TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Исламистички веб-сајт објави дека Британецот во Ирак е убиен

А1 - 25.09.2004

Терористичката групација „Тавхид вал џихад“ на јорданецот Абу Мусаб ел Заркави го уби во Ирак британскиот заложник Кенет Бигли, објави денеска еден радикален исламистички веб-сајт. Британското Министерство за надворешни работи веднаш изрази сомневање во вистинитоста на оваа информација.

Јас сум Кен Бигли од Ливерпул...

Време - 25.09.2004

ОЧАЈНИЧКИ ПОВИК НА ЗАЛОЖНИК ВО ИРАК Јас сум Кен Бигли од Ливерпул... и мислам дека ова е веројатно мојата последна можноста да зборувам со некој што може да ме слушне од Европа. Не сакам да умрам. Не заслужувам да умрам, а не заслужуваат ниту жените затворени во ирачките затвори.

САД го саботирале ослободувањето на британскиот заложник

Утрински - 24.09.2004

Со тоа што одбиле да ги ослободат затворените Ирачанки-експерти за оружје Братот на британскиот заложник Кенет Бигли изјави дека САД го ?саботирале? неговото ослободување со тоа што одбиле да ги ослободат затворените Ирачанки експерти за оружје во Ирак.

Убиени двете италијански заложнички?

Време - 24.09.2004

ОТКАКО ИТАЛИЈА ОДБИ ДА СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД ИРАК Организацијата Џихад вчера на својата интернет-страница објавила информација дека ги искасапила двете италијански заложнички затоа што премиерот Силвио Берлускони не ги повлекол италијанските војници од Ирак.

Исламистичка група објави обезглавување на американски заложник

А1 - 23.09.2004

Групата Тавхид ва Џихад (Еднобожие и Света војна) на еден исламистички веб-сајт го објави видео-материјалот, на кој според групата, е снимено убиството на американскиот заложник Џек Хенсли. На записот се гледаат петмина маскирани мажи, од кои едниот чита изјава.

Егзекутиран и вториот американски заложник во Ирак

Дневник - 23.09.2004

ПО ИСТЕКОТ НА УЛТИМАТУМОТ НА ТЕРОРИСТИТЕ Групата на Заркави досега уби двајца бугарски возачи, двајца Американци, двајца Турци, Јужнокоореец и еден Египќанин Тавид и Џихад, групата на јорданскиот терорист Абу Мусаб ал Заркави, соопшти дека му ја исекла главата и на вториот американски заложник Џек ...

Убиен и вториот американски заложник

Утрински - 23.09.2004

Продолжува егзекутирањето на киднапираните странци од милитантите во Ирак БАГДАД - Милитантите во Ирак го убија вториот американски цивил кој беше во заложништво, се дознава од соопштението на исламистичката веб-страница. Се смета дека убиениот е Џек Хенсли, кој беше киднапиран од Багдад минатата ...

„Ќе го заколеме и Британецот!“

Време - 23.09.2004

ИРАЧКИТЕ КИДНАПЕРИ ПОВТОРНО СЕ ЗАКАНИЛЕ Ирачката група Тавхид вал Џихад го заклала и вториот американски заложник Џек Хенсли, а вчера повторно се заканила дека ќе го убие и британскиот заложник Кенет Бигли, доколку Лондон не се согласи да ги исполни барањата на киднаперите.

Заркави се закани дека ќе го убие Британецот

А1 - 22.09.2004

Вооружената ирачка група Тавхид ва Џихад (Еднобожие и Света војна) на Абу Мусаб ал Заркави се закани дека ќе го убие Британецот што го држи во заложништво, доколку од ирачките затвори не бидат ослободени сите Ирачанки. Во изјавата на групата, пренесена на интернет сајт, не се посочува кога ќе биде ...

Уште еден Американец жртва на Заркави

Време - 22.09.2004

НОВО МОРНИЧАВО УБИСТВО ВО ИРАК Исламистичката група Тавхид вал Џихад го заклала Јуџин Армстронг, американски инженер што минатата недела беше грабнат заедно со сонародник и со британски колега од Багдад. Терористите бараа ослободување на сите жени што се затворени во ирачките затвори, но премиерот ...

Очаен апел од семејството на киднапираниот Британец

Утрински - 22.09.2004

По егзекуцијата на грабнатиот Американец во Ирак ЛОНДОН - Семејството на британскиот заложник на кого му се закануваат дека ќе биде егзекутиран во Ирак вчера упати очаен апел до премиерот Тони Блер да ги исполни барањата на неговите киднапери и да му го спаси животот.

Џелатите на Заркави заклаа Американец

Дневник - 22.09.2004

ЈАВНА ЕГЗЕКУЦИЈА ВО ИРАК По барање на Моктада ал Садр, друга милитантна група ги ослободи 18-те киднапирани припадници на Ирачката национална гарда Милитантната група Тавид и Џихад на јорданскиот терорист Абу Мусаб ал Заркави прексиноќа му ја отсече главата на американскиот заложник Јуџин ...

Обезглавен американски заложник, најавени нови колења

Утрински - 22.09.2004

Ирачките милитанти го остварија заканите откако Вашингтон не ги исполни нивните барања Буш остро им одговори на грабнувачите дека преговори не може да има, туку само борба против нив БАГДАД - Ирачките милитанти обезглавија еден Американец и соопштија дека уште двајца цивилни заложници ќе ја ...

Неизвесна судбината на заложниците

Дневник - 21.09.2004

ПО УЛТИМАТУМОТ НА ТЕРОРИСТИТЕ ВО ИРАК Неизвесна е судбината на двајцата американски заложници и на заробениот Британец, ако сојузниците не го исполнат барањето на киднаперите - од затворите да бидат ослободени сите ирачки затворенички, јави Ројтерс.