Опозиција го отфрли вчерашниот јавен повик на претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски и реши да не присуствува на изборот на новата влада, туку да организира трибина со работен наслов „Демократија, диктатура или демократура”.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека немаат став дали претседателот на државата треба да се избира во собранието наместо на непосредни избори зашто не расправале за оваа можност. Идејата јавно ја поддржа лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера во собранието додека траеше изборот на новата влада.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи осмата седница со единствена точка на дневен ред избор на Влада, која ќе се одвива според новиот собраниски Деловник.
Наместо да се посвети на донесување реформски закони, што се потребни за интеграцијата на Македонија во Европската унија, парламентарното мнозинство експресно усвојува конзервативни, крајно десничарски закони кои немаат врска ниту со реформи, ниту со Европа, едногласни се повеќето македонски ...
Опозицијата нема да учествува на пленарната седница за избор на новата влада. Пратениците од коалицијата „Сонце“ ќе бидат во Собранието и на работните места, но ќе имаат свои активности и ќе ја игнорираат.
Спикерот на Собранието Трајко Вељановски вчера ја повика опозицијата да го смени ставот и да дојде на седницата в сабота кога треба да се избере новата Влада.
Претседателот на Собранието Велјановски преку медиумите ја повика опозицијата да се врати во парламентот Светлана Унковска Денешната собраниска седница на која треба да се избере новата влада и дефинитивно ќе измине без присуство на опозицијата.
На седницата без присуство на опозицијата едногласно беше изгласан составот на новата извршна власт 22:30, 26.07.08 Собранието на Република Македонија вечерва во рамки на осмата седница со 77 гласа „за“ и нуту еден против и воздржан ја избра новата Влада.
Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи осмата седница со единствена точка на дневен ред избор на влада, која ќе се одвива според новиот собраниски Деловник.
Координаторите на пратеничките групи од опозициските партии денеска не присуствуваа на координативниот состанок закажан од претседателот на Собранието Трајко Вељаноски , пред попладневната седница за избор на нова влада.
Скопје, 26 јули (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи осмата седница со единствена точка на дневен ред избор на влада, која ќе се одвива според новиот собраниски Деловник.
Опозицијата не го напушти македонскиот парламентот туку само пленарните седници, зашто не сакаше да биде декор на место каде што не се носат закони по процедура, туку се шверцуваат.
Собранието на Република Македонија ја почна осмата седница на која единствена точка на дневен ред е избор на влада. На почетокот мандатарот за состав на новата влада Никола Груевски , во своето експозе, подвлече дека пред две години на истата оваа говорница порачал оти патот до подобриот живот и до ...
Собранието на Република Македонија на денешната седница според новиот осбрансики Деловник ќе расправа за избор на новата Влада.
Опозицијата не дојде на координативниот состанок со претседателот на Собранието Опозицијата денеска ја исполни својата вчерашна најава и не присуствуваше на координативниот состанок со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски.
Започна седницата на македонското Собрание на која единствена точка на дневниот ред е избор на новата влада. Мандаторот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе ја претстави програмата за работа на новата македонска влада, што ја договори со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, како и нејзините ...
Претседателот на Собранието, Велјановски ја повикува опозицијата утре да присуствува на седницата за избор на Владата. Спикерот посочува дека изборот на нова Влада во секоја држава, во која се почитуваат принципите на парламентаризмот не е само свечен чин, туку пред, се демократски принцип.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека забелешките од ЕУ се упатени до опозицијата, а не до нив Светлана Унковска Острите забелешки упатени од мисијата на Европската унија во нашава земја за начинот на усвојувањето на Деловникот во отсуство на опозицијата и сугестиите до сите политички партии да ги надминат ...
Бранко Црвенковски, претседателот на државата, ќе присуствува на утрешниот избор во Собранието на новата влада, но во собраниската сала најверојатно нема да се појават ниту пратениците од СДСМ ниту, пак, ...
Во Собранието денеска попладне ќе биде избрана новата, шеста Влада на Македонија. Опозицијата ќе го бојкотира изборот, иако претседателот на Собранието се обидува да ги убеди СДСМ, ЛДП, НСДП и ДПА да се вратат во законодавниот дом.
Утрешната собраниска седница со единствена точка на дневен ред Избор на Влада, ќе се одвива според новиот собраниски деловник. Расправата, како што најавуваат дел од пратениците веројатно ќе трае два дена.
ДПА НЕМА ДА ПРИСУСТВУВА НА СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА ЗА ИЗБОР НА НОВАТА ВЛАДА ДПА нема да присуствува на утрешната собраниска седница за избор на новата влада, изјави денеска во Тетово лидерот на партијата Мендух Тачи. - Се знаат нашите ставови. Нема да присуствуваме на работата на Собранието, рече Тачи.
Изборот на нова Влада не е само свечен чин туку демократски принцип преку кој таа се претставува пред Законодавниот дом и од него добива легитимитет, стои во пораката од претседателот на Собранието, Трајко Вељановски до опозицијата, во која ја повикува да присуствува на седницата закажана за утре ...
Мандатарот Никола Груевски предлогот за избор на новата Влада, заедно со програмата за работа на неговиот кабинет го достави на 12 јули.
Европската унија (ЕУ) и сугерираше денеска на власта во Македонија да усвои собраниски деловник со консензус, а на опозицијата да се врати во парламентот..
Владеачката ВМРО – ДПМНЕ најави денеска дека нема да прифати донесување нов собраниски деловник, што опозицијата го постави како еден од условите да се врати во парламентот.
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски ја повикува опозицијата, која најави бојкот на собраниските седници, да присуствува на утрешната седница за избор на новата македонска Влада.
ВМРО-ДПМНЕ ги одби барањата на опозицијата, биле противзаконски и противуставни, плус упатени на погрешна адреса. За власта местото на партиите е во Парламентот, а не на улица. Со ова најверојатно пропаѓа и последната шанса опозицијата да се врати во Собранието.
Европската унија и сугерираше денеска на власта во Македонија да усвои собраниски Деловник со консензус, а на опозицијата да се врати во Парламентот.
И опозицијата испорача барања до Груевски, кој бара да бидат исполнети за да се вратат во собраниските клупи. Во писмениот договор три точки би биле приоритет. Прва, систем со кој во Собранието ќе биде почитувано мислењето на опозицијата.
Пратениците од редовите на владејачкото мнозинство, иако експресно и во еден глас, креваат рака за законите кои се на дневен ред на собраниските седници, не ја познаваат нивната содржина, покажа телефонската анкета што ја спроведе редакција на „Време“.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ не прифаќа да го потпише договорот што го бара СДСМ за да го прекине бојкотот на парламентот. Во тој договор двете страни би се обврзале да се утврди систем со кој би се почитувало поинакво мислење во парламентот и пресумпцијата на невиност.
Власта не го прифаќа барањето на Коалицијата "Сонце" да се донесе нов деловник во кој ќе бидат вградени забелешките на опозицијата како услов за враќање во Парламентот. Пратеникот Илија Димовски вели дека не може да се спори донесениот нов Деловник.
Опозицијата вчера реагираше на начинот како власта ги носи законите во Собрание. За нив е неприфатливо што тие се носат по итна постапка иако за нив немаат расправано собраниските комисии. Според нивни проценки, со денешната и утрешната седница, Собранието донело 100 закони.
Меѓународните претставници во нашава земја сугерираат власта и опозицијата да најдат заеднички јазик Светлана Унковска Стотината експресно донесени закони заедно со оние од вчерашната седница на Собранието, кои владејачките партии ги изгласаа, ќе бидат оспорени пред Уставниот суд.
Шефот на државата Бранко Црвенковски ќе присуствува на седницата за избор на новата влада, што е закажана за в сабота, потврдија од Кабинетот на претседателот.
Власта ги одби барањата на опозицијата ВМРО-ДПМНЕ вчера експресно го одби барањето на опозицијата за писмен договор со власта како услов таа да се врати во Собранието.
Донесувањето на новиот деловник за работа на Собранието во отсуство на опозицијата наиде на реакции од дипломатите и од европските институции, кои оценуваат дека тоа е многу штетно за развојот на демократијата.
Власта прифаќа амандмани за Деловникот Нема потреба од договор со опозицијата, туку треба да се вратат во Собранието и да предложат измени на новиот деловник, порачаа вчера од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, сугестијата од ЕУ дека за деловникот е неопходен консензус не е упатена до мнозинството.
Мисијата на ЕУ сака да повтори дека еден од критериумите гласи: промовирање на конструктивен и сеопфатен дијалог, особено во области кои бараат консензус од сите политички партии, во рамките на демократските институции.
Половина од предвидените четириесетина закони за донесување на денешната седница беа изгласани до попладнево. Без присуство на опозицијата и речиси без расправа експресно се носат закони, за кои од владејачката коалиција тврдат дека се заостанати уште од почетокот на 2007.
По вчерашниот предлог на опозицијата за потпишување на „јулски договор" со власта, како услов за нивно враќање во Собранието, денеска владејачката ВМРО – ДПМНЕ го отфрли тој предлог. Со ова се уништија и најмалите шанси опозицијата да се врати за саботното гласање на новата влада.
Социјалдемократскиот сојуз нема да учествува во работата на Собранието на неопределено време и нема да присуствува на седницата в сабота кога ќе се гласа новата влада, одлучи завчера Извршниот одбор на партијата на седницата која се одржа во Струмица.
Опозицијата не се враќа во Собранието без договор со власта. Иницијативата е покрената од пратеникот на Либералната партија Стојан Андов, која е поддржана и од останатите партии на Коалицијата "Сонце".
Во понеделникот вечерта СДСМ одржа седница на Извршен одбор во хотелот „Сириус“ во Струмица како знак на најдиректна поддршка на својот сопартиец Зоран Заев Власта не покажува дека има намера да го смени политичкиот амбиент во државата, вели Макрадули Билјана Јовановска Опозиционите партии од ...
Од ДУИ тврдат дека во нивните редови постои единството кое ќе го искажат со гласањето на новиот владин кабинет Светлана Унковска Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, деновиве имал средби и разговори со претставниците на меѓународниот фактор во земјава за да направи се' што е можно за поскорешно враќање на ...
Во врска со реакцијата на опозицијата за спектакуларни апсење на нејзини членови, Димовски наведе дека власта не е компетентна да коментира случаи кои се во исклучива надлежност на судството и обвинителството.
Писмени гаранции потпишани од ВМРО-ДПМНЕ побара вчера опозицијата, како услов да го прекине бојкотот на Собранието. Идејата е на либералот Стојан Андов кој предложи опозициските партии да подготват документ со барања, да и ги достават на власта и да бараат потпис како гаранција дека ќе ги исполни ...
ВМРО - ДПМНЕ ЌЕ ЈА ПОЧИТУВА ОДЛУКА НА ОПОЗИЦИЈАТА СДСМ, НСДП И ЛДП НЕМА ДА ПРИСУСТВУВААТ НА СОБРАНИСКАТА СЕДНИЦА В САБОТА Улогата и задачата на пратениците е во Собранието на Република Македонија, тоа е местото каде демократијата најмногу се остварува.
Владејачкото мнозинство одби да го преиспита донесувањето на деловникот, што опозицијата го постави како услов да се врати во Парламентот. Нема гаранции ниту за пресумпцијата на невиност зашто тоа не било во надлежност на ВМРО ДПМНЕ.
Мисијата на Европската унија ги повикува политичките партии на дијалог во Собранието и го критикува начинот на усвојување на деловникот, без опозицијата.
Улогата и задачата на пратениците е во Собранието на Република Македонија, тоа е местото каде демократијата најмногу се остварува. Немаме намера да дозволиме повторна блокада во Собранието.
Владеачкото мнозинство вчера одби договор за барањата кои опозицијата ги постави како услов за да се врати во Собранието.
УТРИНСКИ ВЕСНИК: Власта сака да владее без опозиција, тврди СДСМ Опозиционите партии од македонскиот политички блок немаат писмени барања со кои ќе го условат враќањето во Собранието, но јасно укажуваат дека главни приоритети во Македонија во вистинска смисла на зборот се да профункционира правната ...
Опозицискиот СДСМ синоќа требаше да донесе одлука дали нивната пратеничка група ќе се врати во Собранието или ќе го продолжи бојкотот на пленарните и на комисиските седници.
Извршниот одбор на СДСМ вчера требаше да се состане во Струмица за да одлучи за бојкотот на Собранието. Раководството на партијата треба да реши дали опозициските пратеници ќе учествува на седницата за избор на новата влада, која е закажана за 29 јули.
По Деловникот, голема веројатност владејачките партии сами да си ја изгласаат и новата влада Светлана Унковска Парламентарното мнозинство, најверојатно в сабота, за кога е закажана седницата на Собранието за изгласување на новата Влада, повторно ќе остане без гласовите на опозицијата.
Владата не може да предложи толку закони колку што може да усвои Собранието Билјана Јовановска Сакавте брзо и ефикасно Собрание - е, па, го добивте! Законот уште не' ни „легнал“ на собраниските клупи, а веќе е усвоен. На ред стасал друг.
Се' поизвесно е дека в сабота првпат на Македонија може да и' се случи да биде избрана влада без присуство на опозицијата. Во најголемите опозициски партии СДСМ и ДПА велат дека е речиси сигурно оти ќе ја бојкотираат седницата на која треба да биде избрана новата влада.
СДСМ за синоќа свика седница на највисокото партиско тело - Извршниот одбор, на која требаше да одлучи дали ќе се врати во Собранието откако минатата недела објави бојкот поради апсењето на Зоран Заев, градоначалник на Струмица и потпретседател на СДСМ.
Ставот на Теута Арифи, потпретседателката на ДУИ, дека премиерот Никола Груевски го злоупотребува парламентарното мнозинство за ги понижи Албанците и ДУИ, не е партиски туку нејзин личен, изјави вчера Тахир Хами, координатор на пратеничката група на ДУИ.
Социјалдемократите ќе бидат на кафе-муабет надвор од Собранието се' додека не постигнат цврст договор со власта Коалицијата „Сонце“ ќе бара писмен договор со власта како услов да се врати во Собранието,откако реши да го бојкотира законодавниот дом, како и по одлуката дека да нема да присуствува на ...
СДСМ нема да присуствува на изборот на владата в сабота. Опозицијата за да го прекине бојкотот на Парламентот бара писмен договор со власта – ВМРО ДПМНЕ и нејзиниот лидер Груевски да се обврзат дека нема да спроведуваат спектакуларни апсења и дека ќе ја почитуваат пресумпцијата на невиност.
Социјалдемократите бараат во Собранието повторно да се расправа за деловникот и тој да биде донесен со консензус со опозицијата.
УТРИНСКИ ВЕСНИК: Девалвирање на парламентот - закон за 35 секунди! Сакавте брзо и ефикасно Собрание - е, па, го добивте! Законот уште не' ни „легнал“ на собраниските клупи, а веќе е усвоен. На ред стасал друг.
Опозициониот СДСМ денеска треба да донесе одлука дали пратеничката група на партијата ќе се врати во Собранието или ќе продолжи со бојкотот на пленарните и комисиските седници.
Новиот Деловник на Собранието на Република Македонија, што беше донесен минатата недела, денеска стапува на сила. Деловникот, кој е резултат на повеќегодишно работење на домашни и странски експерти, твининг-програми, како и активно учество на домашни и меѓународни невладини организации, НДИ, Вилтон ...
Во отсуство на опозицијата, владејачкото мнозинство воведе нови правила за функционирање на Собранието. По итна постапка, со 71 глас „за“ и ниту еден „против“ донесе нов собраниски деловник.
Разногласие или раскол во ДУИ. Потпретседателот на партија Теута Арифи во колумна остро реагираше за носењето на новиот собраниски Деловник. Јавно го праша Груевски зошто го донесе Деловникот на, како што вели, шверцерски начин без опозицијата.
Отсуството на опозицијата од македонскиот парламент, собраниското мнозинство деновиве го искористи за носење на неколку закони по итна постапка.
Новиот Деловник на Собранието на Република Македонија, што беше донесен минатата недела, денеска стапува на сила. Деловникот, кој е резултат на повеќегодишно работење на домашни и странски експерти, твининг-програми, како и активно учество на домашни и меѓународни невладини организации, НДИ, Вилтон ...
Скопје, 21 јули (МИА) - Новиот Деловник на Собранието на Република Македонија, што беше донесен минатата недела, денеска стапува на сила.
На шест дена до изборот на владата на Груевски и Ахмети збунувачки критики од висок функционер на ДУИ на сметка на мандатарот и неговата ВМРО ДПМНЕ – потпретседателката на ДУИ Теута Арифи во денешна колумна констатира дека ВМРО ДПМНЕ пред изборот на владата в сабота се обидува да ја понижи ДУИ.
По реакциите од партиите за начинот на кој беше донесен деловникот, со писмена реакција се огласи спикерот Трајко Вељановски.
Новиот Деловник налага и јакнење на капацитетот на стручните служби на Собранието кои се во функција на сервисирање на работата на пратениците, односно во процесот на донесувањето на законите.
Власта нуди потпретседател, опозицијата се мисли дали да се врати Потпретседателката на ДУИ во колумна во дневниот весник "Дневник" оценува дека новиот собраниски деловник бил вметнат на дневниот ред како шверцувана стока на црн пазар Опозициската СДСМ вчера во Струмица на седница на Извршниот ...
Неизвесно е дали македонскиот парламент ќе продолжи да работи без опозиција СДСМ вечерва, на Извршен одбор ќе одлучува дали да се врати во Собранието, откако го напушти минатата недела поради приведувањето на нејзиниот потпретседател Зоран Заев, велат неофицијални извори од партијата.
Опозициониот СДСМ денеска треба да донесе одлука дали пратеничката група на партијата ќе се врати во Собранието или ќе продолжи со бојкотот на пленарните и комисиските седници.
Новиот Деловник, што Собранието на Република Македонија го изгласа минатата недела, од денеска стапува на сила. Како што информираат од кабинетот на претседателот на Собранието, основна цел на новиот Деловник е јакнење на самостојноста и ефиксноста на Собранието во однос на донесувањето на законите.