TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Нашата футсал репрезентација има шанса за бараж за пласман на СП

А1 - 07.11.2003

Македонската футсал репрезентација има шанса да обезбеди бараж за пласман на Светското првенство следната година. Потребна и е висока победа од најмалку 3 гола разлика над селекцијата на Босна и Херцеговина, вечерва во решавачкиот натпревар за првото место на квалификацискиот турнир во Сараево.

Нашата футсал репрезентација не обезбеди бараж за пласман на СП

А1 - 07.11.2003

Македонската футсал репрезентација не обезбеди бараж за пласман на Светското првенство следната година. Загуби од Босна и Херцеговина во решавачкиот натпревар за првото место на квалификацискиот турнир во Сараево. Со 2:0 славеше домашната селекција вечерва во преполната Зетра.

Македонија беше на чекор до сензација

Дневник - 07.11.2003

ФУТСАЛ - КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ПЛАСМАН НА СП И покрај водството на полувремето, на крајот пораз од бившиот светски првак Русија Македонската футсал-репрезентација беше на чекор до сензација во првиот квалификациски натпревар за пласман на СП.

Нашата футсал селекција поразена од Русија во квалификациите за СП

А1 - 06.11.2003

Футсал репрезентацијата на Македонија загуби со 4:5 од Русија, во првиот квалификациски меч за пласман на Светското првенство на турнирот во Сараево. Избраниците на селекторот Васко Скендеровски беа на чекор до сензација откако на полувремето водеа со 3:2 и играа многу подобро од поранешниот ...

Екс европскиот првак Русија прв противник

Вест - 04.11.2003

Нашите футсалци вчера заминаа на квалификациите за СП во Сараево Многу силната репрезентација на Русија, во среда во 20 часот ќе биде првиот противник на нашата репрезентација во мал фудбал која до петок во Сараево, во рамките на третата квалификациска група за Светското првенство, ќе се сретне и ...

Русија фаворит, но и ние не сме без шанси

Утрински - 04.11.2003

Македонската футсал селекција синоќа отпатува во БиХ на квалификациите за СП САШКО Ѓ. ДИМОВСКИ Со подгреан оптимизам по успешно спроведените подготовки и во најсилниот состав што моментно го има на располагање селекторот Васко Скендеровски, македонската футсал репрезентација синоќа отпатува БиХ, ...

Футсалците ќе бркаат сензација со Русија

Дневник - 04.11.2003

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП Со желби за поволен резултат против поранешниот светски првак Русија, македонската футсал-репрезентација синоќа отпатува во Босна и Херцеговина на квалификации за бараж за пласман на СП 2004 во Тајван. Во групата е уште домаќинот БиХ, со кого Македонија ќе се сретне во второто ...

Нашата футсал репрезентација утре ги почнува квалификациите за СП

А1 - 03.11.2003

Македонската репрезентација во футсал утре во Сараево го почнува настапот во квалификациите за Светското првенство. Против фаворитот, третата европска сила Русија и против домаќинот Босна и Херцеговина, Македонија потајно се надева на сензација - прво место во силната група и пласман во ...