TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Никогаш нема да се предадеме - Хусеин

А1 - 11.08.2002

„Никогаш нема да се предадеме, дури и британските сили да се вклучат во американската воена акција против нашата земја“, изјавил ирачкиот претседател Садам Хусеин во интервју за британскиот весник „Мејли он Сандеј“. Хусеин, кој интервјуто му го дал на лабуристичкиот пратеник Џорџ Галовеј, сепак ...

Ирачката војска и републиканската гарда ќе се спротистават на Садам Хусеин

А1 - 11.08.2002

Ирачката војска вклучувајќи ја и елитната републиканска гарда се спремни да му се спротистават на Садам Хусеин изјави ирачки опозиционен лидер по средбата со високи американски официјални лица. Шариф Али Бин ал Хусеин од движењето за уставн монархија изјави дека тој ќе им каже на ирачките граѓани ...

Ирачки опозициони групи на разговор со потпретседателот Дик Чејни

А1 - 10.08.2002

Коалиција на ирачките опозициони групи треба да одржи конференција преку видео линк со американскиот потпретседател Дик Чејни за плановите за соборување на ирачкиот претседател Садам Хусеин. Министерот за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека исто така се надева денеска да се сретне со претставниците ...

Сирија може да биде следна

Утрински - 10.08.2002

Страв од американска интревенција над Ирак ДАМАСК - Сирија има многу причини да се спротиставува на американски напад за соборување на својот сосед, ирачкиот претседател Садам Хусеин - меѓу кои и стравот дека би можела да биде наредна доколку Вашингтон успее да ја преземе контролата во Багдад.

Буш регрутира Ирачани против Садам

Утрински - 10.08.2002

САД бара сојузници за соборување на претседателот Хусеин во ирачката опозиција Се разгледуваат опции за можен воен напад и за "промена на режимот" Група на ирачки опозициони лидери се наоѓа во Вашингтон за дискусија околу можните начини за соборување на претседателот Садам Хусеин.

Ирачкиот народ и неговата војска против Садам Хусеин

А1 - 09.08.2002

Ирачкиот народ и неговата војска многу брзо ќе го напуштат Садам Хусеин во случај на американска воена акција против неговиот режим, изјави претставник на ирачката опозиција во Вашингтон. „Никој во Ирак нема да се бори за Садам Хусеин“, изјави портпаролот на ирачкиот национален конгрес шариф Алибен ...

Ќе биде избегната пустинска битка

Утрински - 09.08.2002

"Лос Анџелес тајмс" за воените планови на ирачкиот претседател ВАШИНГТОН - Ирачкиот претседател Садам Хусеин има намера да одбегне директна пустинска битка, и да ги распореди своите војници во поголемите градови, пишува во вчерашниот број на "Лос Анџелес тајмс".

Садам не се плаши од американските закани

Утрински - 09.08.2002

Багдад ја одбележа годишнината од Ирачко-иранската војна БАГДАД - Ирачкиот претседател Садам Хусеин вчера изјави дека не е заплашен од американските закани за соборување на неговата администрација, и ги предупреди онии кои планираат да го нападнат Ирак, дека "ги копаат сопствените гробови".

Садам најави дека ќе се брани и ќе ги победи Американците

Дневник - 09.08.2002

ПРЕД ОЧЕКУВАНАТА ИНВАЗИЈА На улиците на Багдад граѓаните, кои веќе се отрпнати на војување, на големо зборуваат за американскиот напад што би требало да се случи в година Ирачкиот претседател Садам Хусеин вчера се закани дека земјата што ќе го нападне Ирак самата си копа гроб и ќе заврши на ...

Садам не се плаши од САД ќе возврати на напад

Вест - 09.08.2002

Конгресот на Колумбија каде што Алваро Урибе завчера ја кажа заклетвата како претседател и се заложи дека ќе се бори против левичарските герилци. Две експлозии најверојатно БАГДАД, 9 август (Ројтерс) - Ирачкиот претседател Садам Хусеин вчера во својот говор по повод годишницата од Иранско-ирачката ...

Хусеин од ирачаните ќе побара да се подготват за нова војна против САД

А1 - 08.08.2002

Американскиот претседател Џорџ Буш вети дека ќе биде трпелив и оти ќе се консултира со Конгресот и американските сојузници за тоа како да се решава прашањето околу Ирак. Буш сепак истакна оти Ирак преставува реална закана. Ирачкиот претседател Садам Хусеин најави дека денеска ќе и се обрати на ...

Нападот ќе ја уништи алијансата против тероризмот

Утрински - 08.08.2002

Германскиот канцелар за последиците од американска офанзива против Ирак БЕРЛИН - Воен напад врз Ирак би можел да ја уништи меѓународната поддршка за војната против тероризмот, предводена од САД, изјави вчера германскиот канцелар Герхард Шредер.

ОН нема да ги укинат санкциите спрема Ирак

А1 - 06.08.2002

Санкциите на Обединетите Нации спрема Ирак нема да бидат укинати во текот на оваа година дури и ако на инспекторите за оружје им биде дозволено враќањето во Ирак и неограничен пристап до сите локации, изјави денеска главниот инспектор за оружје Ханс Бликс.

Хусеин ги повика генералите да се подготват за одбрана

А1 - 06.08.2002

Ирачкиот претседател Садам Хусеин ги повика своите воени команданти да се подготват за одбрана од „технички напредниот непријател“, што очигледно се однесува на САД, кои се закануваат со воена акција заради уривање на актуелниот ирачки режим.

Ирак нуди да ги отвори воените фабрики за инспекција, но САД не му веруваат на Садам

Дневник - 06.08.2002

ДИПЛОМАТСКИ ИГРИ МЕЃУ ВАШИНГТОН И БАГДАД Понудата на ирачката Влада да прими инспектори на ОН во своите воени фабрики во Вашингтон ја толкуваат само како уште еден обид на Садам Хусеин да избегне воена интервенција против неговиот режим Шефот на мисијата на Обединетите нации за испитување на ...

ОН сепак ќе разговараат со Багдад

Утрински - 06.08.2002

И покрај американските закани за "промена на режимот" во Ирак ОБЕДИНЕТИ НАЦИИ - Во услови на американски закани за "промена на режимот" во Ирак, Советот за безбедност на ОН вчера за прв пат започна со разгледување на поканата од Ирак за технички разговори во Багдад со инспекторите за оружје на ОН.

Бликс сака Ирак да прифати враќање на инспекторите на OН

А1 - 05.08.2002

Шефот на инспекторите на Обединетите Нации за разоружување Ханс Бликс рече дека сака Ирак да го прифати враќањето на инспекторите на ОН пред да ја прифати поканата да го посети Багдад заради технички разговори. Ирак минатата недела го повика Бликс во Багдад давајќи сигнал дека разговорите би можеле ...

Ставот спрема Багдад останува непроменет

Утрински - 05.08.2002

Буш ја отфрла понудата на Ирак за инспекции Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека ништо не ја менува неговата политика кон Ирак, и покрај понудата на Багдад да одржат разговори за евентуално обновување на инспекциите за оружје.