TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Турција и Јордан против поделба на Ирак

А1 - 25.11.2006

Соседите на Ирак, Турција и Јордан, денеска предупредија дека поделбата на оваа земја ќе доведе до нова фаза на верско крвопролевање и оти ќе го однесе целиот регион во хаос. Турскиот премиер Таип Реџеп Ердоган и неговиот јордански колега Маруф Бакхит по разговорите во Аман изјавија дека поделбата ...

Нема мир во Ирак без Сирија и Иран

Дневник - 24.11.2006

Техеран ќе бара да има улога во Ирак, но ќе претстојат долги преговори колкав да биде степенот на влијание Сирија и Иран, двете најозлогласени земји во политичкиот атлас на администрацијата на американскиот претседател Џорџ Буш, се чини ја држат во своите раце судбината на американските планови за ...

План за Ирак: Повеќе, подолго, па дома

Дневник - 24.11.2006

Таа постапка прилега на специфичниот танц на Мајкл Џексон - чекори назад, а се чини дека чекори напред Анализата на Пентагон како да се подобри катастрофалната ситуација во Ирак исфрла на површината три основни опции: испраќање повеќе трупи, приспособување на силите да функционираат во помал ...

ОН: Рекорден број мртви во Ирак во октомври

Вест - 23.11.2006

БАГДАД, 23 ноември (Би-Би-Си) - Црниот биланс во Ирак во октомври достигнал рекордна бројка со повеќе од 3.700 загинати во насилствата, се вели во извештај на ОН. Најголем дел од 3.709 загинати биле убиени во секташките напади - речиси 200 повеќе од претходниот рекорд во месецот јули.

Во октомври 3.709 загинати цивили во Ирак

А1 - 22.11.2006

Бројот загинати цивили во Ирак во октомври месец е 3.709, соопштија Обединетите нации. „Цивилите во Ирак и понатаму се жртви на терористички акти, од поставени бомби покрај патишта, убиства од возила во движење, меѓусебни престрелки на банди или меѓу полицијата и бунтовниците, киднапирања, воени ...

19 загинати во два инциденти во Ирак

А1 - 22.11.2006

Во два инциденти во Ирак денеска загинаа 19 лица, соопштија властите. Седум обезбедувачи беа убиени во бомбашки напада, додека чекале ред за плата во Искандарија, јужно од Багдад. Загинатите работеле како обезбедување на локални објекти.

Ирак и Сирија ги обновија дипломатските односи

А1 - 22.11.2006

Ирак и Сирија целосно ги обновија дипломатските односи, повеќе од две децении откако ги прекинаа на почетокот од владеењето на Садам Хусеин во Ирак. Веста за обновување на дипломатските односи, како што јави Би-Би-Си, е соопштена во Багдад по разговорите меѓу шефовите на дипломатии на двете држави.

Три сценарија за спас на Ирак

Време - 22.11.2006

ВЕСНИКОТ „ВАШИНГТОН ПОСТ“ ДОШОЛ ДО ТАЕН ПЛАН Американскиот весник „Вашингтон пост“ објави детали од таен план на американската армија со три можни сценарија за Ирак. Планот се разработува по победата на Демократската партија на изборите во САД и по расправата меѓу републиканците и демократите за ...

По 25 години, Ирак и Сирија ја обновија дипломатијата

Утрински - 22.11.2006

Ирак се надева дека потегот може да помогне во сопирањето на сириската поддршка на милитантите БАГДАД - Ирак и Сирија вчера се согласија целосно да ги обноват дипломатските односи по прекинот од речиси 25 години, потег за кој Ирак се надева дека може да помогне во сопирањето, како што посочува, на ...

Багдад и Дамаск ги обновија дипломатските односи

Дневник - 22.11.2006

Ирак и Сирија вчера ги обновија дипломатските односи, кои беа замрзанти речиси четвртина век, јави Ројтерс. - Ирачкото знаме ќе биде кренато во Сирија, а сириското во Ирак - изјави ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари.

Ирак и Сирија се смирија

Вечер Прес - 22.11.2006

Ирак и Сирија вчера ги обновија дипломатските односи по прекин од 25 години, соопштија во Багдад министрите за надворешни работи на двете земји. Ирачкиот министер за надворешни работи Хошијар Зебари изјави дека двете држави ќе соработуваат во областа на безбедноста и оти нивни експерти ќе се ...

Хенри Кисинџер предлага светски собир за Ирак

Дневник - 21.11.2006

Поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер предложи меѓународна конференција на која ќе се разгледа иднината на Ирак Поранешниот државен секретар на САД Хенри Кисинџер предложи меѓународна конференција на која ќе се разгледа иднината на Ирак, јави Макфакс.

Македонија засега не размислува да се повлече од Ирак

Време - 21.11.2006

МИНИСТЕРСТВО ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ Засега Македонија не размислува за повлекување од Ирак, но и понатаму ќе продолжиме да ја следиме состојбата таму, изјави вчера за „Време“, портпаролката на Министерството за надворешни работи, Шпреса Јусуфи.

Кисинџер: Нема шанси за победа во Ирак

Време - 21.11.2006

ВЕСТИ ОД ИРАК Легендарниот американски политичар Хенри Кисинџер изјави дека САД не можат војнички да победат во Ирак. - Ако под „воена победа“ сметате зборот на властите на Ирак да се слуша низ целата земја, да се стават под контрола граѓанската војна и верското насилство и сето тоа во временски ...

Сирија и Ирак по 25 години ќе ги обноват дипломатските односи

Канал5 - 21.11.2006

Ирак и Сирија ќе ги обноват дипломатските односи, прекинати пред 25 години, соопштија високи претставници на ирачката Влада. Багдад, 21 ноември (МИА) - Ирак и Сирија ќе ги обноват дипломатските односи, прекинати пред 25 години, соопштија високи претставници на ирачката Влада.

Не е можна победа во Ирак

Вечер Прес - 21.11.2006

Сивата еминенција на американската политика Хенри Кисинџер смета дека не е можна победа на САД во Ирак. Според него, американската војска не може да им гарантира на ирачките власти дека во догледно време ќе воспостават свој мандат во целата земја и дека ќе им појде од рака да ги запрат верските ...