TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Градоначалникот Костовски промовира нископоден автобус

Дневник - 19.10.2008

Градоначалникот Костовски промовира нископоден автобус Со промотивното и пробно возење во нископодниот автобус марка „мерцедес“, што се одржа во саботата, градските власти уште еднаш се обидоа да докажат дека на Скопје не му се потребни двокатни автобуси.

Наспроти двокатните, мерцедес на проба

Вечер Прес - 19.10.2008

Скопскиот градоначалник Трифун Костовски, по својата неодамнешна најава дека на краток период ќе "позајми" три типа на еднокатни автобуси кои би ги промовирал пред граѓаните како подобро решение, наспроти владината одлука да набави 300 нови двокатни автобуси, во саботата организираше и промотивно возење на мерцедесовиот автобус во Скопје.

Владата во битка со Скопје

Утрински - 18.10.2008

Нецели шест месеци пред избори, Владата е во голема кавга со главниот град. Расправиите и заемните обвинувања добиваат во интензитет од ден на ден, а чашата ја наполни докрај владината одлука да купи двокактни автобуси за јавниот превоз на Скопје. Напнатост и нетрпеливост. Тоа се главните карактеристики што одамна и' дадоа печат на комуникацијата помеѓу Трифун Костовски и Владата.

Владата купува двокатни, а Костовски нуди еднокатни автобуси за Скопје

Алсат-М - 18.10.2008

За разлика од владата која набавува 300 двокатни автобуси, скопскиот градоначалник Трифун Костовски презентираше еднокатен автобус со хармоника од типот Мерцедес кој според него е најдобрата опција за граѓаните. Споредено со предлогот на Владата, автобусите презентирани од град Скопје, чинат 100.000 евра помалку од двокатни.

Костовски ќе биде дел од скопската историја кога ќе пристигнат двокатните автобуси

Кирилица - 18.10.2008

Заменик - претседателот во Владата на Република Македонија задолжен за евроинтеграциите, Ивица Боцевски денеска поздравувајќи ја одлуката на скопскиот градоначалник Трифун Костовски и на градските власти после четири години да влезат во градски автобус, им порача дека би било многу подобро да влезат во автобус за кој, како што рече, имаат одговорност наместо во оној што служи само за сценско ...

КОСТОВСКИ - ЕДНОКАТНИТЕ АВТОБУСИ СЕ НАЈДОБРОТО РЕШЕНИЕ

Сител - 18.10.2008

Од понеделник жителите на Скопје бесплатно ќе можат да ја користат услугата. Автобусот ќе биде пуштен на линија која ќе биде утврдена од надлежните. - Ние сепак сме обидени дека на град Скопје му треба еднокатни автобуси, затоа денес имаме промотно возење со автобусот марка Мерцедес - вели градоначалникот Трифун Костовски.

Градот е за нископодни автобуси, Владата контрира со двокатни

Дневник - 17.10.2008

Од наредниот месец Градот ќе презентира единечни хибрид-автобуси од Полска и автобуси од марката „мерцедес“ и „санос“ за да докаже дека тие во секој поглед се подобри од двокатните што Владата реши да ги купи. Скопскиот градоначалник се изјасни дека ќе го протежира тој на домашниот производител, на „Санос“, за да му се обезбеди работа. Образложението на Градот и на в.д.

Градоначалникот ќе рента автобуси за проба

Време - 17.10.2008

Градоначалникот Трифун Костовски најави дека ќе позајми неколку хибридни, нископодни модерни автобуси од фирмите „Санос“, „Мерцедес“ и од Полска, кои одреден период ќе сообраќаат по скопските улици за да им покаже на граѓаните дека постои подобра алтернатива за градскиот превоз од двокатните автобуси.

ЈСП ќе вози позајмени автобуси

Вест - 17.10.2008

На Скопје му се потребни еднокатни, а не двокатни автобуси, смета градоначалникот Трифун Костовски. Тој тврди дека со набавката на 300 нови двокатни автобуси Владата неразумно троши пари кои може да се искористат за решавање на други проблеми во ЈСП.

ЈСП не гарантира безбедност и удобност во двокатните автобуси

Н.Македонија - 17.10.2008

Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ не гарантира безбеден, удобен, сигурен и квалитетен јавен превоз со двокатните автобуси, изјави вчера в.д. директорот Александар Бошковиќ по средбата со градоначалникот Трифун Костовски. Според него, тие се многу понесигурни од обичните, нископодни возила и би можеле многу полесно да се превртат.

Градот Скопје и ЈСП не се консултирани за двокатните автобуси

Алсат-М - 16.10.2008

Градот Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие денеска информираат дека Владата не ги консултирала во врска со тендерот за купување на 302 двокатни автобуси. Според нив, многу попаметно за градот ќе биде доколку се купат автобуси со низок праг отколку 300 двокатни автобуси бидејќи градот нема соодветна инфраструктура за тоа.

Трифун Костовски не ги сака двократните автобуси на Владата

Канал5 - 16.10.2008

Градоначалникот на Скопје Трифун Костовски не ги сака двокатните автобуси на Владата. Неразбирлива и нелогична е идејата за набавка на 300 вакви автобуси кои подоцна како донација ќе му бидат дадени на ЈСП е ставот на градоначалникот на Скопје. Инвестицијата е економски неисплатлива, а секаде во светот се напушта употреба на двокатните автобуси.

Владата ги повика градските власти да се подготват за прием на двокатните автобуси

Нетпрес - 16.10.2008

Владата ги повика градските власти да се подготват за прием на двокатните автобуси Владата го повика градот Скопје да се подготви за прием на двокатните автобуси кои како донација ќе му бидат предадени од Владата. “Граѓаните на Скопје заслужуваат многу повеќе.

ГРАД СКОПЈЕ И ВЛАДАТА ПОВТОРНО ВО КАВГА ЗА ДВОКАТНИТЕ АВТОБУСИ

Сител - 16.10.2008

Според Костовски, инфраструктурата на градот не е погодна за ваков вид на автобуси, и за прилагодување на скопските улици ќе бидат потребни поголеми инвестиции. Владата, пак, останува на ставот за набавка на двокатните автобуси со ветување дека ќе бидат презмени сите дополнителни интервенции кои ќе бидат потребни за прилагодување на градската инфраструктура.

Сепак, двокатни автобуси низ Скопје

Форум - 16.10.2008

Како одговор на денешните изјави на градоначалникот на град Скопје, Трифун Костовски, дека ќе презентира нископодни автобуси од три различни фирми пред граѓаните на главниот град, па тие да одлучат во какви автобуси ќе се возат, вицепремиерот, Ивица Боцевски, рече дека Владата на градот сепак ќе му подари 300 двокатни автобуси.

За Скопје 301 двокатен автобус

Вечер Прес - 16.10.2008

Првите 102 двокатни автобуси ќе бидат набавени во текот на 2009 година, а во наредните две години, односно во 2010 и 2011, и останатите 200, кои ќе бидат наменети за јавен градски превоз, велат во Министерството за транспорт и врски Наместо 102 двокатни автобуси, чијашто набавка Владата неодамна ја најави, распишан е оглас за вкупно 302 автобуси, а крајниот рок за доставување на понудите е ...

Двокатен Потемкин

Утрински - 15.10.2008

Скопјани, радувајте се! За најмногу две години Владата двојно ќе го засили „крвотокот“ на градот. Ако сега по градските улици крстосуваат 300 стари автобуси, до 2010 година ќе возат исто толку, но на два ката, нови и според најсовремени европски стандарди. Колку е само несовремена Европа без двокатни автобуси низ својот „крвоток“! Владата ќе му помогне на главниот град и ќе му купи нови автобуси.

ЕУ ги отфрла, Владата ги купува двокатните автобуси

Н.Македонија - 15.10.2008

Со директива од 2005 година Европската Унија побарала од градовите што користат двокатни автобуси да го намалат нивниот број поради негативните искуства пред сè во безбедноста на сообраќајот. Со одлука на Владата, пак, Министерството за транспорт и врски го измени тендерот за набавка на двокатни автобуси за Скопје, па наместо претходно предвидените 102, ќе се купат 302 возила.

Не сто, туку триста автобуси за Скопје од Владата

Вест - 14.10.2008

Триста, место најавените 102 нови двокатни автобуси, ќе добие ЈСП"Скопје" како донација од Владата наредната година. Автобусите ќе бидат според најсовремени екостандарди, соодветно климатизирани и со рампи за лица со инвалидитет. И покрај тоа што на почетокот на оваа година беше распишан тендер за набавка на 100 автобуси, Владата истиот го поништила за да распише нов, со кој ќе се набават трипати ...

КОСТОВСКИ - ВЛАДАТА ГРУБО СЕ МЕША ВО РАБОТАТА ГРАДОТ СКОПЈЕ

Телма - 14.10.2008

Одлуката на Владата за набавка на 300 нови двокатни автобуси за потребите на ЈСП Скопје е грубо мешање во работата на локалната власт. Јас како прв човек на Градот требаше да бидам барем известен за тоа, но најверојатно Владата сака да приредува изненадувања, вели градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски.

Владата ќе купи 302 нови двокатни автобуса

Утрински - 14.10.2008

Грубите пресметки покажуваат дека за толку автобуси се потребни меѓу 60 и 75 милиони евра Снежана Калабакова Владата решила да купи 302 новопроизведени двокатни автобуси наменети за јавниот превоз. Иако на завчерашната маратонска владина седница министерот за транспорт, Миле Јанакиески, не потенцираше дали сите автобуси ќе бидат за ЈСП, или можеби дел од нив ќе го подноват возниот парк и во некои ...

Скопје ќе добие 300 нови автобуси

Дневник - 14.10.2008

Владата донесе одлука за измени на меѓународниот тендер и наместо 100, ќе набави 300 нови двокатни автобуси за градскиот сообраќај во Скопје, соопшти вчера вицепремиерот одговорен за европските интеграции, Ивица Боцевски. Според него, целата тендерска постапка ќе ја води Министерството за транспорт и врски, а потоа автобусите, како донација, ќе му бидат предадени на ЈСП „Скопје“.

Градскиот автобуски сообраќај во Скопје се прошири

Н.Македонија - 14.10.2008

Во чест на 11 Октомври - Денот на народното востание на македонскиот народ, во Скопје е отворена нова автобуска линија на градскиот сообраќај, а линијата што постоеше досега се прошири. Проширувањето на градскиот автобуски сообраќај во Скопје сведочи за неговиот брз социјалистички развиток и за грижата на народната власт за работниот народ кој што може преку автобусите порационално да го користи ...

Триста двокатни автобуси за Скопје

Н.Македонија - 14.10.2008

Наместо сто, Скопје ќе добие триста нови двокатни автобуси за јавниот превоз, одлучила Владата. Вицепремиерот Ивица Боцевски вчера соопшти дека било решено да се измени веќе распишаниот тендер со кој требаше да се набават 100 возила за градскиот сообраќај и два со отворена платформа за туристичко разгледување. Според Боцевски, целата постапка ќе се изведе идната година.

Наместо 100, ќе се набават 300 нови двокатни автобуси за градскиот превоз

Алсат-М - 13.10.2008

Владата на Република Македонија донесе одлука да се измени тендерот за набавка на автобуси за градскиот сообраќај во Скопје Наместо првично предвидените 100, ќе бидат набавени 300 нови двокатни автобуси соопшти попладнево на прес - конференција вицепремиерот Ивица Боцевски. Според него, целата постапка ќе се реализира идната година. Меѓународниот тендер е веќе распишан и вклучува 14 понудувачи.

Владата ќе го менува тендерот за набавка на нови градски автобуси

Канал5 - 13.10.2008

Владата ќе го менува тендерот за набавка на нови градски автобуси. Наместо предвидените 100, ќе се набавуваат 300 нови автобуси.   Тендерот ќе го спроведува Министерството за транспорт и врски, а автобусите ќе му бидат подарени на јавното сообраќајно претпријатие најавија од Владата. ЈСП сега располага со 298 автобуси.

НЕ 100, ТУКУ 300 ДВОКАТНИ АВТОБУСИ ЗА СКОПЈЕ

Телма - 13.10.2008

Владата ќе набави 302 двокатни автобуси со цел модернизирање на јавниот превоз во главниот град. Со тоа ќе се овозможи целосна замена на дотраениот возен парк на ЈСП Скопје, а ќе се купат и два отворени автобуси кои ќе служат за панорамско разгледување на Скопје и на Охрид, најави вицепремиерот Ивица Боцевски.

НАМЕСТО 100, ЌЕ СЕ НАБАВАТ 300 НОВИ ДВОКАТНИ АВТОБУСИ ЗА ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ

Сител - 13.10.2008

НАМЕСТО 100, ЌЕ СЕ НАБАВАТ 300 НОВИ ДВОКАТНИ АВТОБУСИ ЗА ГРАДСКИОТ ПРЕВОЗ Владата на Република Македонија донесе одлука да се измени тендерот за набавка на автобуси за градскиот сообраќај во Скопје и за двата автобуса со отворена платформа наменети за главниот град и Охрид, со што, наместо првично предвидените 100, ќе бидат набавени 300 нови двокатни автобуси, соопшти попладнево на прес - ...

Во тек е постапката за категоризација на автобуските станици

Нетпрес - 13.10.2008

Во тек е постапката за категоризација на автобуските станици Министерството за транспорт и врски информира дека во тек е постапката за категоризација на автобуските станици во државава, преку што ќе се овозможи воведување ред во внатрешниот и меѓународниот автобуски превоз.

Наместо 100 Владата ќе купи 300 нови двокатни автобуси

Нетпрес - 13.10.2008

Владата ќе набави 300 нови двокатни автобуси наместо првично предвидените 100 во тендерот за набавка на автобуси за градскиот сообраќај, соопшти вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски. Како што рече Боцевски, тендерот ќе биде спроведен од Министерството за транспорт и врски и потоа автобусите во форма на донација ќе му бидат предадени на ЈСП.

Почна категоризацијата на автобуските станици

Вечер Прес - 13.10.2008

Почна категоризацијата на автобуските станици Министерството за транспорт и врски почна со постапката за категоризација на автобуските станици во државава, со што ќе се овозможи воведување ред во внатрешниот и меѓународниот автобуски превоз. Категоризирањето ќе го врши специјална комисија во која членуваат и претставници од локалната власт.