Меѓународната заедница би сакала да види поголема интеграција помеѓу поранешните југословенски републики бидејќи разделувањето на државната заедница би донело до многу проблеми и на Србија и на Црна Гора како на внатрешен, така и на меѓународен план, смета професорот по модерна историја на ...
ЛОИ - ОДБОЈКА Во третото коло на одбојкарскиот турнир ново изненадување приреди репрезентацијата на Аргентина, заедно со Бразил единствена непоразена во досегашниот тек на Игрите. По францускиот, Аргентинците го земаа скалпот и на Грција, совладувајќи ја со 3-1.
КОШАРКА По контроверзните три настапи, САД и СЦГ денеска ќе се соочат со непоразените Литванија и Шпанија Литванија - САД и СЦГ - Шпанија се најинтересните натпревари на машкиот дел од кошаркарскиот олимписки турнир во Атина, кои се играат денеска.
ОДБОЈКА Олимпискиот првак Србија и Црна Гора денеска игра против Аргентина во четвртото коло, во меч што може да реши за првото место во А-групата. Аргентина по три кола е без пораз, но и нашите северни соседи, по поразот во првото коло од Полска, полека влегуваат во победнички ритам, забележувајќи ...
Со победата над Италија (71:63) во третото коло на кошаркарскиот турнир Светскиот првак прокоцка 11 поени предност по првите три четвртини Шпанската кошаркарска репрезентација прва обезбеди пласман во четвртфиналето на ОИ во Атина, откако ја оствари третата победа на олимпискиот турнир, против ...
КОШАРКА Утрешниот натпревар против силната Шпанија, за светскиот кошаркарски првак Србија и Црна Гора е да се биде или не, по неочекуваниот пораз на нашиот северен сосед од Нов Зеланд. Второто големо дерби во четвртото коло на машкиот турнир, што со нетрпение се очекува утре, ќе биде помеѓу ...
ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА Пливачот Александар Миладиновски и кајакарот Лазар Поповски, најискусниот во македонската олимписка експедиција, според распоредот се денеска на програмата. Со трката на 100 метри делфин Миладиновски денеска наутро ќе се појави во квалификациите и со тоа завршува неговиот ...
ВАТЕРПОЛО Машката репрезентација на Унгарија во ватерполо, олимпискиот првак од Сиднеј 2000, ја победи Хрватска со 10-8 (1-0; 4-2; 4-4; 1-2), во вториот меч од олимпискиот турнир во Атина. Во другите натпревари од А-групата Русија загуби од Србија и Црна Гора со 3-4, а репрезентација на САД го ...
ЛОИ - КОШАРКА Победите на Шпанија над Аргентина и на Србија и Црна Гора над Италија го обележаа второто коло од А-групата на машкиот кошаркарски турнир. Во другата група, САД го забележаа првиот триумф во Атина, против домаќинот Грција, но повторно не одушевија со својата игра.
ВАТЕРПОЛО Олимпискиот ватерполо-шампион, Унгарија, со триумфот над Хрватска (10-8) ја забележа втората победа во А-групата на турнирот во Атина. Унгарците на почетокот од мечот поведоа со 3-0 и таа предност успеаја да ја сочуваат до крајот на мечот.
КОШАРКА - ПО НЕУБЕДЛИВАТА ПОБЕДА НА САД НАД ГРЦИЈА Машката кошаркарска репрезентација на САД избегна нов срам и извојува победа од 77-71 против домаќинот Грција. Најинтересниот меч на турнирот завчера беше СЦГ - Италија. Нашиот северен сосед победи со 74-72, но средбата беше неизвесна до последната ...
ОДБОЈКА Олимпискиот првак во одбојка во машка конкуренција, репрезентацијата на Србија и Црна Гора, со вчерашната победа над Франција од 3-0 (25-21; 30-28; 25-22), се „извади“ за киксот од Полска кога загуби на стартот на олимпискиот турнир.
ВО ПРВИТЕ ТРИ МЕСЕЦИ ГОДИНАВА Хрватските фирми вложиле 3,2 милиони евра во Србија и Црна Гора во првите три месеци годинава, пренесува МИА. Ова е дури половина од вкупната сума хрватски инвестиции во странство, која вкупно за тој период изнесува 6,5 милиони евра.
Одбојкарите на СЦГ се вратија со победа над Франција Спортистите на Србија и Црна Гора конечно ја забележаа првата победа во екипна конкуренција на 28. Летни олимписки игри во Атина, откако одбојкарите на нашиот северен сосед триумфираа над Франција со убедливи 3:0 (25:21, 30:28, 25:22) во меч од ...
ВАТЕРПОЛО Со голот на осум десетинки пред крајот на натпреварот, репрезентацијата на САД во ватерполо ја победи Хрватска со 7-6 на првиот меч од овој олимписки турнир во Атина. Иако првата четвртина беше без голови, а во втората Американците водеа со 3-0, Хрватите го добија третиот дел со 2-1, а ...
Комплетирано првото коло на ватерполо турнирот Ватерполистите на СЦГ само го комплетираа сивилото на нашиот северен сосед во стартните кола по екипни спортови на 28. Летни олимписки игри во Атина. Во дербито од А групата Србија и Црна Гора претрпе пораз од традиционално незгодните Унгарци со 6:4 ...
СПОРТИСТ НА ДЕНОТ Аргентинецот Емануел Давид Џинобили, со кош во последната секунда, и донесе победа од 83-82 на репрезентацијата на Аргентина во дуелот против Србија и Црна Гора. Монтекија му ја додаде топката на Џинобили, кој во пад, од тешка ситуација, во последната секунда од мечот со помош на ...
ОДБОЈКА Актуелниот олимписки одбојкарски шампион од Сиднеј, Србија и Црна Гора, неочекувано со 0-3 загуби од Полска во првото коло од А-групата. Нашите северни соседи беа убедливо надиграни со 25-21, 25-17 и 25-16 од Полска, која во одбојката нема освоено никаков медал повеќе од 20 години.
Милица Делевиќ-Ѓилас денеска поднесе оставка од функцијата директор на Канцеларијата на Србија и Црна Гора за придружување кон Европската унија. „Подолго време нема политички договор ни поединечно во Србија и во Црна Гора, ниту меѓу нив, што најдобро го покажува односот кон хармонизација на ...
ЛОИ 2004 ВО АТИНА - НА ОДБОЈКАРСКИОТ ТУРНИР, МАЖИ Олимпискиот првак во одбојка во машка конкуренција, репрезентацијата на Србија и Црна Гора, го доживеа првиот шок и пораз уште во почетокот на олимпискиот турнир во Атина 2004 откако во првиот меч од групата А беше поразен од Полска 0-3 (21-25; ...
Шокантно добредојде за Србија и Црна Гора на одбојкарскиот турнир на ЛОИ во Атина Србија и Црна Гора неславно стартуваше со одбрана на титулата на машкиот одбојкарски турнир на ЛОИ во Атина. Полскиот национален тим беше противникот кој му приреди шокантно добредојде на нашиот северен сосед на 28.
ОЛИМПИСКИ ФУДБАЛСКИ ТУРНИР По "шестката" од Аргентина, и Австралија и одржа лекција на фудбалската репрезентација на Србија и Црна Гора со пет поглавја (5-1). Двата пораза во Ц-групата на олимпискиот турнир за СЦГ, фаворитот за медал пред почетокот на Игрите во Атина, значат и простување од тоа ...