TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Состанок на Бучковски со Кризниот штаб за поплавите

А1 - 12.03.2005

Кризниот штаб на Владата на Република Македонија за справување со поплавите денеска одржа состанок со премиерот Владо Бучковски на кој беше изнесена информација за актуелната ситуација и за преземените чекори во правец на санација и превентива.

Со страв се чекаат најавите за нови поплави

А1 - 12.03.2005

Жителите на тетовските села со страв ги чекаат најавите за нови поплави, а Струмичани се уште не можат да се соземат од големите штети и уништената пролетна сеидба. Населението во тетовските села Раотинце, Копанце, Сиричино и Туденце велат дека се немоќни да ја спречат водата и се надеваат дека ...

Експертите предупредуваат на можни нови полави- кризниот штаб- подготвени сме да интервенираме и да евакуираме

Канал5 - 12.03.2005

Нивото на реките во Mакедонија засега е стабилно, нема нови излевања и поплави – сепак загрижуваат најавите за нови врнежи и затоплување идната недела – ова е состојбата за која кризниот штаб попладнево реферираше пред премиерот Владо Бучковски.

На тетовскиот регион му се закануваат нови поплави

Време - 12.03.2005

ПОРАДИ ТОПЕЊЕТО НА СНЕГОТ Во тетовскиот регион идната недела се очекуваат нови поплави бидејќи температурите викендов ќе се зголемат и ќе се забрза топењето на снегот, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во моментов се регулира коритото на реката Вардар во овој регион, а во ...

Се претурија водите од браната Турија

Дневник - 12.03.2005

НАЈАВЕНО ЗАТОПЛУВАЊЕ И ТОПЕЊЕ НА СНЕГОТ Зголемените температури и нови врнежи од дожд можат нагло да го стопат снегот на планините во западна и во југозападна Македонија и да предизвикаат нови поплави, предупредуваат хидролозите.

Се прелеа "Турија", најголемата струмичка акумулација

Утрински - 12.03.2005

Топењето на снегот на Беласица и на Огражден ги зголеми водотеците Десетина села се во опасност од поплавување СТРУМИЦА - Од наглото топење на снегот на планините во Струмичкиот регион вчера се преполни и почна да претекува најголемата вештачка акумулација Турија.

Во Тетовско се очекува ново излевање на Вардар

Вест - 12.03.2005

"Службите за цивилна заштита почнаа да поставуваат вреќи со песок во најзагрозените подрачја и подготвени се за можна евакуација на луѓето и на добитокот", изјави вчера министерот за животна средина Зоран Ш "Во тетовскиот регион се очекуваат нови поплави, бидејќи задутре ќе има затоплување на ...

Можна евакуација на населението!

Вечер Прес - 12.03.2005

Струмица, 12 март (МИА). - Најголемата акумулација во Струмичко "Турија", во која се акумулирани 50 милиони кубни метри вода, вчера напладне се прелеа преку својот насип и дополнително ја влоши состојбата на поплавените подрачја во регионот.

И Тетовско очекува поплави

Вечер Прес - 12.03.2005

Во Тетовскиот регион се очекуваат нови поплави во текот на идната недела, иако утре ќе има затоплување на времето, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Зоран Шапуриќ. Тој додаде дека во моментов се регулира коритото на Вардар во Тетовско, а во кризните подрачја во погон е ...

Вонредна состојба во струмичко, опасност за нови поплави во тетовско

А1 - 11.03.2005

Прелевањето на браната „Турија“ предизвика вонредна состојба во струмичкиот регион. Екипите на цивилна заштита се на терен и се обидуваат да спречат натамошно излевање на водата. Лоша е состојбата и во тетовскиот регион, кој метеоролозите го посочија како најопасна точка и предупредија на нови ...

Прелеа браната „Турија“

А1 - 11.03.2005

По претекувањето на вештачката акумулација „Турија“, зголемена е мобилноста на кризните штабови во општините, во кои излеаното корито на реката Струмица веќе им предизвикува сериозни проблеми. Браната „Турија“ е најголема во струмичкиот регион.

Браните се прелеваат, луѓето во паника

Време - 11.03.2005

ПРЕД ПРЕТСТОЈНИТЕ ДОЖДОВИ Сите вештачки акумулации во Струмичко се полни со вода и се прелеваат, но нема место за паника, тврдат одговорните од кризниот штаб во Струмица. Таму од вчера водата во браната Турија е на највисоко ниво, со двапати поголем капацитет.

Поплави

Канал5 - 11.03.2005

Најавените врнежи од дожд и снег на повисоките места за викедов и зголемувањето на температурите од понеделник ќе предизвикаат нови поплави. Снегот од планините ќе почне да се топи. Критични места се тетовскиот, гостиварскиот, струмичкиот кочанскиот и пел Најавените врнежи од дожд и снег на ...

Од недела ќе има поплави!

Вечер Прес - 11.03.2005

Метеоролозите предупредуваат дека од сабота се очекува нагло затоплување на времето, а со тоа и нагло топење на снегот, а новиот влажен воздушен бран ќе ни донесе и обилни врнежи од дожд. Тоа значи дека во текот на идната недела не очекуваат поплави на повеќе места во државава.

Демне опасност од нови поплави

А1 - 10.03.2005

Опасност од нови поплави демне во истите региони кои се уште се соземаат од големите штети мината недела, Тетовскиот, Струмичкиот и Пелагонискиот регион. Времето не е на нивна страна. Метеоролозите предупредуваат дека во недела се очекува дожд, со што дополнително ќе се зголеми опасноста од ...

Се заканува потоп од 300 милиони кубици вода

Дневник - 10.03.2005

МАКЕДОНИЈА СЕ ПОДГОТВУВА ЗА НОВИ ПОПЛАВИ Наглото топење на снегот ќе ослободи уште 300 милиони кубни метри вода, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), по поплавите кои во минатиот викенд ги зафатија Тетовско, околината на Кочани, Струмичко и низините во Битолско.

Ќе се чистат каналите за спречување на излевање на водотеците

Утрински - 10.03.2005

КРИЗЕН ШТАБ Поради опасноста од нагло топење на снежната покривка, која во себе носи околу 300.000.000 кубни метри вода, а врз основа на предупредувањата од страна на УХМР, оперативна група на чело со Штабот за цивилна заштита ќе почне со чистење на каналите и ќе преземе конкретни оперативни чекори ...

Се чека прелевањето и на браната Турија

Вест - 10.03.2005

КРИЗНИОТ ШТАБ ВО СТРУМИЦА НЕМОЌЕН ПРЕД НАДОЈДЕНИТЕ ВОДИ Жителите од селата чии ниви се под вода, причината за поплавите ја гледат во неисчистеното корито на реката Струмица кое е обраснато со трска, шамак, и дрвја Реката Струмица, каде се влеват испусните канали од браните Водоча и Турија и ...

Оперативци ќе ги чистат каналите

Време - 10.03.2005

ОПАСНОСТ ОД НОВИ ИЗЛЕВАЊА Оперативна група ќе ги чисти одводните канали и ќе спречува излевање на реките, одлучи владиниот кризен штаб на вчерашната седница. Одлуката следува по предупредувањето од Управата за хидрометеоролошки работи дека нагло ќе се топи снегот, кој носи 300 милиони кубни метри ...

Поплавени четири илјади хектари обработлива земја

Време - 10.03.2005

ВО СТРУМИЧКО Отсуството на врнежи во последните ден-два почна да ги намалува количествата вода што се слеваат во реката Струмица, но состојбата со поплавените четири илјади хектари обработлива земја во најнискиот дел во котлината остана непроменета.

Поплавена свест

Време - 10.03.2005

Александра К. Мишовска Јавноста уште се потресува од сликите на поплавени куќи и ниви на селаните во Струмичко, Тетовско и во Кочанско и стравува за тоа што може да се случи во критичните денови од викендов. Пороите и надојдените води се погубни за родот и за земјоделското земјиште, кое веројатно ...

Најголемата струмичка хидроакумулација "Турија" пред прелевање

Утрински - 10.03.2005

Погледите на струмичките земјоделци се вперени во снеговите на Беласица и во полните водотеци Најголемата струмичка вештачка акумулација "Туријааи е пред прелевање и во прашање се часови кога таа ќе се преполни. Во "Струмички слив° велат дека контролирано се испушта акумулираната вода, меѓутоа таа ...

Брзото топење на снегот ќе предизвика нови поплави

Утрински - 10.03.2005

Поради топењето на снегот и новите врнежи, во водотеците ќе надојдат 300 милиони кубни метри вода На Македонија повторно и се закануваат поплави. Снегот на планините ќе почне наскоро да се топи, поради зголемување на температурите и новите врнежи од дожд.

Што кога ќе се стопат 300.000.000 кубни метри снег?!

Вечер Прес - 10.03.2005

Вчера на оперативен состанок на Кризниот штаб беше разгледана информацијата од работните групи кои во текот на завчерашниот ден беа излезени на терен во регионите погодени од поројните дождови и поплавите што направија штети речиси во целата држава.

Расте нивото на водотеците во Струмичко

А1 - 09.03.2005

Продолжува полнењето на акумулациите и водотеците во Струмичко. Од топењето на снегот и покрај контролираните испуштања на акумулираната вода се наполни, и во текот на ноќта се очекува да прелее и најголемата акумулација Турија.

Во наше време немаше поплави

Дневник - 09.03.2005

ВМРО-НАРОДНА ВО СТРУМИЦА Во четиригодишното владеење на ВМРО немаше ниту една поплава во Македонија бидејќи водевме грижа за да се заштитиме од нив, изјави Љубчо Георгиевски, неформален лидер на ВМРО-народна партија, на прексиноќешниот митинг во Струмица.

Поплавени десетина села и илјадници хектари ниви

Дневник - 09.03.2005

ПО ВРНЕЖИТЕ И ТОПЕЊЕТО НА СНЕГОТ Уште шест села и повеќе од 6.000 хектари ниви биле поплавени во минатото деноноќие поради прелевање на реките и вештачките езера по снежното невреме. Во Кочанско се поплавени дворовите и помошните простории на околу 250 куќи во четири села, а во околината на ...

Кога ВМРО беше на власт, немаше поплави!

Утрински - 09.03.2005

ИЗЈАВА Лидерот на ВМРО-НП пред струмичани се пофали дека за време на нивното владеење немало поплави во Македонија. "Одвојувавме по еден милион евра за чистење на одводните канали и затоа во четиригодишното владеење немаше ниту една поплава во Македонија.

Браните се прелеваат, викендов најкритично

Време - 09.03.2005

КРИЗНИОТ ШТАБ НА ТЕРЕН Повисоките температури, топењето на снегот и новите врнежи што ќе ја зафатат земјава веќе од сабота може да бидат катастрофални за регионите во Македонија што веќе се поплавени. Во Струмичко почна да се излева вештачкото езеро Водоча, а од вчера кај селото Зубово се излева и ...

Повеќето акумулации се уште можат да примаат вода

Утрински - 09.03.2005

Според првиот човек на ЈП „Водостопанство на Македонија“ Обилните врнежи од дожд и снег и топењето на снежната покривка не претставуваат опасност за акумулациите, односно за нивно излевање и дополнително поплавување на околните предели.

"Водоча" се испушта, а реката Струмица поплавува

Утрински - 09.03.2005

Дождовите и топењето на снегот ги преполнија повеќето вештачки акумулации Загрижувачко е што сите води од акумулациите завршуваат во реката Струмица, која поплавува во атарот на Зубово Дождовите и топењето на снегот во Струмичкиот регион ја наполнија и завчеравечер ја прелеаја најстарата и втора по ...

Војската ќе гради насипи ако загусти

Вест - 09.03.2005

МИНИСТРИТЕ ШАПУРИЌ И ДУРАКУ ИМ ВЕТИЈА ПОМОШ НА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО ТЕТОВСКО За два месеца во Министерството за земјоделство ќе биде изработен проект кој треба да покаже колку пари се потребни за целосна регулација на коритото на Вардар од општинскиот центар Јегуновце до излезот на се "Трајно решение за ...

Кризен штаб - Опасност од нови поплави

Макфакс - 09.03.2005

Скопје Најавите за нови врнежи и нагло топење на снегот може да предизвикаат нови поплави во кочанско, струмичко и тетовско, заклучи денеска владиниот Кризен штаб за санирање на последиците во поплавените подрачја. Затоа Штабот формира оперативна група која веднаш ќе почне со чистење на речните ...

Струмица го потопи Струмичко

Вечер Прес - 09.03.2005

СТРУМИЦА.- Акумулацијата Водоча, втора по големина во регионот, првпат после 20 години се прелеа. Но, таа не е потенцијална опасност од поплави. Проблемот лежи во нерегулираното корито на реката Струмица која е главен реципиент на сите одводни канали.

Проектот за регулација на Вардар

Вечер Прес - 09.03.2005

Целта на нашата посета, како членови на Кризниот штаб, е на самото место да се информираме и да се запознаеме со состојбите и последиците од поплавите. Преку Министерството за земјоделство веќе се преземаат конкретни мерки за изработка на проектот за регулација на коритото на Вардар.

Дураку и Шапуриќ со гумени чизми во Тетовско

А1 - 08.03.2005

Двајцата министрите обуени во гумени чизми, кои денеска ги гледаа штетите направени од поплавите во тетовските села, не им ги решија проблемите на жителите. Дураку и Шапуриќ набрзина минаа низ 4 села и си заминаа - без ветување дека повеќе ќе нема опасност од нови поплави.

На Македонија и се заканува потоп

Време - 08.03.2005

ПОРАДИ СНЕЖНИТЕ ВРНЕЖИ Снегот и дождот во наредните 36 часа ќе ги зголемат водостоите на реките и на вештачките акумулации и некои од нив ќе се излеат, најавија од Управата за хидрометеоролошки работи. Најмногу врнежи се очекуваат во западните и во југоисточните делови од земјава.

800 хектари под вода

Вест - 08.03.2005

ПОПЛАВИ И ВО КОЧАНСКО По обилните врнежи од дожд и снег, завчера Кочанска Река, Брегалница и Оризарска Река се излеаја од своите корита и на потегот од село Исибиње до село Уларци поплавија околу 800 хектари обработливо земјиште.

Акумулациите ,,Водоча" и ,,Турија" пред излевање

Утрински - 08.03.2005

Поплавени повеќе хектари во Струмичко, Тетовско, Кочанско и во Гевгелиско Екипи на "Струмички слив° постојано дежураат на критичните места, а земјоделците ги заштитуваат куќите СТРУМИЦА - По дождот во саботата и снегот вчера, сў позагрижувачка станува состојбата во Струмичкиот регион.

Чолаковски: Министерска батерија ќе ги посети поплавените

Вест - 08.03.2005

ВЛАДАТА ФОРМИРА КРИЗЕН ШТАБ ЗА САНАЦИЈА НА ШТЕТИТЕ ОД ПОПЛАВИТЕ Владата на вчерашната седница одлучила во санацијата на штетите од поплавите, ако има потреба, да се вклучи и армијата, но со претходен договор со претседателот на државата Бранко Црвенковски Владата на вчерашната седница одлучила да ...

Владата формираше Кризен штаб

Утрински - 08.03.2005

ПОМОШ Од денес, четворица владини министри ќе излезат директно на терен во најкритичните подрачја во земјава зафатени од поплавите, со цел ургентно да му се помогне на населението во тие области, да се преземат мерки проблемите што побргу да се санираат, како и да се констатираат состојбите во тие ...

Кризниот штаб на увид во поплавените региони

Макфакс - 08.03.2005

Скопје Владиниот кризен штаб денеска треба да ги посети тетовскиот, струмичкиот и валандовскиот регион за да ја процени состојбата на теренот и штетите од поплавите предизвикани по обилните снежни врнежи. На синоќешната конститутивна седница на штабот беше решено Републичкиот завод за здравствена ...

Поплави и снежни блокади!

Вечер Прес - 08.03.2005

Непредвидливите температурни разлики и врнежите од дожд и снег се карактеристика на женскиот месец март. Од завчеравечер поголемиот дел од државава ја зафати снежно невреме, што беше причина за отсечување на стотина села и отежнато одвивање на сообраќајот на повеќе патни правци.

Расте бројот на поплавени земјоделски површини во Кочанско

А1 - 07.03.2005

Поплавените површини во кочанскиот регион во изминатите неколку дена се зголемија од 200 на 800 хектари. Причина за ваквата состојба според Владо Тасевски, началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство, кој е член и на Кризниот штаб, е тројно зголемениот водостој на реките во ...

Во Пелагонија поплавени 700 хектари обработливи површини

А1 - 07.03.2005

700 хектари од најдобрите површини во срцето на Пелагонија се поплавени од надојдените води во одводните канали на потегот од селата Новаци-Логоврди. Нивото на Црна Река денеска беше 3 метри и 40 сантиметри, а критичната точка, по која водите од каналите не може да ги прими, е само 1 метар и 80 ...

Можно е влошување на состојбата со невремето во Македонија

А1 - 07.03.2005

По денешните врнежи од снег и вчерашните поплави, можно е ново влошување на состојбата, предвидуваат хидрометеоролозите. Тие велат дека од понеделник, со стоплување на времето и топење на снегот, можни се нови поплави и излевања на реките.

ВМРО НП го претстави својот кандидат за градоначалник на Струмица

А1 - 07.03.2005

По 1 милион евра одвојувавме за чистење на одводните канали во Македонија и затоа во 4-те години владеење немавме ниту една поплава, а сега поплавите станаа како добро утро во цела Македонија и што е најинтересно, не им ни текнува да издвојат денар за каналите.

Владата формира Кризен штаб за поплавите на чело со Дураку

А1 - 07.03.2005

Владата на денешната седница формирала Кризен штаб за поплавите во тетовскиот, струмичкиот и валандовскиот регион. Активиран е и Центарот за заштита и спасување при МО, со цел да се реагира веднаш во критичните места, да се спречи ширењето на поплавите и да му се помогне на населението.

Струмичко море

Дневник - 07.03.2005

Коментар Ристо Тасев Струмичани добија море. Поплавите од лани изгледа не беа доволна опомена, штом жителите и понатаму дозволуваат секој малку пообилен дожд да ја прелее "чашата" во Струмичко. Ако големите лански јунски поплави беа "енормни врнежи од дожд незапамтени за овие краеви", сега буквално ...

Водата однесе стадо овци и јагниња

Вест - 07.03.2005

ПОПЛАВЕНИ ТЕТОВСКИТЕ СЕЛА РАОТИНЦЕ, КОПАНЦЕ И ТУДЕНЦЕ Околу 1 часот по полноќ наеднаш надојде вода од сите страни. Бевме опколени и не знаевме што попрво да правиме, да се спасуваме себеси или овците. Чудо што немаше човечки жртви.

Поплавени 400 хектари обработливи површини

Дневник - 07.03.2005

КоЧанско Дождот и брзото топење на снегот ги зголемија речните корита на Брегалница, Оризарска и на Кочанска Река, кои вчера и завчера се излеаја на повеќе места. Поплавени се околу 400 хектари земјоделски површини во атарите на селата Оризари, Зрновци, Мојанци, Теранци, Кучичинио, Бурилчево и ...

Вардар однесе цели стада овци

Утрински - 07.03.2005

Стравувања од големи поплави по обилните врнежи дожд и од топењето на снегот на планините Езерата прелеваат, а реките поплавија илјадници хектари плодна земја Подивената вода на Вардар во саботата однесе цело стадо од 360 овци и јагниња во тетовското село Челопек.

Вардар поплави шеесетина куќи

Дневник - 07.03.2005

ПОЛОг Надојдените води на реката Вардар изминатиов викенд поплавија шеесетина куќи во неколку села во Општината Јегуновце. Под вода се наоѓаат и околу 200 хектари обработливо земјиште во Полошкиот регион. Најпогодено е селото Раотинце, каде што се поплавени триесетина куќи, во Копањце под вода се ...

Поплавени стотина хектари и повеќе десетици куќи

Вечер Прес - 07.03.2005

ТЕТОВО.- Интензивните и обилни врнежи од дожд предизвикаа големи поплави во тетовскиот регион. И овојпат на удар е атарот на општина Јегуновце по излевањето на Вардар од своето корито во саботата ноќта, предизвикувајќи поплави во Раотињце, Туденце Јопањце и други села.