Работнички Кометал го победи Вардар во дербито без резултатско значење во 32-то коло од првата македонска фудбалска лига. Во локалната пресметка Шкендија загуби од Ренова и со тоа веќе се пресели во понизок ранг. Башкими е сигурен учесник во баражот за опстанок, тоа ќе се обидат да го избегнат ...
Во воведниот полуфинален дуел, „црвено-црните“ го совладаат Пелистер со 28:20. Битката меѓу некогаш големите ривали кои сезонава се на различни страни на квалитативната скала, попладнево во „Кале“ беше рамноправна во првото полувреме.
Денеска и в недела во СРЦ „Кале“ завршница во националниот куп во машка конкуренција Сашко Ѓ. Димовски Вардар про и Металург најавуваат победи во денешните полуфинални пресметки против екипите на Пелистер Еуролинк, односно, Преспа, и пласман во големото финале во националниот куп.
РАБОТНИЧКИ ЌЕ МОРА ДА БАРА НОВ ФИНАНСИЕР? Не го крие интересот за преземање на Вардар. - Коста Костовски Постои голема шанса во новото првенство нашиот најтрофеен фудбалски клуб Вардар да биде спонзориран од Коста Костовски, односно од компанијата "Кометал", досегашниот спонзор на шампионот ...
ЗАВРШНИЦА НА КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА Зоран Спасоски Годинашната „војна“ меѓу Вардар про и Металург ќе заврши викендов, со финалниот турнир во Купот на Македонија. Според квалитетот, организаторот, Вардар про, денеска не би требало да има проблеми со Пелистер (18 ч), како ни Металург со Преспа (20 ч).
Фудбалерите на Вардар кои се надвор од натпреварувачкиот тим ја прифатија сугестијата на легендата Дарко Панчев да продолжат да тренираат и да ги бранат боите на „црвено-црните“ до крајот на сезонава. За исполнување на нивните барања од раководството на клубот, Панчев ги советувал да се разговара ...
Фаворитите во денешните полуфинални средби ќе се загреваат за утрешната меѓусебна финална пресметка во Кале Нема сомнежи дека утре (18.30 ч.) во финалето од ракометниот Куп на Македонија ќе играат екипите што водат главен збор на домашната машка сцена, Вардар Про и Металург.
Пикерот на "црвено-црните" Младен Ракчевиќ верува дека неговата екипа ќе се радува во финалето на Купот каде, најверојатно, противник ќе им биде новиот шампион Металург Денеска и утре "Кале" ќе биде мегдан на завршницата на македонскиот ракометен Куп.
Чаршиски муабети или реалност Нашиот најтрофеен клуб Вардар и официјалниот шампион Работнички Кометал ќе се фузираат - е веста што вчера проструи низ скопската чаршија. Според шпекуалциите газдата на "кометалци" Трифун Костовски веќе се пријавил на конкурсот за преземање на Вардар и ако неговата ...
Лутите ривали в недела очекуваат уште еден дуел за паметење во Кале Организаторот на завршницата на македонскиот ракометен куп, Вардар Про, најави одбрана на трофејот и неизвесност во финалето в недела против својот единствен конкурент во последните неколку сезони, Металург.Двата скопски ривала ...
ВАРДАР И МЕТАЛУРГ СЕДНАА НА ИСТА МАСА ПРЕД КУП-ВИКЕНДОТ Претставниците на Вардар и на Металург вчера седнаа на иста маса за првпат по тешките инциденти на нивниот последен првенствен дуел во "Кале". Тие се единствени во желбата на претстојниот Куп-викенд да се заборави таа непријатна епизода од ...
Раководствата на Вардар про и Металург се' на добар пат да ги закопаат воените секири во пресрет на завршницата во националниот куп во кој обете екипи најавуваат пласман во финалето, но и освојување на трофејот. За „црвено-црните“ тоа е единствениот начин за, колку-толку, спас на сезоната, за ...
ПРЕД ФИНАЛНИОТ ТУРНИР ОД КУПОТ Учесниците во финалниот турнир од Купот на Македонија побараа да се заборават немилите настани, со најава дека викендот ќе има вистински празник на ракометот. Во саботните полуфинални дуели ќе играат Вардар про - Пелистер (18 ч) и Металург - Преспа (20 ч), додека ...
- Во овој момент интересот за завршницата на Македонскиот куп е поголема, по она, што се случи во последниот меѓусебен дуел во првенството меѓу Вардар и Металург, кој одлучуваше за титулата. Полуфиналето и финалето на купот ќе бидат празник на ракометот во Македонија и посакувам да минат фер и ...
Да се заборават тензиите и спортскиот ривалитет да биде приоритет меѓу Вардар Про и Металург кои на денешниот прес веќе се промовираа во финалисти на завршниот турнир од македонските ракометен куп, викендов во салата „Кале“ во Скопје.
ВАРДАРЦИ ОБЈАСНУВААТ ЗОШТО НЕ ОТПАТУВАЛЕ ВО КУМАНОВО Петар Једиковски Фудбалерите кои не беа во Куманово, каде што Вардар од Милано го доживеа најтешкиот пораз од осамостојувањето на Македонија и еден од најтешките во неговата фудбалска историја, на прес-конференцијата се обидоа да се оправдаат за ...
На брифингот се појави и мала група навивачи на Вардар кои ги обвинија фудбалерите за предавство во Куманово Емил Китановски Навредени и длабоко разочарани 14 стандардни првотимци на скопски Вардар, вчера во клубот на новинари во Скопје, за прв пат јавно проговорија за причините поради кои тие во ...
На прес-конференцијата на фудбалерите-штрајкувачи имаше конфронтации со дел од навивачите Вардар се' повеќе се заглавува во ќор-сокак, а недоразбирањата меѓу фудбалерите што не учествуваа во кумановскиот дебакл против Милано кога најтрофејниот македонски клуб загуби со 1-9, и новата управа, ...
Два дена по најсрамниот пораз на фудбалскиот клуб Вардар во историјата, дебаклот од 9:1 од кумановски Милано, во јавноста излегоа 15-те играчи кои од петокот штрајкуваат поради неисплатената априлска плата и ветената премија за победата над Силекс.
Доколку не се преземе некоја посериозна акција да му се помогне на Вардар, клубот е на пат тотално да згасне Миодраг Мицковиќ Дали некој во сегашниот момент може да даде одговор на прашањето: кога ќе престане оваа невидена бламажа на нашиот најтрофеен фудбалски клуб која се заканува со она ...
Суспензиите за тренерот на Вардар про и за судијата останаа исти Натпреварувачката комисија на Ракометната федерација на Македонија ја потврди донесената одлука за суспензијата од четири натпревари за тренерот на Вардар про, Веселин Вујовиќ и за судијата Ѓокица Начевски, по повторното разгледување ...
РАКОМЕТ Натпреварувачката комисија при Ракометната федерација на Македонија одржа состанок заедно со Стручната и Арбитражната комисија на кој присуствуваше и претставникот на УО, Иван Бојков и само ги потврди казните од четири натпревари суспензија за тренерот на Вардар Про, Веселин Вујовиќ и ...
Казни за мизеријата на“црвено-црните“ќе добијат само фудбалерите што не патуваа за Куманово, а кои како што се зборува, за тоа биле потплатени со по 500 евра Дебаклот против Милано од 1-9 нема да донесе посериозни промени во курсот на раководење со Вардар.
Поглед Роберт Димитриевски Еден навивач на Вардар во 1987 година на шега го повика на помош Дражен Петровиќ, сметајќи дека само со тројка од кошаркарскиот Моцарт ќе може да се анулира поразот од 3:0 во првиот натпревар со бранителот на трофејот Порто во тогашниот Куп на европските шампиони.
Ни вчерашното повторно разгледување на инцидентот на дербито Вардар про - Металург од Комисијата за спроведување натпревари, заедно со Дисциплинската комисија и со Стручната комисија, а координирано од потпретседателот на Ракометната федерација на Македонија, Иван Бојков, не ја измени одлуката на ...
РАЗОЧАРУВАЊЕ ОД СОСТОЈБИТЕ ВО КЛУБОТ Петар Једиковски Во својата 60-годишна историја Вардар имал убави и тешки моменти, доживувал подеми и падови, но ова што сега се случува не му се случило никогаш. Клубот е без сопственик, без средства, а и без фудбалери.
На состанокот присуствуваа уште членовите на стручната и дисциплинска комисија, како и претставникот на УО Иван Бојков кои ја потврдија претходно изречената казна за инцидентот на средбата Вардар - Металург од Натпреварувачката комисија на РФМ Инцидентот на суперлигашката средба меѓу Вардар и ...
Новиот спонзор или сопственик на Вардар ќе треба да одвојува од 3 до 5 проценти од вредноста на трансферите на фудбалери на најтрофејниот клуб кај нас во корист на членовите на Иницијативниот одбор што моментно владеат со клубот.
РАКОВОДСТВОТО НА ВАРДАР ПОРАЧУВА Раководните луѓе на Вардар немаат намера повеќе да разговараат со никого. Ниту еден од поранешните функционери не дојде на закажаниот термин и челниците на „црвено-црните“ немаат намера да трошат време и сила за беспредметни разговори. - Нема веќе никакви состаноци.
Новиот претседател на Вардар ќе мора дел од приходите да ги префрла и на Иницијативниот одбор Миодраг Мицковиќ За да биде ситуацијата околу хаотичната состојба во Вардар појасна ќе ја запознаеме јавноста со донесените критериуми за евентуалното преземање на Вардар на новиот спонзор што ги имаат ...
Плата за април, премиите од 5 илјади евра за победата над Силекс, потоа рати и кирии, во петокот, не добија актуелните фудбалери на Вардар, па одново имаше штрајк. Тие се суспендирани, па вчера Вардар во Куманово против Милано играше со комбиниран тим составен од младинци и неколку играчи од првиот ...
Конечната одлука за казните на вмешаните во инцидентот на суперлигашкото дерби меѓу Вардар про и Металург ќе падне денеска, реши Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија на својата вонредна седница во петокот. Во 12 ч.
Иако членовите на Управниот одбор на Федерацијата подолго време расправаа за инцидентот и изречените казни на суперлигашкиот натпревар Вардар - Металург, кој одлучуваше за новиот првак, не донесоа решение и "случајот" се враќа кај првостепениот орган кој денеска ќе расправа за ова Инцидентот на ...