TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Во Украина почна предизборната кампања за вториот круг од изборите

А1 - 05.12.2004

Во Украина денеска почна предизборната кампања за прегласување на вториот круг од претседателските избори, објави украинската Централна изборна комисија. Официјално во кампањата учествуваат двајца кандидати, актуелниот премиер Виктор Јанукович и опозициониот лидер Виктор Јушченко.

Јушченко добивал смртни закани за време на предизборната кампања

А1 - 05.12.2004

Украинскиот опозициски лидер Виктор Јушченко во денешното интервју за Би-Би-Си истакна дека добивал смртни закани и оти очекувал да биде отруен за време на предизборната кампања во земјата. Тој посочи дека неговата лична безбедност ќе биде клучен момент при прегласувањето на вториот круг од ...

Јанукович се откажа од победата, но не ја дава фотелјата

Утрински - 05.12.2004

Окончана политичката криза во Украина, на ред е институционалната ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ КИЕВ - По одлуката на украинскиот Врховен суд за поништување на вториот круг претседателски избори, многумина помислија дека ќе уследи расплет на ситуацијата.

Вториот круг од изборите во Украина ќе биде повторен на 26 декември

А1 - 04.12.2004

Централната изборна комисија на Украина реши денеска вториот круг избори за претседател на државата да биде повторен на 26 декември. Таа дата треба да ја потврди и украинскиот парламент, но се очекува дека тоа ќе биде само формалност.

Врховниот суд ги поништи изборите

Утрински - 04.12.2004

Дали доаѓа до разврска на напнатата пат-ситуација во Украина Третиот круг од изборите треба да се одржи на 26 декември ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Врховниот суд на Украина по петдневна исцрпувачка расправа вчера попладне го поништи вториот круг на изборите за претседател и најави ...

Украина - "Балкан на истокот"

Дневник - 04.12.2004

ЕмилиЈа Гелева Ако Москва има контрола врз Украина, со нејзините 52 милиона жители и поголеми ресурси, како и пристап до Црното Море, Русија автоматски повторно ќе може да стане моќна империјална држава, опфаќајќи ги Европа и Азија Најважните претседателски избори годинава, по се изгледа, нема да ...

Украина нема да се дели

Време - 04.12.2004

ВОДАЧОТ НА ОПОЗИЦИЈАТА ТВРДИ Водачот на украинската опозиција Виктор Јушченко, во интервју за американскиот весник „Вол стрит џурнал“, изјави дека опасноста од поделба на Украина е вештачка и измислена. - Актуелниот режим на Украина ја плаши Европа со заканата од сепаратизам и од поделба на Украина.

Двете Украини и „Портокаловата револуција“

Време - 04.12.2004

РЕПОРТАЖА ОД УКРАИНА Игор Станојоски, специјално за „Време“ од Лавов Синтагмите „Западна Украина“ и „Источна Украина“ содржат во себе многу повеќе од обична географска спротивставеност. Границата помеѓу нив е со идеолошка, јазична, верка, културолошка, политичка и економска тежина.

Кучма кај Путин, нови избори неизвесни

Вест - 03.12.2004

КИЕВ, 3 декември (Ројтерс) - Актуелниот украински претседател Леонид Кучма вчера замина за Москва да разговара за кризата во државата со рускиот претседател Владимир Путин, а Врховниот суд се очекува денеска да донесе пресуда за спорните претседателски избори.

Повторување на еден круг или на целите избори

Време - 03.12.2004

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ВО УКРАИНА Делегација од Европскиот парламент водена од Елмар Брок, кој го претседава Комитетот за надворешни работи на Европарламентот, вчера се сретнала со претседателот на заминување Леонид Кучма за да побара повторување на вториот круг од спорните претседателски избори.

Нови ултиматуми на опозицијата во Украина

Утрински - 03.12.2004

И покрај договорот постигнат во Киев во присуство на меѓународните посредници Според опозицијата, договорот постигнат со меѓународните посредници има важност само ако демонстрантите на улиците го прифатат тоа ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Симпатизерите на Виктор Јушченко само 12 часа ...

Новите избори се единствениот излез од кризата

Дневник - 03.12.2004

УКРАИНА Претседателски избори со се уште непотврдена форма веројатно се единствената можност за надминување на кризата во Украина, која е на работ на граѓанска војна, јави Ројтерс. Кандидатите за претседател, премиерот Виктор Јанукович и предизвикувачот Виктор Јушченко, со неуспех ги завршија ...

Услови за нова влада

Вечер Прес - 03.12.2004

Учесниците на преговорите за излез од политичката криза во која западна Украина по одржувањето на вториот круг од претседателските избори, се договориле да ги усвојат во пакет измените на законот за избор на претседател, решавањето на прашањата за политичка реформа и за формирање влада, јавува ...

Европарламентот ја обвинува Русија за ситуацијата во Украина

А1 - 02.12.2004

Европскиот парламент ја обвинува Русија дека носи најголема одговорност за развојот на ситуацијата во Украина по одржувањето на вториот круг на претседателските избори, јавија западните агенции, повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел.

Парламентот го смени премиерот Јанукович

Утрински - 02.12.2004

Состојбата во Украина уште повеќе се компликува по вчерашната неочекувана одлука на парламентот во Киев Посредниците Солана, Квашњевски, Адамкус и Гризлов вчера во Киев бараа решение за украинскиот јазол ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Состојбата во Украина уште повеќе се компликува - ...

Парламентот ја отпушти владата на Јанукович, Солана ќе ја оправа и Украина

Вест - 02.12.2004

КИЕВ, 2 декември (Ројтерс) - Опозицијата во Украина вчера извојува победа во обидите да ги поништи фалсификуваните избори кога парламентот ја отпушти владата на премирот и мандатарот Виктор Јанукович. Ос КИЕВ, 2 декември (Ројтерс) - Опозицијата во Украина вчера извојува победа во обидите да ги ...

Војна на сопствениците на Украина

Утрински - 02.12.2004

Во што е суштината на судирот на двајцата Виктори во Украина - Јушченко и Јанукович Претседателот Леонид Кучма глуми неутралност, но всушност е на страната на Виктор Јанукович затоа што најбогатиот човек на Украина, Виктор Пинчук, е негов зет и е водач на кланот од Днепропетровск Од нашиот дописник ...

Украина остана и без влада

Време - 02.12.2004

ПОЛИТИЧКА КРИЗА Украинскиот парламент со тесно мнозинство вчера реши да и изгласа недоверба на Владата, со што ја продлабочи кризата по спорните претседателски избори. Во вторникот парламентот не успеа да собере доволно пратеници за да ја урне Владата на Виктор Јанукович, еден од двајцата ...

Парламентот го собори Јанукович

Дневник - 02.12.2004

УКРАИНА Украинските пратеници со тајно гласање завчера изгласаа недоверба на владата на премиерот Виктор Јанукович, што се толкува како прва победа на упорните и масовните демонстрации на симпатизерите на опозицијата, јави Ројтерс.

Украина почна да се распаѓа?

Вечер Прес - 02.12.2004

Регионалниот парламент во Донецк во источниот дел на Украина, вчера донесе одлука на 9 јануари во тој регион да се одржи референдум за добивање статус на автономна покраина во украинската федерација, јавија западните агенции.

Украинскиот Парламент изгласа недоверба на Владата на Јануковиќ

А1 - 01.12.2004

Украинскиот Парламент денеска изгласа распуштање на Владата на премиерот Виктор Јанукович во обид да се помогне во разрешувањето на политичката криза во која западна земјата по неодамнешните претседателски избори, јавија украинските медиуми.

Референдум за автономија на Донецк на 9 јануари

А1 - 01.12.2004

Регионалниот парламент во Донецк во источниот дел на Украина денеска донесе одлука на 9 јануари во тој регион да се одржи референдум за добивање статус на автономна покраина во украинската федерација, јавија западните агенции.

Кучма против повторување на вториот круг на изборите

А1 - 01.12.2004

Украинскиот претседател Леонид Кучма денеска изјави дека се противи на повторувањето на вториот круг на претседателските избори. „Повторувањето на изборите би било фарса“, изјави Кучма на состанокот по повод политичката и економската криза во земјата која настана по изборите на 21 ноември.

ИЗГЛАСАНА НЕДОВЕРБА НА ВЛАДАТА НА ВИКТОР ЈАНУКОВИЧ

Канал5 - 01.12.2004

Украинскиот Парламент денеска му изгласа недоверба на премиерот Виктор Јанукович, што би требало да доведе до оставка на целата Влада. Со мнозинство гласови од 229, од неопходните 226 гласа, пратениците го прифатија барањето на опозицијата и поб Украинскиот Парламент денеска му изгласа недоверба на ...

Историскиот анимозитет во функција на дневната политика

Утрински - 01.12.2004

По политичко-популистичките најави за просторно дезинтегрирање на Украина Димитар Чулев Има нешто подлабоко од сегашниот анимозитет меѓу двајцата претенденти за претседателската функција во Украина, двајцата Виктори, премиерот Јанукович и Јушченко, лидер на опозицијата.

Јанукович сака повторување на изборите, но со други кандидати

Утрински - 01.12.2004

За смирување на ситуацијата во Украина многу е важно како во наредните денови ќе се однесува Москва Ситуацијата во Киев е опасна, па премиерот Виктор Јанукович го испрати своето семејство во Доњецк Од нашиот дописник Бранко Влаховиќ МОСКВА - Премиерот на Украина, и според официјалните податоци на ...

Трето изборно полувреме во Украина

Дневник - 01.12.2004

ПОЛИТИЧКА КРИЗА ПО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Ново одмерување на силите на премиерот Виктор Јанукович и опозицискиот лидер Виктор Јушченко се наметнува како единствен можен излез од длабоката политичка криза во Украина по оспорените претседателски избори, јави Ројтерс.

Кучма согласен изборите да се повторат во Украина

Вест - 01.12.2004

КИЕВ, 1 декември (АП) - Врховниот суд на Украина вчера ја продолжи истрагата за спорните резултати од вториот круг на претседателските избори а во исто време парламентот дебатираше за заканата на единството КИЕВ, 1 декември (АП) - Врховниот суд на Украина вчера ја продолжи истрагата за спорните ...

Парламентот повторно блокиран

Вечер Прес - 01.12.2004

КИЕВ, 1 ДЕКЕМВРИ (МИА) - Приврзаниците на опозицискиот лидер Виктор Јушченко ја преминаа заштитната ограда пред украинскиот Парламент и се собираат пред главниот влез на Врховната рада, откако пратениците одбија да расправаат за гласање недоверба на Владата.

Јушченко ја одби понудата да биде премиер

А1 - 30.11.2004

Опозицискиот украински претседателски кандидат Виктор Јушченко го одби предлогот на неговиот ривал на изборите, актуелниот премиер Виктор Јанукович, да му го отстапи местот шеф на Владата, доколку биде прогласен за победник на претседателските избори.

Украинската опозиција ги прекина преговорите со власта

А1 - 30.11.2004

Украинската опозиција ги прекина преговорите со власта, за надминување на политичката криза во земјата, откако Парламентот одби да му изгласа недоверба на кабинетот на премиерот Виктор Јанукович. Лидерите на опозицијата ги повикаа своите приврзаници, кои веќе 8 дена протестираат против изборната ...

Изборната агонија во Украина се пролонгира за една недела

Утрински - 30.11.2004

Врховниот суд на Украина почна да ги анализира приговорите на опозицијата во вториот круг на претседателските избори Опозицијата му поставува ултиматум на претседателот Кучма да го смени премиерот Јанукович, бидејќи, во спротивно, постојано ќе го држи во изолација ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ ...

ДЕМОНСТРАНТИТЕ ГО БЛОКИРААТ ВЛЕЗОТ НА ПАРЛАМЕНТОТ, СОЛАНА НА ПАТ КОН КИЕВ

Канал5 - 30.11.2004

Приврзаниците на опозицискиот лидер Виктор Јушченко ја преминаа заштитната ограда пред украинскиот Парламент и се собираат пред главниот влез на Врховната рада, откако пратениците одбија да расправаат за гласање недоверба на Владата.

Врховниот суд бара излез од украинскиот ќор-сокак

Дневник - 30.11.2004

КРИЗА ПО ВТОРИОТ КРУГ ОД ИЗБОРИТЕ Неприфатлива е каква и да е поделба на Украина, изјави актуелниот украински претседател Леонид Кучма на средбата со регионалните лидери од југоисточна Украина, кои завчера се заканија дека ќе распишат референдум за автономен статус, јави МИА.

Доњецк со референдум за отцепување од Украина

Вест - 30.11.2004

КИЕВ, 30 ноември (АП) - Врховниот суд на Украина вчера почна дискусија за валидноста на резлутатите од претседателските избори, а во исто време источната провинција Доњецк закажа референдум за автономија КИЕВ, 30 ноември (АП) - Врховниот суд на Украина вчера почна дискусија за валидноста на ...

Грузија и дава отворена поддршка на опозицијата

Утрински - 30.11.2004

Узбекистан, Киргистан и Туркменистан заедно со Русија и Белорусија ги признаа резултатите Грузија на годишнината од сопствената †револуција на розата" се гледа себеси како предводник на она што сега го прави Украина Неколку држави во поранешниот советски блок застанаа зад Русија во потврдувањето на ...

НАТО и ЕУ сакаат Украина да остане цела

Време - 30.11.2004

ПО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ ВО УКРАИНА Европската Унија и НАТО вчера предупредија дека на Украина и се закануваат распад и поделба, по кризата што изби околу спорните претседателски избори. - Единството на Украина е од суштинско значење - изјави еврокомесарот Хавиер Солана откако „проруските“ јужни ...

Украинската опозиција повика на протести пред Врховниот суд

А1 - 29.11.2004

Украинската опозиција ги повика денеска своите приврзеници во масовен број да се соберат пред зградата на Врховниот суд во Киев, во очекување на конечна одлука во врска со резултатите од претседателските избори. Еден од опозиционите лидери Јулија Тимошенко во неделата ги повика демонстрантите да ...

Кучма: „Неприфатлива е каква и да е поделба на Украина“

А1 - 29.11.2004

Неприфатлива е каква и да е поделба на Украина, изјави актуелниот украински претседател Леонид Кучма за време на средбата со регионалните лидери од Југоисточна Украина, кои бараат автономија. На средбата присуствува и премиерот Виктор Јанукович, претседателот на Парламентот Володомир Литвин, ...

Украинскиот парламент ги поништи изборите, конечната одлука во Врховниот суд

Вест - 29.11.2004

Киев, 29 ноември - Актуелниот украински претседател Леонид Кучма изјави дека неопходен е договор за излез од кризата во Украина, но дополни дека преговорите се многу тешки и засега не се одвиваат добро. Киев, 29 ноември - Актуелниот украински претседател Леонид Кучма изјави дека неопходен е договор ...

Украина пука по рабовите

Време - 29.11.2004

КРИЗА ПО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ Низ Украина вчера делумно се смирија големите протести на приврзаниците на двајцата претседателски кандидати Виктор Јушченко и Виктор Јанукович. Демонстрантите се собираат по домовите во очекување на денешната одлука на Врховниот суд, кој треба да процени дали ...

Кучма им го расипа славењето на приврзаниците на Јушченко

Утрински - 29.11.2004

Претседателот на Украина изјави дека Врховната Рада нема право да ги поништи изборите Според законите, изборите можат да ги поништат само претседателот или Врховниот суд ако навистина се утврди дека имало кршење на законот ОД НАШИОТ ДОПИСНИК БРАНКО ВЛАХОВИЌ МОСКВА - Приврзаниците на кандидатот на ...

Сега истокот сака да се отцепи

Дневник - 29.11.2004

УКРАИНА ПРЕД ГРАЃАНСКА ВОЈНА Неуспешните преговори меѓу украинските лидери, постојаните улични демонстрации во целата земја, а особено најавата од прорускиот дел од земјата дека ќе се отцепи ја доведоа Украина на работ на граѓанска војна, јави Ројтерс.

Опозицијата вчера паузираше по седумдневните протести

Вечер Прес - 29.11.2004

КИЕВ, 29 НОЕМВРИ(МИА). - Украинската опозиција вчера ги повика своите приврзаници, кои седум дена протестираат во центарот на Киев, да направат пауза, но во голем број да се соберат денеска пред зградата на Врховниот суд, кој треба да донесе одлука за изборниот резултат.