Курдските бунтовници од Курдската работничка партија (ПКК) денеска ги повикаа младите Курди во Турција на урбано насилство, поради копнената офанзива што турската армија ја презеде во северен Ирак. „Младите Курди во големите турски градови мораат да одговорат на операцијата.
Осуммина турски војници и најмалку 33 припадници на Курдската работничка партија (ПКК) загинаа при денешните судири меѓу припадниците на вооружените сили на Турција и курдските бунтовници во северен Ирак, соопшти Генералштабот на турската Армија.
Турската воена операција на територијата на Северен Ирак нема да го реши проблемот на Анкара со Курдите, изјави американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс. Тој апелираше до Турција да преземе сериозни политички и економски иницијативи за да ги привлече реалните и потенцијалните приврзаници ...
Анкара, 23 февруари Копнената операција на турската армија против курдските бунтовници во Северен Ирак е од ограничен обем, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. "Намерата, целта, обемот и параметрите на оваа операција се ограничени.
СЕВЕРЕН ИРАК - ТУРЦИЈА Турската армија соопшти дека завчера покренала пешадиска операција против припадниците на Работничката партија на Курдистан (ПКК), а во акцијата претходно учествувале и авиони на турското воено воздухопловство, јави Би-Би-Си.
Анкара не го негира територијалниот интегритет на Ирак и по крајот на мисијата итно ќе ги повлече своите сили, соопшти Генералштабот Околу 10.000 турски војници вчера навлегоа на територијата на Северен Ирак за да ги уништат засолништата на курдските бунтовници, јави Ројтерс.
Турската армија соопшти дека од завчеравечер тече пешадиска операција со 10.000 војници во Северен Ирак против бунтовници на Курдската работничка партија (ПКК). Во првиот бран на акцијата учествувале и авиони на турското воено воздухопловство.
Двајца турски војници беа убиени, а осум повредени во судирите по границата, откако турската армија презеде воена операција врз базите на курдските бунтовници во Северен Ирак. Анкара засега не е ја потврди официјално информацијата за смртта на војниците.
Турските вооружени сили вчера навлегоа во северен Ирак со цел да се справат со бунтовниците од Курдската работничка партија (ПКК), кои се стационирани во тој дел од блискоисточната држава, соопшти денеска турската армија. Анкара 22 февруари (МИА) - Турските вооружени сили вчера навлегоа во северен ...