TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Примирје во Арачиново

А1 - 24.06.2001

По денешната предпладневна жестока офанзива на македонските безбедносни сили nа позициите на терористите во Арачиново попладнево примирје побарано и диригирано од НАТО, ЕУ и САД. Македонските безбедносни сили ги натераа терористите да се повлечат. Секоја куќа сега се „прочешлува“.

Трет ден од акцијата во Арачиново

А1 - 24.06.2001

Третиот ден на акцијата на македонските сили за безбедоност за чистење на албанските екстремисти од Арачиново започна во 7 часот изутринава со жесток артилериско-тенковски оган. Нешто пред 10 часот претпладнево во акција стапија два хеликоптера на армијата кои го гранатираа каналот на почетокот на ...

Напади во два реони во кумановско

А1 - 24.06.2001

Повремени детонации и истрели се слушаат во реонот на кумановско.Операцијата во овој предел е со дефанзивен карактер. Македонските безбедносни сили сакаат да ги задржат своите сегашни позиции. Се дејствува во два реони, на 4 селски атари.

Состојбата во тетовско и кумановско

А1 - 23.06.2001

Во тетовскиот регион денеска беше мирно се до доцните пладневни часови кога се слушнале истрели и детонации. Денеска на железничката пруга во близина на Долно Орашје било стрелано во возот кој се обраќал на линија Скопје - Кичево.

Продолжува акцијата во Арачиново

А1 - 23.06.2001

Македонската војска и полиција ја продолжува решителната акција за отсранување на албанските терористити од Арачиново и неговиот регион. Денешната втора офанзива на македонските безбедносни сили започна во 8 часот кога артилеријата започна да стрела во терористичките упоришта кон крајот на селото, ...

Акцијата на АРМ и на полицијата почна во Никуштак

Вест - 23.06.2001

ВЧЕРА СЕ ВОЈУВАШЕ И ВО КУМАНОВСКО Меѓу селата Никуштак и Арачиново бил опколен и отсечен полициски пункт, каде се наоѓаат околу 20 полицајци од две смени. Има двајца полесно повредени. Вчера терористите продолжиле да ги палат куќите на Македонците и Србите во Матејче.

Се ослободува Арачиново

Вест - 23.06.2001

КОНЕЧНО, ЖЕСТОКА ОФАНЗИВА ВО ОКУПИРАНОТО СКОПСКО СЕЛО Околу пладне, единиците на АРМ веќе влегоа во дел од селото и почнаа со детално чистење на теренот, а според армиски извори, планот бил до вечерта да се преземе контролата над целото село.

Дијалогот треба да продолжи низ институциите на системот

Дневник - 23.06.2001

Димитар Димитров-Преговори Алтернатива на овој несоодветен дијалог меѓу несоодветни партнери, е продолжувањето на дијалогот низ институциите на системот и "дијалогот" на ЕУ и на НАТО со командантите на ОАК/ОНА, кои ќе ги "убеди" да се воздржат од страста кон етничко чистење во Косово и пошироко Има ...

Огнен обрач околу терористите

Дневник - 23.06.2001

БЕЗБЕДНОСНИТЕ СИЛИ ПОЧНАА СО ЧИСТЕЊЕ НА БАНДИТЕ ВО aраЧиново Терористичките банди од Никуштак се обидоа да го пробијат обрачот, но беа разбиени од армиските сили Македонските сили за безбедност вчераутро ги нападнаа позициите на терористите во Арачиново, а единици на војската и полицијата заземаа ...

Арачиново — македонски рубикон

Дневник - 23.06.2001

Коментар - Катерина Блажевска Ако една верверичка беше доволна за "стручно" да ги прекине ТВ-каблите, да не остави во информативен молк, да ја зголеми потрошувачката на бензин и да им ги спакува куферите на половина граѓани на Скопје, знае ли некој колку верверички ќе ни бидат потребни за да ја ...

Акција на безбедносните сили вo Арачиново

А1 - 22.06.2001

Безбедносните сили на Република Македонија рано утринава започнаа офанзива во арачиновскиот регион за ослободување на селото кое албанските терористи две недели го држат под окупација. Македонската војска и полиција офанзивата на Арачиново ја започна утрово околу 4 часот со стрелање на светлечки ...

По три години затвор за докажан тероризам

Вест - 22.06.2001

ВО ОСНОВНИОТ СУД ВО КУМАНОВО ИЗРЕЧЕНИ ПРЕСУДИТЕ ПРОТИВТРОЈЦАТА ТРАНСПОРТЕРИ НА ОРУЖЈЕ ОД АРАЧИНОВО На судењето Обвинителот, пред судот приложил докази - списоци на ОНА во кои се споменува меѓу другите и името на Назми Сулејмани со прекарот Волк еден од командантите на терористите во Арачиново, а во ...

Осудени седум албански терористи

Дневник - 22.06.2001

КУМАНОВО Седум припадници на терористичката ОНА вчера беа осудени на вкупно 20 години затвор со пресуда на кумановскиот Основен суд Седум припадници на терористичката ОНА вчера беа осудени на вкупно 20 години затвор со пресуда на кумановскиот Основен суд.

Престрелки во Арачиново

А1 - 21.06.2001

Во Арачиново престрелки и поладнево околу 19 и околу 17 часот. Повредени од македонските полицајци нема. Скоро целиот ден можеа да се слушнат повремени поединечни истрели, рафали и детонации. Полицијата од пунктовите околу Арачиново повторно забележала прегрупирање на терористите внатре во селото.

Во Арачиново се пука, во Лопате фрлена граната

Вест - 20.06.2001

Вчера во 11.45 часот терористите фрлиле минофрлачка граната на полицискиот пункт во реонот на кумановско Лопате. Гранатата паднала и експлодирала во блиската шума. Притоа не била причинета материјална штета ниту пак има жртви. До пладневните часови ова била единствената провокација на терористите.

Жестоки престрелки кај Арачиново

Дневник - 20.06.2001

ВО КУМАНОВСКО МИРНО Терористите од Арачиново вчера од пладне стрелаа врз позициите на полицијата околу селото. Тие вчера запалија куќа во источниот дел на Арачиново и повторно ги запалија полињата со жито југоисточно од селото.

Дневник: заробена група терористи

А1 - 19.06.2001

Група заробени терористи во униформи, кои биле ранети, биле донесени вчера во Клиничкиот центар во Скопје, пишува скопски „Дневник", повикувајќи се на очевидци, додавајќи дека ниту еден претставник на безбедносните сили не ја потврдил, ниту демантирал таа информација.

Во Арачиново утринава провокации

А1 - 19.06.2001

Во текот на денот во Арачиново - мирно. Меѓутоа провокации имаше утрово. Првите провокации започнале околу 10:30 часот и биле насочени кон пунктовите на македонската полиција. Рафали и детонации се слушале се до 12 часот, а оттогаш се слушаат само поединечни истрели.

Горат полињата околу Арачиново и Мојанце

Вест - 19.06.2001

Вчера дел од полиња околу селата Арачиново и Мојанце беа во пламен и чад. Причина за избувнувањето на пожарот кој последниве денови е декор на окупираното Арачиново, се престрелките меѓу безбедносните сили кои жестоко одговараат на провокациите на терористите.

Одбраната и обвинителството ги презентираа завршните зборови

Вест - 19.06.2001

ОБВИНЕТИТЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ ОД АРАЧИНОВО ПРЕД ПРЕСУДА Вчера, во Основниот суд во Куманово заврши доказната постапка во случајот транспорт на оружје за селото Брест во кој учествувале лицата Исмаил Муртезани, Амзи Демири и Емин Емини сите од селото Арачиново, обвинети за кривично дело тероризам.

Заврши судскиот процес против тројца арачиновци обвинети за тероризам

Дневник - 19.06.2001

ОСНОВЕН СУД-КУМАНОВО Со завршните зборови на обвинителството и на адвокатите од одбраната вчера во Основниот суд во Куманово заврши кривичната постапка против Исмаил Муртезани, Амзи Демири и Емин Емини, сите од скопското село Арачиново, обвинети за тероризам.

Престрелките меѓу терористите и силите за безбедност не престануваат

А1 - 18.06.2001

Албанските терористи, кои селото Арачиново во близина на Скопје го прогласија за слободна зона, доцна синоќа отвораа оган врз позициите на силите за безбедност кои ги контролираат приодите и селото. Албанските терористи го држат во опкружување селото.

Двајца терористи нападнаа полициски пункт во Тетово

Вест - 18.06.2001

ОБИД ЗА УРБАН ТЕРОРИЗАМ Неофицијално, терористите се обиделе да фрлат бомба кашикара врз пунктот при обид за нивно легитимирање, но веднаш по настанот биле фатени Вчера нешто по 13 часот, како што дознаваме од искажувања на граѓани двајца албански терористи при обид за нивно легитимирањеа го ...

На барање на одбраната, Судот изврши реконструкција

Вест - 18.06.2001

НОВИ ДЕТАЛИ ВО СУДСКИОТ ПРОЦЕС ПРОТИВ ОБВИНЕТИ ЗА ТЕРОРИЗАМ ОД АРАЧИНОВО Во секторот за внатрешни работи во Куманово беше извршена реконструкација на настанот што се случи на 16 март,годинава кога при претрес на моторно возило џип во кое што биле Исмаил Муртезани, Амзи Демири и Емин Емини сите од ...

Релативен мир во Арачиново

Вест - 18.06.2001

Вчера, за разлика од претходните денови во Арачиново ситуацијата е релативно мирна. Терористите кои што повеќе од една недела ова село го држат под опсада, вчера околу 9.15 часот отвориле оган од автоматско оружје кон еден од полициските пунктови во селото Брњарци.

Терористите палат ниви со жито и пукаат во полицијата

Дневник - 18.06.2001

ВО НИКУШТАК И АРАЧИНОВО Албанските терористи што се наоѓаат во селото Никуштак, во непосредна близина на Арачиново, вчера напладне ги палеа нивите со жито во околината на селото и пукаа од автоматско оружје кон позициите на македонските сили за безбедност Албанските терористи што се наоѓаат во ...