Пакистанскиот претседател Первез Мушарав останува на власт во земјата и во наредните пет години откако пакистанските граѓани гласаа за такво нешто на референдумот кој се одржа во вторникот. Тоа официјално го потврди изборната комисија во Исламабад по пребројувањето на гласовите од референдумот.
Граѓаните на Пакистан денеска на референдум ќе се изјаснат дали сакаат мандатот на претседателот Первез Мушараф да биде продолжен за уште пет години. Според најавите, референдумот треба да покаже голема поддршка за генералот Мушараф, кој на власт во земјата дојде по мирниот пуч во 2001-вата година.