TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Зафировска: Немало договор со семејствата на киднапираните

А1 - 08.05.2004

Немало никаков договор со семејствата на киднапираните за тоа кога и како ќе биде објавен извештајот од ДНК анализите, изјави за А1 истражниот судија Александра Зафировска, која го води случајот со киднапираните Македонци. Семејствата на киднапираните вчера обвинија дека се сомневаат во резултатите ...

Власта прави спектакл од нашите маки

Дневник - 08.05.2004

ШОКИРАНИ РОДНИНИТЕ НА КИДНАПИРАНИТЕ Власта прави спектакли со нашите маки, велат роднините на киднапираните, револтирани од одлуката на МВР да објави дека се идентификувани тројца од киднапираните Македонци во војната од 2001 година.

Семејствата на киднапираните бараат нова ДНК-анализа во странство

Утрински - 08.05.2004

Роднините на киднапираните не успеаја да се сретнат со надлежните, откако беше соопштено дека тројца се идентификувани Синовите на Симеон Јакимовски најавуваат дека приватно ќе бараат да се направи ДНК-анализа во друг странски институт ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА - ГОЈКО ЕФТОСКИ Роднините на киднапираните ...

Киднапирани и однесени во непознат правец од пред своите домови

Утрински - 08.05.2004

РЕТРО Прв исчезнал Андре Цветановски на 4 јули 2001 година Киднапирани и однесени во непознат правец од пред своите домови Трагедијата на семејството Гогоски почнува на 23 јули кога Крсто Гогоски, учител во пензија, е киднапиран во неговото село Непроштено.

Се бараат нови ДНК анализи

Вест - 08.05.2004

РОДНИНИТЕ НА КИДНАПИРАНИТЕ РЕВОЛТИРАНИ ОД ВЛАСТА Семејствата на киднапираните се сомневаат дека државните органи ги фалсификувале резултатите само да го затворат случајот Роднините на 12-темина киднапирани Македонци, незадоволни од објавените резултати од ДНК анализите преку кои се идентификувани ...

Сите киднапирани се мртви!

Утрински - 08.05.2004

По ексхумацијата и идентификацијата на цивилните жртви од воениот конфликт во 2001 година Соопштението на истражната судијка Александра Зафировска од Основниот суд во Тетово за идентификуваните тела на Димитрие Димовски и Симеон Јакимовски и Крсто Гогоски од Непроштено, чиишто посмртни останки беа ...

На Ахмети да му се одземе имунитетот и да одговара за воени злосторства

Време - 08.05.2004

АДВОКАТОТ НА РОДНИНИТЕ НА КИДНАПИРАНИТЕ БАРА Емил Зафировски На Али Ахмети треба итно да му се одземе пратеничкиот имунитет и да одговара за воени злосторства врз цивилно население, изјави вчера Ванчо Шехтански, адвокат на роднините на киднапираните Македонци.

Роднините на киднапираните не веруваат во резултатите на ДНК

А1 - 07.05.2004

Огорчени, гневни и разочарани, роднините на киднапираните Македонци денеска сакаа да се сретнат лично со министерот Хари Костов за да ги проверат информациите кои вчера им беа соопштени, дека тројца Македонци кои исчезнаа во војната 2001-ва се идентификувани и прогласени за мртви.

Роднините на 12 те киднапирани македонци не им веруваат на резултатите од днк анализата

Канал5 - 07.05.2004

Роднините на 12 те киднапирани македонци не им веруваат на резултатите од днк анализата кои покажаа дека телата на Димитрие Димовски, Симеон Јакимовски и Крсто Гоговски биле закопани во масовна гробмница кај Требош. -Беше договорено резултатите од днк Роднините на 12 те киднапирани македонци не им ...

Идентификувани тројца од киднапираните

Време - 07.05.2004

Институтот за судска медицина и за криминалистика од Скопје по извршената ДНК-анализа го утврди идентитетот на тројца од вкупно 12-те лица што беа киднапирани за време на воениот конфликт во 2001 година. Од добиените резултати на ДНК-анализата е утврден идентитетот на Димитрие Димовски и на Симеон ...

Утврден идентитетот на тројца од киднапираните Македонци

Утрински - 07.05.2004

По споредбата на ДНК-резултатите од роднините и ексхумираните трупови кај Требош Утврден е идентитетот на тројца, од вкупно дванаесетте лица кои беа киднапирани за време на воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Како што соопшти истражниот судија, Александра Зафировска, потврден е ...

Идентификувани тројца од 12 киднапирани Македонци

Дневник - 07.05.2004

СО ДНК-АНАЛИЗИ Идентитетот на тројца од вкупно 12 лица што беа киднапирани во текот на воениот конфликт во 2001 година е утврден со анализа на ДНК. Од добиените резултати на ДНК-анализата бил утврден идентитетот на Димитрие Димовски и на Симеон Јакимовски, двајцата од Тетово, и на Крсто Гогоски од ...

Идентификувани тројца од 12-темина киднапирани Македонци

Вест - 07.05.2004

СЛУЧАЈ КИДНАПИРАНИ ЗА ВРЕМЕ НА КОНФЛИКТОТ 2001 Со ДНК анализа утрвдено е дека во јамата кај Требош се најдени телата на Димитрие Димовски и Симеон Јакимовски и двајцата од Тетово и Крсто Гоговски од тетовското село Непроштено Тројца од 12-темина киднапирани Македонци за време на воениот конфликт во ...

Идентификувани 3 од 12-те киднапирани

А1 - 06.05.2004

Со ДНК анализата се идентификувани Димитрие Димовски, Симеон Јакимовски, двајцата од Тетово и Крсто Гогоски од Непроштено. Тоа се тројца од вкупно 12-те киднапирани Македонци во конфликтот. Нивните останки се пронајдени во ноември 2001-та во ископувањата на масовната гробница кај тетовското село ...

Семејствата на киднапираните револтирани за јавно објавените информации

А1 - 06.05.2004

Информативната средба на надлежните органи со семејствата на киднапираните беше затворена за јавноста. Семејствата го искажаа својот револт, зошто најновите информации се објавени во јавноста пред да им се каже на семејствата за наодите.

Роднините на киднапираните нема да соработуваат со новиот претседател

Дневник - 05.05.2004

НЕЗАДОВОЛНИ ОД ИСТРАГАТА Роднините на киднапираните Македонци од конфликтот во 2001 година, нема да прифатат соработка со Бранко Црвенковски откако тој ќе ја преземе функцијата претседател на државата, соопшти Војо Гоговски, преставник на семејствата на киднапираните.