Завчера во Тетово, еден час по полноќ непознато лице фрлило експлозивна направа во кругот на АД "Авто Прогрес". Бомбата "кашикара"експлодирала а од силната детонација биле оштетени 17 прозорски стакла од фабриката, магацинскиот простор и управната зграда.
ЕКСПЛОЗИЈА ВО ЦЕНТАРОТ НА ТЕТОВО Завчера околу 16.30 часот, во строгиот центар на Тетово, спроти Домот на АРМ и една од куќите била фрлена рачна бомба "кашикара" врз еден напуштен деловен објект. Според полициски сознанија, бомбата ја фрлило14 годишно момче од албанска националност.