росин, втор човек во мисијата на Обединетите нации на Косово, УНМИК.

ДВЕТЕ СТРАНИ НА ПРОКЛЕТИЕ

Вечер Прес - 25.02.2006

Втората рунда преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово продолжува на 17 март во Виена, а во меѓувреме експерти на Обединетите нации ќе се обидат со двете страни да дефинираат неколку конкретни прашања, од кои повеќето се поврзани со децентрализацијата на Косово.

Италија за решение што ќе гарантира мултиетничко и стабилно Косово

А1 - 24.02.2006

Италија сака решение за статусот на Косово што ќе ја осигури неговата мултиетничност и ќе ја гарантира неговата стабилност, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Џанфранко Фини. Во соопштение објавено по вчерашната средба на Фини со специјалниот пратеник на Обединетите нации за Косово ...

Албанија го поддржува Косово за одбележувањето на границата

А1 - 24.02.2006

Албанија е на иста линија со косовските политичари кога се работи за одбележувањето на границата на Македонија кон Косово. Прво независност, па договор меѓу Скопје и Приштина околу одбележувањето на границата . Ова е ставот на албанскиот министер за одбрана, Фатмир Медиу, пренесен по денешната ...

Демаркацијата на границата - дел од преговорите за Косово

Утрински - 24.02.2006

Стејт департмент Вашингтон - Демаркацијата на северната граница меѓу Косово и Македонија треба да биде решено како дел од преговорите за конечниот статус на српската покраина. Ова на трибина во вашингтонскиот центар "Вудро Вилсон" го изјави заменик-помошникот на секретарот за Европа и Евроазија од ...

РОЗМАРИ ДИ КАРЛО: ДЕМАРКАЦИЈАТА НА ГРАНИЦАТА СО КОСОВО ДА СЕ РЕШИ КАКО ДЕЛ ОД ПРЕГОВОРИТЕ ЗА СТАТУСОТ

Вест - 24.02.2006

Вашингтон, 23 февруари (МИА) - Розмари Ди Карло, заменик-помошник секретар за Европа и Евроазија во американскиот Стејт департмент смета дека демаркацијата на северната граница на Македонија треба да биде решена како дел од преговорите за конечниот статус на Косово, јави радиото Гласот на Америка ...

Косовскиот пакет

Дневник - 24.02.2006

Христо Ивановски Конечно се е јасно со разграничувањето помеѓу Македонија и Косово. Целата меѓународна заедница застана на ставот дека прашањето за границата ќе оди во пакет со преговорите за статусот на покраината. Паднаа во вода препораките на Меѓународната кризна група, сигналите од Вашингтон и ...

Ди Карло: Демаркацијата како дел од преговорите за статусот

А1 - 23.02.2006

Демаркацијата на северната граница меѓу Косово и Македонија треба да биде решено како дел од преговорите за конечниот статус на српската покраина. Ова, на трибина во вашингтонскиот Центар „Вудро Вилсон“ го изјави заменикот-помошник секретар за Европа и Евроазија од Стејт департмент Розмари ди Карло.

Разграничувањето со Косово ќе се реши во Њујорк

Дневник - 23.02.2006

РАЗНОГЛАСИЕ ЗА ОБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА СЕВЕРНАТА ГРАНИЦА Светлана Јовановска Наша дописничка од Брисел Европската Унија нема јасен став за тоа дали македонската граница со Косово треба да се обележи пред, во текот или по завршувањето на преговорите за статусот на Косово.

Рохан: Нема мултиетничко општество на Косово

Време - 23.02.2006

ЗАВРШИЈА ПРВАТА РУНДА ПРЕГОВОРИ ЗА СТАТУС НА ПОКРАИНАТА Првата рунда преговори за конечниот статус на Косово меѓу тимовите на Белград и на Приштина заврши вчера во Виена. Продолжението на преговорите за децентрализацијата на власта во покраината е закажано за 17 март, кога се најавени посериозни и ...

Роан: Решението за Косово можеби до крајот на годината

А1 - 22.02.2006

„Решение за идниот статус на Косово би можело да се најде до крајот на оваа година“, оцени заменикот на специјалниот пратеник на ОН за преговорите за Косово, Алберт Роан за Би-Би-Си. „Технички гледано, решението би можело да биде изнајдено во текот на наредните неколку месеци, бидејќи се работи за ...

Вајт: ЕУ ќе го признае независно Косово

А1 - 22.02.2006

Клучното прашање на преговорите за конечниот статус на Косово не е дали ќе остане или не во рамките на Србија бидејќи со сигурност ќе стане независно, и тоа најверојатно оваа или наредната година. Ова го изјави директорот за Европа на Меѓународната кризна група Николас Вајт, во интервју за српскиот ...

Белград и Приштина дебатираа за децентрализацијата на Косово

Вест - 22.02.2006

"Постигната е согласност во многу конкретни прашања", истакна Роан на прес-конференцијата одржана во палатата Даун-Кински во Виена. ВИЕНА, 22 февруари - Втората рунда од првите директни преговори меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово започнаа вчера околу пладне во Виена.

Бусек: Прво статусот на Косово, па демаркација

Утрински - 22.02.2006

ИЗЈАВА ВаШингтон - Прашањето за демаркација на македонската северна граница треба да биде затворено откако ќе биде донесена одлуката за конечниот статус на Косово, оцени специјалниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек, во обраќањето на трибина во Центарот ...

Топло-ладно за разграничувањето со Косово

Дневник - 22.02.2006

ДИПЛОМАТСКИ ИГРИ Македонија не отстапува од својата позиција обележувањето на северната граница да заврши пред да се дефинира конечниот статус на Косово. Ваквиот став го поддржува и официјален Вашингтон, меѓутоа специјалниот координатор на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа, Ерхард Бусек, ...

Србите воздржани, Албанците сигурни во себе

Време - 22.02.2006

ПРЕГОВОРИ ЗА ИДНИОТ СТАТУС НА КОСОВО Во Виена вчера продолжија преговорите меѓу тимовите на Србија и Косово, кои расправаат за полициската служба, правосудството, јавните услуги и статусот на државните компании на територијата на Косово.

Големи разлики во ставовите за иднината на Косово

Утрински - 22.02.2006

Заврши првата рунда разговори меѓу Белград и Приштина Виена - Заеднички заклучок на учесниците на разговорите меѓу Белград и Приштина за децентрализација на Косово, што почнаа завчера во Виена, е дека тие беа толерантни, конструктивни и информативни, изјави заменикот на специјалниот пратеник на ...

Првата рунда поминабез крв на подот

Дневник - 22.02.2006

ПРЕГОВОРИ ЗА СТАТУСОТ НА КОСОВО Меѓународните посредници и дипломатите се задоволни од првата рунда на преговорите помеѓу Белград и Приштина за статусот на Косово, која заврши вчера во Виена. Домаќинот на преговорите, австрискиот дипломат Алберт Роан, изјави дека е постигната согласност за "многу ...

Црвенковски: Обележување мора да има пред статусот на Косово

Време - 22.02.2006

ДРЖАВНИОТ ВРВ ОПСТОЈУВА НА ПОЗИЦИИТЕ Обележувањето на северната граница кон Косово мора да заврши пред утврдувањето на финалниот статус на Косово, порача вчера македонскиот претседател Бранко Црвенковски, поздравувајќи го почетокот на разговорите меѓу Белград и Приштина со посредство на ...

Бусек: Демаркација на границата по преговорите за статусот

А1 - 21.02.2006

Демаркацијата на границата помеѓу Косово и Македонија треба да биде затворено, но тоа прашање најверојатно ќе се разреши по преговорите за финалниот статус на Покраината, оцени специјалниот координатор на Пактот за стабилност Ерхард Бусек.

Првата рунда преговори за Косово заврши

А1 - 21.02.2006

Преговорите почнаа. Тоа и за Белград и за Приштина е најважниот резултат на дводневната, прва рунда, на преговорите за идниот статус на Косово. Продолжението е закажано за 17 март, исто така во Виена и повторно ќе се разговара за децентрализација на власта во Косово.

ЕУ сака рамковно, а не дејтонско Косово

Време - 21.02.2006

ПОЧНАА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ИДНИОТ КОСОВСКИ СТАТУС Преговорите ги водат, од косовска страна, министерот на локалната самоуправа Љутфи Хазири, советникот на косовскиот претседател Скендер Хисени, координаторот на работните групи за преговори Блерим Шаља, министерот за здравство Садик Идризи и претставници ...

Први директни преговори меѓу Белград и Приштина

Утрински - 21.02.2006

Стартуваа официјалните средби за идниот статус на Косово Во првиот дел на средбата двете делегации ги претставуваат своите видувања за децентрализација на Косово Виена - Во Виена вчера претпладне почнаа првите директни преговори меѓу Белград и Приштина за децентрализација на власта во Косово.

Србите лути по изјавата на Ахтисари

Време - 21.02.2006

Српската делегација во Виена протестирала по изјавата на главниот преговарач Марти Ахтисари, кој изјави дека решението мора да биде во согласност со волјата на мнозинството од населението на Косово, односно на Албанците. Ахтисари пред почетокот на преговорите се сретнал со српската делегација.

Преговорите за Косово почнаа без ракувања

Вест - 21.02.2006

ВИЕНА, 21 февруари (Ројтерс) - Србите и косовските Албанци вчера седнаа на заедничка маса во Виена за првата рунда преговори за судбината на покраината каде што Албанците се уверени дека ќе добијат независност. ВИЕНА, 21 февруари (Ројтерс) - Србите и косовските Албанци вчера седнаа на заедничка ...

Ахтисари веќе го смета Косово за независно

Дневник - 21.02.2006

БУРЕН ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ ПОМЕЃУ БЕЛГРАД И ПРИШТИНА Косово ќе биде независно зашто така веројатно ќе сакаат огромното мнозинство жители. Со оваа прогноза посредникот Марти Ахтисари ги зачини преговорите за Косово уште пред шеснаесетте делегати од Приштина и од Белград да седнат на спротивните ...

Демаркација на границата кон Косово пред конечниот статус - Црвенковски против изјавата на Бусек

Канал5 - 21.02.2006

Пактот за стабилност промовира различна позиција од онаа на меѓународната заедница за демаркацијата на границата кон Косово. Пактот за стабилност промовира различна позиција од онаа на меѓународната заедница за демаркацијата на границата кон Косово..

Според сценариото на Ахтисари

Вечер Прес - 21.02.2006

Во Виена вчера почнаа првите директни преговори меѓу Белград и Приштина за децентрализација на власта во Косово. Преговорите почнаа во сенка на завчерашното интервју на шефот на Марти Ахтисари за "Шпигел" во кое тој го прејудицираше резултатот од преговорите за идниот статус на покраината.

Тачи: Приштина ќе преговара за се освен за независноста на Косово

А1 - 20.02.2006

Делегацијата на Приштина на преговорите во Виена е подготвена да преговара за се, освен за независноста на Косово. Ова го изјави лидерот на Демократската партија на Косово Хашим Тачи, во интервју за словачкиот дневник СМЕ, додавајќи дека за тоа ќе биде решено уште оваа година.

Почнаа преговорите за Косово меѓу Белград и Приштина

А1 - 20.02.2006

Зад затворени врати, во виенската палата Даун Кински, претпладнево почнаа долго очекуваните директни преговорите меѓу Белград и Приштина за конечниот статус на Косово. Првата сесија на преговорите, на кои се разговарало за децентрализацијата на Косово, минала во коректна атмосфера, но и без ...

Почнуваат преговорите меѓу Белград и Приштина за статусот на Косово

Канал5 - 20.02.2006

Во палатата Даун-Кински во Виена денеска ќе почнат преговорите на Белград и Приштина за статусот на Косово, со воведен говор на Албер Роан, заменик на специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации за преговорите за иднината на Косово.

Децентрализација на Косово според охридскиот модел

Утрински - 20.02.2006

Според интерна анализа на ЕУ Евентуалниот српски ентитет во некои сегменти би довел во воспоставување мрежа на српски општини како територијално продолжение на Република Српска Брисел - Децентрализацијата на Косово е подобро да се одвива според Охридскиот договор, отколку според претерано ...

Почнуваат преговорите за Косово

Вест - 20.02.2006

БЕЛГРАД, 20 февруари (Ројтерс) - Србите и косовските Албанци денес ќе се сретнат во Виена на првата рунда директни преговори за да ја решат судбината на оваа српска покраина, додека речиси се укажува дека таа ќе добие независност.

Oхридскиотмодел подобар од дејтонскиот

Дневник - 20.02.2006

Децентрализацијата на Косово треба да се спроведе според Охридскиот договор, а не според сложениот дејтонски модел врз кој е втемелена државна структура во Босна и Херцеговина, се вели во интерната анализа на членките и институциите на Европската Унија.

Тешките преговори почнуваат со лесни прашања

Дневник - 20.02.2006

ПОСРЕДНИКОТ АХТИСАРИ ЗАДАДЕ ТЕМА ЗА ПРВАТА РУНДА РАЗГОВОРИ ЗА КОСОВО Делегациите од Белград и од Приштина денеска во 10 часот првпат ќе седнат на спротивните страни на преговарачка маса во австрискиот дворец "Даун Кински" и со аргументи и дипломатски трикови ќе ја почнат борбата за статусот на ...

Србите и косовските Албанци ќе го кршат мразот за Косово

Утрински - 20.02.2006

Прва рунда од директните преговори за иднината на српската покраина Косово за Србите има речиси митски статус, централен за нивната историја и идентитет веќе 1.000 години БЕЛГРАД - Србите и косовските Албанци денеска ќе се сретнат во Виена на првата рунда од директните преговори на кои треба да се ...