TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Ослободени акциите на "Макпетрол"

Дневник - 19.11.2003

берза На Македонската берза вчера се тргуваше со акциите на "Макпетрол", откако ден пред тоа тргувањето беше суспендирано поради информацијата дека рускиот нафтен гигант "Лукоил" преговарал за купување на скопската компанија.

Акциите на „Макпетрол“ вратени на берзата

А1 - 18.11.2003

Акциите на „Макпетрол" од денеска се вратени за тргување на берзата, откако компанијата негираше дека се водат преговори со рускиот гигант „Лук Оил" за влегување во „Макпетрол". Вчера берзата го запре тргувањето со акциите на Макпетрол, додека не се расчисти прашањето дали се вистинити информациите ...

Берзата привремено го суспендира тргувањето со акциите на "Макпетрол"

Утрински - 18.11.2003

По вестите дека руски "Лукоил" ќе го купи македонскиот нафтен гигант ВИОЛЕТА ЦВЕТКОВСКА Вчера, Македонската берза за хартии од вредност донесе одлука за привремена суспензија на тргувањето со акциите на најголемиот трговец со нафта во земјата "Макпетрол".

Суспендирано тргувањето со обичните акции на "Макпетрол"

Вест - 18.11.2003

ПО ИНФОРМАЦИИТЕ ДЕКА РУСКИ "ЛУК ОИЛ" ПРЕГОВАРА СО МАЛИТЕ АКЦИОНЕРИ Привременото суспендирање ќе трае до добивање на релевантни ценовни информации од "Макпетрол" во врска со шпекулациите дека руски "Лук оил" ќе купува акции на оваа компанија Македонската берза на долгорочни хартии од вредност вчера ...

Стопирана купопродажбата на акциите на „Макпетрол“

А1 - 17.11.2003

Се додека „Макпетрол“ не ја потврди или демантира веста дека руски „Лукоил“ ќе го купува македонскиот нафтен дистрибутер, со акциите на „Макпетрол“ нема да се тргува. Оваа одлука македонската берза, ја донесе за да спречи евентуални вештачки потреси во цената на акциите на „Макпетрол“.