Најмалку деведесет лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба при денешниот самоубиствен напад на Палестинец во центарот на Ерусалим, соопштија претставници на израелската полиција и болнички извори. Напаѓачот самоубиец загинал на самото место.
Најмалку десет лица се ранети во самоубиствен напад извршен утрово во Тел Авив, објави израелското воено радио повикувајќи се на болнички извори. Според изјавата на еден израелски полицаец, нападот го извршил маж на мотор во Неве Ша'анан, деловниот дел на Тел Авив.
Израелската војска денеска при упадот во автономниот сектор Хеброн грабна двајца Палестинци, јавија западните агенции, повикувајќи се на палестински извори. Една израелска воена единица изутрината интервенираше во делот на Хеброн што го контролираат палестинските власти и отвори оган врз двајца ...
Две Израелки им подлегнаа на повредите што ги задобија кога вооружен Палестинец од автоматско оружје отвори оган врз група Израелци кои чекаа автобус во центарот на Ерусалим, соопштија болнички извори. Двете постари жени, чиј идентитет не е соопштен, беа тешко повредени во нападот што беше извршен ...
Палестинската полиција се обидува да ги спречи следбениците на Хамас да влезат во централниот палестински затвор во Наблус на Западниот Брег каде што сакаат да побараат ослободување на затворените милитант ГАЗА, 23 јануари (Ројтерс) - Милитантното исламско движење Хамас изјави дека вчерашните ...
Израелски војници го нападнаа и палестинскиот град Наблус НАБЛУС - Израелски војници убија четири палестински милитанти во нападот извршен вчера во градот Наблус на Западниот Брег, а израелски тенкови и војници започнаа да се повлекуваат од блискиот град Тулкарм, еден ден откако го заземаа.
Арафат бара поддршка од Москва МОСКВА - Палестинскиот претседател Јасер Арафат, во понеделникот му телефонирал на рускиот претседател Владимир Путин, барајќи негова поддршка, а рускиот лидер апелирал до Палестинците и Израелците да го одбегнат насилството.
Еден ден по завземањето на автономниот палестински град Тулкарем во Западен Јордан, израелските тенкови невлегоа и во Наблус. Притоа убиени се петмина палестински екстремисти, а деветмина се уапсени, соопшти еден армиски портпарол. Се претпоставува дека тие биле членови на радикалното движење Хамас.
Палестинци го креваат загинатиот воорижен напаѓач кого го убиле израелските војници во Рамалах на Западниот Брег МОСКВА, 22 јануари (Ројтерс) - Палестинскиот претседател Јасер Афарат вчера ја предупреди Русија за "крајно опасната " ситуација на Блискиот Исток, а еден палестински пратеник ја повика ...
Голема офанзива на израелската армија на палестинска територија ТУЛКАРЕМ - Израелски војници, поддржани од хеликоптери и тенкови, вчера го освоија градот Тулкарем, кој беше под палестинска власт, заземајќи позиции низ целиот град.
Израелската војска го зазеде палестинскиот град Тулкарем, на север од Западниот Брег, изјави гувернерот на тој град, а тоа го потврдија и израелски извори. Војниците зазеле неколку куќи од кои со сила ги натерале цивилите да си заминат.
ИЗРАЕЛСКИОТ ВЕСНИК "ЈЕДИОТ АХРОНОТ" ТВРДИ: Тел Авив, 21 јануари - Палестинскиот лидер Јасер Арафат размислува да поднесе оставка поради неуспехот да добие поддршка од западните земји, по најновиот терористички напад во Хадера од страна на милитантното крило на палестинското движење Ал Фатах, пишува ...
Жесток одговор на израелската армија по серијата терористички напади на Палестинците РАМАЛАХ - Израелски војници во саботата ги уништија канцелариите на радио станицата "Глас на Палестина" за да се одмаздат за убиствениот палестински напад, и разменија оган со Палестинците на Западниот Брег и ...