Осомничени за кражбата се скопјаните С.Р. (20) и Ф.Р. (20) кои учествувале во неколку кражби на автомобили Службениот „мерцедес“ на министерот за правда Михајло Маневски, кој беше украден пред две недели во центарот на Скопје, е пронајден завчера во Дебар.
ВО ДЕБАР, ВО БЛИЗИНА НА ТУРСКАТА БАЊА Сами Реџепи (20) и Феми Реџепи ( 20 ) од скопското село Глумово се крадците на "мерцедесот" на министерот за правда Михајло Маневски, кој пред две недели беше украден од пред зградата на Министерството во центарот на Скопје.
Службениот мерцедес "Е 350" на Михајло Маневски македонскиот министер за правда кој беше украден на 10 февруари годинава, завчера бил најден од полицијата во Дебар, соопшти МВР. За кражбата се уапсени двајца братучеди С.Р. (20) од Скопје и Ф. Р. (20) од селото Глумово.
Службениот „Мерцедес“ на министерот Михајло Маневски е пронајден во Дебар, синоќа после 18 часот. Владиниот „Мерцедес Е-350“ бил оставен во центарот на градот во близина на старата градска бања. Новиот сопственик му ставил тетовски регистарски таблички ТЕ-689-ЦО. Врз него нема оштетувања.
Во Дебар пронајден украдениот министерски „Мерцедес“ на Михајло Маневски. Бил оставен во центарот на градот, во близина на старата градска бања, во возна состојба и со мало оштетување на едната страна. Десетина дена полицијата го бараше возилото.
МВР соопшти дека синоќа го пронашла мерцедесот на Министерството за правда. За кривичното дело се осомничени С.Р.(20) од Скопје и Ф.Р.(20) од Глумово – скопско, кои се товарат дека учествувале и во неколку други кражби на луксузни возила.