Палестинскиот лидер Јасер Арафат денеска изјави дека е подготвен за мировни разговори со кој било израелски лидер и повика на запирање на, како што ги нарече, терористичките напади врз израелските цивили, објави весникот New York Times.
Израелски хеликоптери рано изутрината со ракетни проектили го нападнаа седиштето на палестинската поморска полиција во појасот Газа, соопштија палестински претставници, не наведувајќи дали во нападот имало жртви. Претставник на израелската војска ја потврди акцијата не наведувајќи детали.
ЕРУСАЛИМ, 2 февруари - Израел денес "нема никаква намера физички да го елиминира" палестинскиот лидер Јасер Арафат, изјави израелскиот премиер Ариел Шарон во интервју за весникот "Маарив". На прашањето дали жали што во 1982 година за време на блокадата на Бејрут, израелската армија не го убила ...
„Изјавата на израелскиот премиер Ариел Шарон во која тој жали што не го ликвидирал палестинскиот лидер Јасер Арафат во 1982-та година не придонесува за смирување на состојбата во регионот“, оцени портпаролот на американскиот Стејт Департмент, Ричард Баучер.
ЕРУСАЛИМ, 1 февруари - Двајца вооружени Палестинци се убиени утрово од страна на израелски војници, додека се обидувале да избегаат откако претходно активирале бомба поставена покрај еден пат што го користат еврејските доселеници.
ЕРУСАЛИМ, 1 февруари (Ројтерс) - Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека Израел требаше да го елиминира Јасер Арафат во 1982 година, но сега палестинскиот лидер може да се покаже како валиден мировен партнер. "Во Либан беше договорено Арафат да не биде елиминиран.
Палестинскиот лидер ја губи поддршката и во Европа БЕРЛИН - Германскиот канцелар Герхард Шредер, вчера изјави дека Европа би требало да изврши притисок врз палестинскиот лидер Јасер Арафат за заострување на мерките против секој што спроведува напади против Израел.
Димитар Чулев Не е спорно дека камиказе-акциите на палестинските самоубијци се акт близок или сосема идентичен со терористичкото дејствување во кое, поради одмазнички, религиозни или слободарски цели, гинат недолжни цивили чија смрт е трагична поради единствената (не)вина да се најдат во незгоден ...
Шокантен коментар на израелскиот премиер ЕРУСАЛИМ - Израелскиот премиер Ариел Шарон, во коментарите објавени вчера, изјави дека Израел требал да го "елиминира" Јасер Арафат во 1982 година, но сега палестинскиот лидер може с? уште да докаже дека е валиден мировен партнер.
ИСПОВЕД НА АРИЕЛ ШАРОН Израелскиот премиер Ариел Шарон вчера изјави дека жали затоа што пред две децении пропуштил можност да го елиминира палестинскиот лидер Јасер Арафат, јави Ројтерс. - За време на воената интервенција во Либан се договоривме да не го елиминираме Арафат.
СПОРЕД ПАЛЕСТИНСКИ ПОЛИЦИСКИ ИЗВОРИ Палестински безбедносни извори вчера ја идентификуваа првата жена што изврши самоубиствен бомбашки напад врз израелски цивили, но оценија дека таа можеби случајно го активирала експлозивот што уби еден Израелец и рани стотина, јави Ројтерс.
Три лица беа тешко повредени во експлозија на автомобил бомба рано изутрината во реонот на Таибех, триесетина километри северно од Тел Авив. Според израелското радио, две од повредените лица се Израелци, а третото Палестинец.
ИРТАС, Западен Брег, 30 јануари (Ројтерс) - Израелските тенкови и војници вчера извршија напад врз едно село кое е под палестинска контрола во близина на Витлеем на Западниот Брег при што уапсиле тројца палестински милитанти.
Израел како одмазда нападна село на Западниот Брег ИРТАС - Израелски војници во вторникот нападнаа едно село на Западниот Брег под палестинска власт и уапсија тројца осомничени милитанти, откако САД упатија најнови критики за Јасер Арафат поради 16-месечното крвопролевање.
Израелски војници и тенкови изведоа акција во едно палестинско село на Западниот брег и притоа уапсија тројца палестински милитанти. При нападот палестинската полиција се спротивставила и биле ранети четворица нивни припадници.
БРИСЕЛ, 29 јануари (Ројтерс) - Европската унија вчера се заложи за континуирана поддршка за Јасер Арафат и покрај се позачестените критики на САД упатени кон овој претседател и неговата Палестинска власт. Додека 15-те министри за надворешни работи на средбата разговараа за ескалирањето на ...
БЛИСКИ ИСТОК Израелската полиција вчера убила Палестинец, кој со возило се пробил низ два контролни пункта и стигнал до предградието на Тел Авив, јави Ројтерс. Потерата по Палестинецот почнала откако тој се пробил кај армискиот пункт кај градот Калкилија на Западниот брег возејќи брзо меѓу ...
„Палестинскиот лидер Јасер Арафат е вмешан во трговија со оружје од иранско производство“, изјави американскиот потпретседател Дик Чејни. „Ги видовме доказите за вмешаноста на Арафат по неуспешниот обид за шверц на 50 тони оружје“, изјави Чејни, алудирајќи на бродот „Карин“ кој беше запленет од ...
Прва помош за една жена повредена во вчерашниот напад Ерусалим, 28 јануари- Повеќе од 90 лица се повредени во самоубиствениот бомбашки напад во центарот на Ерусалим кој се случи вчера, откако бомбаш - самоубиец активирал експлозивна направа при што загинал.
Трагичните самоубиствени напади во Израел не престануваат Од бомбата повредени четириесетина Израелци ЕРУСАЛИМ - Палестински самоубиец вчера се разнесе со бомба во центарот на Ерусалим, при што беа повредени четириесетина лица, соопштија полициски и болнички претставници.
Арапите се солидаризираат со палестинскиот лидер по многубројните укори од САД КАИРО - Низ целиот арапски свет, граѓаните, политичарите и весниците беа разгневени поради коментарот на Буш дека бил "многу разочаран" од обидите на Арафат да го спречи 16-месечното крвопролевање и од неговата најава за ...
ВО ЦЕНТАРОТ НА ЕРУСАЛИМ Палестински терорист вчера рани десетици луѓе активирајќи експлозив на својот појас во трговскиот центар на Ерусалим, јави Ројтерс. Тоа е трет самоубиствен напад во израелските градови во изминатите седум дена.