TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Го прегазиле со еден автомобил, го фрлиле со друг

Дневник - 21.07.2006

Двајцата приведени најпрвин со автомобил „лада“ го удриле скопјанецот Перо Божиновски (46) од скопското село Петровец, а потоа телото го ставиле во возилото „фијат“ и го фрлиле на брегот на реката Пчиња. По завршувањето на истрагата, полицијата ќе поднесе кривични пријави против приведените Рамадан ...

Прегазен маж фрлен крај реката Пчиња

Дневник - 20.07.2006

За смртта на Перо Божиновски, кој бил пронајден покрај реката во атарот на скопското село Бадар се осомничени двајца, кои вчера беа приведени во полиција Не знам од каде човечко тело под мојата кола? Го забележав дури кога се паркирав во дворот.

Го згазил и под кола го влечел до дома

Вест - 20.07.2006

Две лица од скопското село Катланово завчера со автомобил прегазиле пешак по што телото на починатиот го фрлиле на брегот на реката Пчиња. Трупот бил пронајден вчера утро околу 7 часот. Полицијата извршила увид а телото е предадено на обдукција каде треба да се утврди причината за смртта.

Скопјанец прегазен и фрлен во Пчиња

Време - 20.07.2006

КАЈ КАТЛАНОВО Жител на скопското село Петровец бил прегазен со автомобил, а потоа неговото мртво тело било фрлено во водите на реката Пчиња. Телото во водата крај брегот го нашол рибар вчераутро во близината на сепарацијата за песок „Катланово“.

Убиен, влечен, па фрлен во Пчиња

Вечер Прес - 20.07.2006

Две лица се уапсени од страна на полицијата под сомнение дека вчераутро извршиле убиство. Злосторството да биде поапсурдно и грозоморно тие трупот го фрлиле во водите на Пчиња. Убијците, чијшто идентитет полицијата не го соопштува, се претпоставува дека се родум од Скопје и тие првично во близина ...

Убиство кај скопско Бадар

А1 - 19.07.2006

Мртвото тело на 46 годишниот Перо Божиновски од скопско Петровец најдено во 7 часот утринава во близина на скопското село Бадар, на брегот на реката пчиња. Целиот настан го видел жител од околните села, кој веднаш пријавил во полиција.