TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Струшките средношколци се враќаат на настава со родители

Утрински - 28.02.2009

Претходен број СТРУГА - Струшките ученици од понеделник се враќаат на настава, но заедно со своите родители кои од безбедносни причини ќе ги придружуваат до училишниот двор.

Наставата во Струга ќе почне в понеделник

Дневник - 28.02.2009

Учениците-Македонци со нивните родители, во јазични смени, в понеделник ќе ја почнат наставата во средношколскиот центар „Нико Нестор“ во Струга.

Родителите ќе ги носат средношколците на настава

Вест - 28.02.2009

Од понеделник македонските средношколци од "Нико Нестор" во Струга на настава ќе одат во јазични смени, заедно со нивните родители.

Учениците од Нико Нестор во понеделник на училиште

Алсат-М - 28.02.2009

Од понеделник средношколците етнички Македонци од Нико Нестор на настава ќе одат во етнички чисти смени. Ова било договорено на синоќешниот состанок на училишниот одбор и родителите Македонци.

Во клупи со родители

Време - 28.02.2009

Учениците Македонци од струшкото средно училиште „Нико Нестор“ во клупите ќе седнат заедно со своите родители ако во понеделник не почне најавената настава во етнички поделени смени.

Нема договор во Струга

Алсат-М - 28.02.2009

Албанските професори и родители нема да им дозволат на македонските ученици од Струшкото средно училиште Нико Нестор од понеделник настава да следат во чисти етнички смени.

Родителите Македонци и Албанци на различна бранова должина

Телма - 28.02.2009

Родителите Албанци и Македонци се согласија дека учениците треба да се вратат во школските клупи, но не можат да се договорат како треба да продолжи наставата во средното училиште „Нико Нестор“, во Струга која ...

Никој не знае дали од понеделник ќе има настава во Нико Нестор

Алфа - 28.02.2009

Пропадна и последниот обид од низата состаноци на училишниот одбор,- да се најде заедничко прифатливо решение кое ќе ги врати струшките средношколци во училишните клупи.

Родителите без решение за начинот на кој ќе продолжи наставата во „Нико Нестор“

Сител - 28.02.2009

Родителте на учениците Македонци и на учениците Албанци од средното училиште „Нико Нестор“ од Струга согласни дека нивните деца треба да се вратат во училишните клупи и наставата да продолжи, но со ...

Од понеделник учениците во Нико Нестор ќе ја продолжат наставата во одделни смени

Канал5 - 27.02.2009

Од понеделник учениците во Нико Нестор ќе ја продолжат наставата во одделни смени. Така решил на денешниот состанок одборот на родителите од Струшката гимназија.

Родителите Македонци не отстапуваат од јазичните смени

Телма - 27.02.2009

Советот на родителите на учениците Македонци одлучи нивните деца од понеделник да се вратат на настава во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, но исклучиво во посебни јазични смени.

Струга пред новото наставно утро

Утрински - 27.02.2009

Сегашната Општина Струга брои околу 67.000 жители, а во Струга живеат околу 18.000 жители. Со новиот закон за задолжителна настава во средно образование финансирано од државата во „Нико Нестор“ и ‘‘Ибрахим ...

Политиката ги здроби учениците во Струга

Утрински - 27.02.2009

Струга - По вчерашните обвинувања на струшкиот разгранок на ДПА дека градоначалникот Рамиз Мерко од ДУИ ќе отвора приватно средно училиште, наместо да се решава, случајот во средните училишта во Струга ...

„Нико Нестор“ под тепих до изборите

Време - 27.02.2009

Учениците Македонци трета недела по ред ја бојкотираат наставата во Средното училиште „Нико Нестор“ во Струга. Во гимназијата „Ибраим Темо“, пак, учениците Македонци деновиве се вратија во училишните клупи.

Родителите-Македонци инсистираат на етнички смени во Струга

Макфакс - 27.02.2009

Советот на родителите на учениците Македонци одлучи нивните деца од понеделник да се вратат на настава во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, но исклучиво во посебни јазични смени.

Настава во одвоени јазични смени во Струга

Кирилица - 27.02.2009

Родителите на учениците Македонци од средношколскиот центар „Нико Нестор“ од Струга остануваат на ставот нивните деца од понеделник од безбедносни причини наставата да ја следат во одвоени јазични смени Според ...

Без решение за струшкото училиште Нико Нестор

Сител - 27.02.2009

Од понеделник доколку надлежните институции не обезбедат услови за воведување на јазични смени во струшкото училиште Нико Нестор родителите заедно со учениците Македонци ќе посетуваат настава.

Учениците Македонци на настава со родителите

Вечер Прес - 27.02.2009

Неколку години наназад учениците, професорите, родителите и органите за безбедност имаат лошо искуство со нарушување на безбедноста со масовни тепачки заради организација на наставата во мешани јазични смени.

ДПА: Мерко побарал од Владата отворање приватно училиште

Н.Македонија - 27.02.2009

Мора да постои потпишан документ за поделба на учениците во струшкиот средношколски центар „Нико Нестор“ во одделни јазични смени, обвини разгранокот на ДПА од Струга на вчерашната прес-конференција.

Нема на повидок решение за „Нико Нестор“

А1 - 26.02.2009

Трета недела учениците Македонци ја бојкотираат наставата во стручното средно училиште „Нико Нестор“ во Струга, а не се ни гледа на повидок решение на проблемот.

ДПА: Проблемите во Нико Нестор поради приватни интереси на Мерко

Алсат-М - 26.02.2009

Струшкиот огранок на ДПА денеска уште еднаш го повика градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко да одговори кој се причините поради кои три недели нема настава во средношколскиот центар Нико Нестор.

Македонците повторно на настава

Вечер Прес - 26.02.2009

Учениците Македонци од гимназијата "Ибрахим Темо" во Струга се вратија на настава. Според советникот за образование во локалната самоуправа во Струга, Џејми Хајредини, кај нив преовладал разумот за по ...

Поделената Струга пред решение - јазични или мешани смени за учениците

Алфа - 25.02.2009

Гимназијалците од стршкиот „Нико Нестор“ наместо на училиште веќе три недели времето го минуваат по кафулиња. Даниела, Дијана, Ивана се дел од 700 - те ученици кои чекаат на финалното решение - како ќе ...

Во Струга трета недела бојкот, решение засега нема

Утрински - 24.02.2009

СТРУГА – Во Струга трета недела бојкот, а решение засега нема. Учениците-Македонци во средните училишта „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга и вчера ја бојкотираа наставата.