TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Езеро на Плоштадот

Вест - 24.02.2005

ЛИЗГАЛИШТЕТО НЕ МОЖЕ ДА ЗАМРЗНЕ ПОРАДИ ТОПЛОТО ВРЕМЕ Малото монтажно лизгалиште кое во втоникот го отвори градоначалникот Пенов не може да замрзне поради високите температури. На денот на отворањето беше дозволено лизгање само за деца зашто половината од лизгалиштето беше под вода.

Отворено мини лизгалиштето

Вечер Прес - 23.02.2005

Монтажното мини лизгалиште кое од вчера почна да функционира на плоштадот "Македонија", привлече голем интерес кај скопјани. Сепак, младите беа најбројни во желбата да ги испробаат своите вештини на мраз, а самиот простор претставуваше вистинска атракција.Според надлежните во градот, ваквите ...

Пенов демантира дека за лизгалиштето дал пари од градската каса

Вест - 22.02.2005

Скопскиот градоначалник Ристо Пенов демантира дека за поставување на мини лизгалиштето на Плоштадот Македонија биле употребени средства од градската каса. Тој вели дека овој проект е дел од манифестацијата "Суперско", која е финансирана со донација од компаниите Мекдоналдс и Некст.

Лизгалиштето на плоштадот почнува со работа

Утрински - 22.02.2005

Денеска се отвора едномесечната зимска атракција Денеска во 16 часот градоначалникот Ристо Пенов официјално ќе го предаде во употреба отвореното монтажно лизгалиште лоцирано на градскиот плоштад. Мини-лизгалиштето ќе работи секој ден, во две смени, во термини од 10 до 14 часот и од 17 до 21 часот.

Лизгалиште на плоштадот

Утрински - 21.02.2005

фотовест Изминатиот викенд заврши монтирањето на отвореното монтажно лизгалиште на Градскиот плоштад во близина на кафулето †Трендди. Според најавите од Градот и луѓето задолжени за одржување на лизгалиштето, тоа треба да почне со работа денеска, во две смени, од 10 до 14 часот и од 17 до 21 часот.

Пенов чести лизгање на плоштад Македонија

Вест - 21.02.2005

Градските власти викендов на плоштадот Македониија го монтираа малото лизгалиште со капацитет од 120 лизгачи. Според информациите од надлежните во Градот, ова монтажно лизгалиште ќе биде отворено деновиве, а скопјани ќе можат да се лизгаат на плоштадот до 16 април.

Монтирано отвореното лизгалиште

Време - 21.02.2005

НА ПЛОШТАДОТ На плоштадот „Македонија“ вчера беше монтирано отворено лизгалиште со капацитет за 120 лизгачи, информираат од градската управа. Тоа ќе биде отворено од 16 март до 16 април. Монтажното лизгалиште е изработено од австриската компанија АЦП, долго е 20, а широко 15 метри.