TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Вработените во НИП и газдите комуницираат преку медиумите

А1 - 10.11.2002

Комуникацијата на вработените во „Нова Македонија“ и нивните газди веќе неколку дена оди преку соопштенија и медиумите. Словенците вчера не се појавија на разговори со штрајкувачкиот одбор во НИП „Нова Македонија“, но затоа денеска преку соопштение им испратија порака дека ќе седнат на преговори ...

„Нова Македонија“ и „Вечер“ на само четири листа

А1 - 09.11.2002

Некогаш водечките весници „Нова Македонија“ и „Вечер“ денеска излегоа на по четири листа или на осум страници, како засега единствен плод на генералниот штрајк на вработените во НИП-от. Тие вчера не работеа, освен дежурните екипи кои ги покрија главните настани во државава, за да се одржи ...

Словенците ги прекинаа преговорите со штрајкувачите во "Нова Македонија

Вест - 09.11.2002

ШТРАЈКОТ ВО НАЈГОЛЕМАТА НОВИНСКО - ИЗДАВАЧКА КУЌА ПРОДОЛЖУВА Генералниот штрајк во "Нова Македонија" продожува, а дневните изданија денеска излегоа само на четири листа. Од штрајкувачкиот одбор за денеска најавија средби со претставниците на Надзорниот и на Управниот одбор, како и со генералниот ...

ЗНМ ги поддржува новинарите од "Нова Македонија"

Утрински - 09.11.2002

ОДЛУКА Здружението на новинарите на Македонија ги поддржува и ги охрабрува колегите од НИП ?Нова Македонија", во нивните напори да го зачуваат професионалното ниво и достоинство, со тоа што, според последните најави, нема да го доведат во опасност излегувањето на четирите дневни весници, што ...

Словенците ја купија "Нова Македонија" со платите од вработените

Утрински - 09.11.2002

Почна генералниот штрајк на вработените во најголемата издавачка куќа ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Контроверзната словенечка фирма "ЈУГ-сторитве" ја купила "Нова Македонија" со пари од платите на вработените. Ова го тврдат доброупатени извори од Агенцијата за приватизација кои тврдат дека Владата на ...

Весниците смалени, борба да не се смали и имотот на куќата

Дневник - 09.11.2002

ПРОДОЛЖУВА ШТРАЈКОТ ВО НИП "НОВА МАКЕДОНИЈА" Изданијата ќе излезат од печат, зашто не сакаме да помогнеме во пропаѓањето - вели претседателката на штрајкувачкиот одбор Штрајкот во НИП "Нова Македонија" ќе продолжи, весниците "Нова Македонија" и "Вечер" и списанијата денеска ќе излезат со намален ...

НИП на генерален штрајк, Тасев ја повлече оставката

А1 - 08.11.2002

Вработените во НИП „Нова Македонија“ денеска излегоа на генерален штрајк. Одлуката на штрајкувачите е утрешните изданија на сите весници со кои стопанисува НИП-от да излезат на осум страници. Во меѓувреме, претседателот на Управниот одбор на „Нова Македонија“ Никола Тасев ја повлече оставката ...

"Нова Македонија" и "Вечер" на четири страни

Вест - 08.11.2002

ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК ВО НАЈГОЛЕМАТА НОВИНСКО-ИЗДАВАЧКА КУЌА Револтираните штрајкувачи вчера го исвиркаа претседателот на Управниот одбор Вито Комац, кога се обиде да ги разубеди од намерата денеска да стапат во генерален штрајк, а подоцна се обиделе и физички да се пресметаат со генералниот директор ...

Генералниот во оставка, вработените во "Нова Македонија" во генерален штрајк

Дневник - 08.11.2002

НЕЗАДОВОЛСТВОТО КУЛМИНИРА Синдикатот вчера најави дека дневните весници "Нова Македонија" и "Вечер" в сабота ќе излезат од печат, но со намален број страници Вработените од најголемата новинско-издавачка куќа "Нова Македонија" денеска ќе стапат во генерален штрајк, бидејќи во изминативе два дена ...

Претседателот на Управниот одбор на НИП поднесе оставка

А1 - 07.11.2002

Никола Тасев, pретседателот на Управниот одбор на НИП „Нова Македонија“ денеска поднесе оставка на својата функција под притисок на вработените, кои од вчера се во предупредувачки штрајк. Како што се дознава, група незадоволни вработени во НИП се обидоа физички да се пресметаат со Никола Тасев, ...

Словенците да престанат со распродажбата на имотот на "Нова Македонија"

Вест - 07.11.2002

ПРЕДУПРЕДУВАЧКИ ШТРАЈК ВО НАЈГОЛЕМАТА НОВИНСКО-ИЗДАВАЧКА КУЌА Генералниот директор Никола Тасев се обидел да ги одврати вработените од генералниот штрајк закажан за утре, а штрајкувачкиот одбор му порачал дека тој нема да се одржи само ако им се исплатат неисплатените п Речиси сите вработени во ...

В петок - генерален штрајк

Утрински - 07.11.2002

Почна предупредувачкиот штрајк во "Нова Македонија" ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Вчера, во 8 часот наутро, почна четиричасовниот предупредувачки штрајк на вработените на НИП "Нова Македонија". Предупредување ќе има и денеска, од 8 до 12 часот, а веќе за утре синдикалната организација најавува генерален ...

Новинарите на "Нова Македонија" и на "Вечер" останаа во канцелариите

Дневник - 07.11.2002

ВРАБОТЕНИТЕ ВО "НОВА МАКЕДОНИЈА" ШТРАЈКУВАА Директорот на Куќата, Никола Тасев, се сретна од штрајкувачите и побара да го одложат штрајкот оти се правеле напори за да се обезбеди една плата Дел вработени од најголемата новинско-издавачка куќа "Нова Македонија" вчера претпладне излегоа на ...

НИП го активираше предупредувачкиот штрајк

А1 - 06.11.2002

Бараме итно да ни се исплатат заостанатите плати и да се стопира продажбата на делови од „Нова Македонија“, велат вработените во НИП-от и му порачуваат на раководството да си замине ако не може да им ги исполни барањата. Вработените во „Нова Македонија“ денеска го активираа предупредувачкиот штрајк ...

Предупредувачки штрајк на вработените во НИП "Нова Македонија"

Утрински - 06.11.2002

Поради неисполнетите барања Вработените во НИП ?Нова Македонија" вчера донесоа одлука да стапат во дводневен предупредувачки штрајк, почнувајќи од денеска, при што работата ќе ја прекинат од осум до 12 часот. Причината за штрајкот, како што се наведува во обраќањето до работоводниот орган на ...

"Нова Македонија" денеска на предупредувачки штрајк

Дневник - 06.11.2002

ПОРАДИ ЧЕТИРИ НЕИСПЛАТЕНИ ПЛАТИ Новото синдикално раководство на најголемото новинско-издавачко претпријатие "Нова Македонија" за денеска и утре од 8 до 12 часот најави предупредувачки штрајк, поради неисплатени плати, придонеси и надоместоци.

НИП од утре во штрајк

А1 - 05.11.2002

Вработените во Новинско-издавачкото претпријатие „Нова Македонија“ денеска донесоа одлука од утре да стапат во дводневен предупредувачки штрајк, прекинувајќи ја работата од 8 до 12 часот. Штрајкот на 1.427 вработени во „Нова Македонија“, како што е договорено, во петок ќе премине во генерален, ...

Георгиевски и отпиша долг од над пет милиони евра на "Нова Македонија"

Утрински - 05.11.2002

Во намерата да не се испуштат "стратегиските" словенечки газди РИСТЕ НЕДАНОВСКИ, ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Владата на експремиерот Љупчо Георгиевски во пакет со договорот за продажба на нашето најголемо новинско-издавачко претпријатие на словенечката фирма "Југ сторитве", презеде и отпиша долг од безмалку ...

Словенечкиот газда го купува мирот во "Нова Македонија"

Дневник - 05.11.2002

НЕСУДЕНИ ШТРАЈКУВАЧИ Новото синдикално раководство на новинско-издавачкото претпријатие "Нова Македонија" денеска ќе одлучи дали вработените утре ќе штрајкуваат поради неисплатените плати, придонеси и надоместоци за повеќе месеци.

Во среда штрајк на вработените во НИП-от

А1 - 04.11.2002

Ветувајќи малку преставникот на словенечкиот „Југ сторитве“, Душан Крабнер денеска се обиде да ги убеди вработените на Нова Македонија да се откажат од штрајот најавен за 6-ти ноември. Состанокот на штрајкувачкиот одбор и газдите на Нова Македонија помина главно во преговори околу исплатата на ...