TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Свети Валентин однесе милиони евра во Италија

Вест - 17.02.2005

РИМ - Празникот на вљубените, 14 февруари, стана вистински бизнис во Италија на што упатуваат податоците дека во пресрет на Свети Валентин се продадени 20 милиони чоколади во вредност од 120 милиони евра, и накит и други подароци за повеќе од 150 милиони евра.

Од Русија со љубов за Свети Валентин

Дневник - 16.02.2005

ЛОИ 2012 Членовите на Комисијата за проценки на ИОК биле изненадени кога за 14 февруари, Свети Валентин, Денот на вљубените, добиле честитки од Москва, еден од кандидатите за домаќин на ЛОИ 2012, со порака "Биди ми Валентин, од Русија со љубов".

Трифун на патерица на Св.Трифун

Вечер Прес - 16.02.2005

Скопското Основно училиште "11 Октомври" вчера прославуваше. Не патронен празник, не некој значаен државен датум, туку именден. И тоа Св. Трифун. Додуша на патерица, ама денот си е ден. Не е обичен, нели, а и не го славеше кој било, туку Трифун Костовски.

На бендисување во Брисел

Дневник - 15.02.2005

Коментар - Светлана Јовановска Свети Трифун и Свети Валентин, двајцата христијански светци што живееле отприлика во ист период, се предвесници на пролетта. Свети Трифун, исцелител, забил лозова прачка во земја и зимата си заминала.

Свети Валентин или Свети Трифун

А1 - 14.02.2005

„Ние го славиме Св. Трифун“, велеа едни граѓани. „Ние Св Валентајн“, велеа други граѓани. Вака Скопјани го прославуваат 14-ти февруари. За едните е Св. трифун, заштитник на лозарите и виното, за другите Св. Валентин, денот на вљубените.

Лозарите од Тиквешијата го прославија Св. Трифун

А1 - 14.02.2005

Со пресна погача, црвено вино и режење на првата фиданка лозарите се помолија за богат и здрав род. „Сите да му се помолиме на Господ и на Св. Трифун дека оваа година пак ќе ни биде бериќетна“, велеа Кавадарчани. Во Кавадарци чинот на закројување го изведоа тројцата владици Агатангел, Тимотеј и ...

Трибина за празникот Св. Трифун

Време - 14.02.2005

ПРИЈАТЕЛИ НА ОПЕРАТА Трибина со предавање за значењето на празниците Св. Трифун и Св. Валентин вечерва, во 19 часот, организира здружението „Пријатели на оперската уметност“. Предавањето ќе се одржи на Малата сцена во салонот на Македонската опера и балет. За празниците ќе говори проф.

Пијани што од вино, што од љубов

Време - 14.02.2005

ОПШТО СЛАВЈЕ ЗА СВЕТИ ТРИФУН И СВЕТИ ВАЛЕНТИН Со симболично закројување на лозите во дворот на кавадаречката црква „Св. Димитрија“ и со осветување на новата црковна зграда денеска митрополите Агатангел, Тимотеј и Наум ќе го означат почетокот на славјето на Свети Трифун, празник на лозарите, ...

Денеска е православниот празник СВ Трифун кој се празнува низ целата држава.

Канал5 - 14.02.2005

Поглаварот на Македонската православна црква г-н г-н Стефан го посети скопското село Кучково, каде има црква која го носи името на маченикот Трифун. 4 години по ред пратеникот Трифун Костовски е гостин во селото. Тој донираше за санирањето на црквата .

Да и наздравиме на љубовта!

Вечер Прес - 14.02.2005

Денес во светот се прославуваат два црковни празника. Според православниот календар - Свети Трифун, заштитникот на лозарите и овоштарите, а според католичкиот календар се слави Свети Валентин, Денот на вљубените. Овие празници ја најавуваат пролетта, будењето на природата, на пролетните активности, ...