Вирусот САРС убива, а вакцина нема. Има ли Македонија соодветна заштита? Ова е тема за А1 дебатата помеѓу заменик-министерот за здравство Никола Пановски и доктор Вело Марковски, координатор за САРС. А1 : Дали постои опасност за САРС во Македонија, после случајот во Бугарија? Никола Пановски : ...
Кинеските медицински власти соопштија дека во Кина се регистрирани нови 161 случај на заболени од тешкиот акутен респираторен сиднром САРС, и оти во изминативе 24 часа од оваа болест починале девет лица. Најголем број од новозаболени од САРС се регистрирани во Пекинг, каде денеска градските власти ...
Светската економија веќе почна да ги чувствува негативните ефекти од појавата на смртоносната пневмонија САРС. Според пресметки од Светската трговска организација, планетарниот економски пораст, кој според проценките требаше годинава да биде до 3%, и дефинитивно нема успее да ја достигне таа бројка.
Министрите за здравство на 10 држави од Југоисточна Азија, Кина, Јапонија и Јужна Кореја на денешниот состанок во Куала Лумпур усвоија програма за заеднички акции против ширењето на атипичната пневмонија САРС. Програмата, меѓу другото, содржи забрана за влез во овие земји на лица со симптомите на ...
КАКО МАКЕДОНИЈА СЕ ШТИТИ ОД САРС И во Македонија во секој момент може да се појави болен од САРС, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје досега не се преземени потребните мерки за заштита од смртоносната болест.
СМРТОНОСНАТА БОЛЕСТ НАПРЕДУВА НА БАЛКАНОТ Лекарите на Инфективната клиника, задолжени за лекување на евентуалните пациенти, алармираат дека во болницата нема ни ракавици, ниту усни маски за заштита и одбиваат незаштитени да им пријдат на болни Инфективната клиника нема ниту ракавици, ниту усни ...
Инфектолозите алармираат дека државата се однесува комотно спрема опасноста од атипичната пневмонија РИСТЕ НЕДАНОВСКИ Клиничкиот центар вчера ургентно нарача специјална опрема за заштита од САРС. Со етикетата итно од веледрогериите се требувани заштитни очила, работна облека и заштитни маски со ...
КУАЛА ЛУМПУР, 26 април (АП) - Десетина азиски држави, меѓу кои и Кина, работат на составување заеднички план за зајакнување на заштитата од САРС, како што е воведувањето задолжителни здравствени потврди.... КУАЛА ЛУМПУР, 26 април (АП) - Десетина азиски држави, меѓу кои и Кина, работат на ...
Доколку се појави случај на заболен од САРС, Клиниката за инфективни болести не е подготвена да го прифати, бидејќи до сега не се превземени потребните мерки за заштита кои ги препорачува СЗО, тврдат Вело Марковски и Лидија Стојанова, одговорни лекари во случај на појава на болеста.
Околу 4.000 жители на Пекинг се нaoѓаат во карантин поради спречување на ширење на САРС, објави денеска пекиншката Канцеларија за здравство. На сите лица кои имале контакт со можните болни им е наредено да останат во своите домови.
СОФИЈА - Во Бугарија најверојатно е регистриран прв случај на тешкиот акутен респираторен синдром САРС, соопшти вчера бугарското Министерство за здравство. Симтоми на САРС се забележани кај еден пациент, кој на 16 април се вратил од одмор од канадскиот град Торонто.
Драматична акција на владата откако и објави војна на болеста во минатата недела ПЕКИНГ - Кина вчера ја затвори главната болница во Пекинг со што почнаа да ја спроведуваат политиката за карантин на оние области кои се инфицирани со вирусот САРС со цел да се спречи распространувањето на болеста низ ...
СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА во македониЈа? Тројца Кинези што работат на браната "Козјак" се под интензивен епидемиолошки надзор откако пред неколку дена се вратиле од Кина, каде што има стотици заболени и починати лица од смртоносната пневмонија.
кина Кинеската полиција вчера запечати болница со околу 1.000 пациенти и 2.300 лекари и медицински персонал во Пекинг и забрани влегување и излегување од објектот, јави Ројтерс. И во Тајван една болница била ставена во карантин, но до вчера напладне немаше податоци колку пациенти, лекари и ...
СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА СЕ БЛИЖИ КОН МАКЕДОНИЈА Според бугарското Министерство за здравство, станува збор за маж, кој до неодамна престојувал во Торонто, Канада каде што и се претпоставува дека се инфицирал со мистериозниот вирус.
Министерството за здравство на Република Македонија, согласно најновите извештаи на Светската здравствена организација им препорачува на граѓаните на Македонија доколку е неопходно да не патуваат во Кина, посебно во Пекинг, во областа Шанкси, како и во Торонто во Канада.
Првиот случај со симптоми на САРС се појави и во Бугарија, соопшти денеска бугарското Министерство за здравство. Лицето пристигнало во земјата на 16 април, по подолг престој во Канада, а на 19 април кај него се појавиле првите симптоми на респираторното заболување - температура, сува кашлица и ...
Кинеските лекари немоќни да го спречат ширењето на смртоносниот вирус ВАШИНГТОН - Вирусот САРС, кој уби повеќе од 200 лица низ целиот свет, многу брзо мутира додека се шири, изјави главниот кинески генетичар во интервјуто за "Вашингтон пост", објавено вчера.
СМРТОНОСНАТА ПНЕВМОНИЈА СЕ ШИРИ Во Македонија под лекарски надзор се повеќе од 40 лица, а епидемиолозите тврдат дека нема потреба за преземање дополнителни превентивни мерки, иако постојат сомнежи дека во Албанија има заболени од САРС Светската здравствена организација вчера објави препорака до ...
Светската здравствена организација препорача денеска да не се патува во главниот град на Кина, Пекинг, во кинеската провинцијата Шанкси и во канадскиот град Торонто, со цел да се спречи глобалното ширење на смртоносниот вирус САРС Претставник на СЗО изјави дека препораката да се одложат патувањата ...
По забрзаното ширење на смртоноскиот вирус во повеќето земји во Источна Азија СИНГАПУР - Сингапурскиот премиер Го Чок Тонг изјави дека Кина требаше порано да му соопшти на светот за смртоносниот вирус САРС и дека првичното справување со болеста било погрешно.
По смената поради САРС ПЕКИНГ - Аналитичарите соопштуваат дека Ванг Кишан, економист и посредник во политички конфликти, вчера беше назначен за вршител на должност градоначалник на Пекинг во обидот повторно да се убедат странските инвеститори додека власта се тетерави од смртоносниот вирус САРС.
ЕПИДЕМИЈА ВО КАНАДА Вработен во болница во канадската метропола Торонто, кој веројатно боледува од смртоносната пневмонија САРС, одбил доброволно да се стави во домашен карантин и продолжил да оди на работа, како и на богослужби за католичкиот Велигден, јави Ројтерс.
ПАНИКА ВО КИНЕСКИОТ ГЛАВЕН ГРАД За да го заштитат главниот град од САРС, кинеските власти наредија дезинфицирање на сите 70.000 такси-возила во градот, како и на ходниците во најпрометните згради и деловни центри Чи Сјели, жителка на 14-милионската кинеска метропола Пекинг, излегува од својот стан ...
Извештај Во Македонија нема заболени ниту сомнителни случаи од САРС, но сите лица што доаѓаат од загрозените региони се ставаат под 14-дневен здравствен надзор. Досега под ваков надзор се 40 лица што престојувале во овие подрачја, а меѓу нив има и странски државјани кои се на привремена работа во ...
Кинеските власти почнаа да потврдуваат дека епидемијата со САРС станува драматична ПЕКИНГ - Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека околу половина од 402 лица за кои се верува дека се заразени со САРС во Пекинг, најверојатно, ќе бидат потврдени како жртви на тој вирус.
„Речиси невозможно ќе биде да се пронајде ефикасна вакцина против атипичното белодробно заболување САРС, бидејќи вирусот непрестано мутира“, изјави вирологот Артур Ван Лангберг за италијанскиот весник „Ла Република“. Овој познат виролог, кој е еден од водечките специјалисти на САРС во Хонг Конг, ...
Поради алармантното ширење на вирусот САРС во најмногубројната земја во светот Кина го откажа мајскиот празник кој трае една недела, откако министерството за здравство објави дека нагло се зголемил бројот на лица заразени со вирусот САРС кој е сличен на грип.
ПЕКИНГ, 21 април (Ројтерс) - Кина вчера ги разреши од должноста министерот за здравство Жанг Венканг и заменикот секретар на Комунистичката партија на Кина Менг Сјуенонг и тоа неколку часа откако било објавено дека десеткратно пораснал бројот на лица заразени со САРС во пекинг.
СТРАВ ВО ТИРАНА Комунистичка Кина го укина годинешното прославување на Денот на трудот 1 мај за да се спречи ширењето на епидемијата на САРС Десетина Албанци и седум Кинези што престојувале во Албанија се ставени во карантин во болница во Тирана поради страв дека заразени од смртоносниот вирус САРС.