TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Срамна хајка по питачите

Време - 13.09.2008

Блага Мамудоска од Прилеп со нејзиниот 12-годишен син живеат од парите заработени од просење на улица. Детето не оди во училиште, како што тврди мајка му, поради тоа што нема пари да го облече и да му купи книги.

Ромите против приведување на просјаците

А1 - 12.09.2008

Мамудоска Блага 12 години живее од просење. Има едно дете, со кое заедно се цел ден на прилепските улици. Тоа не оди на училиште. Таа вели дека е против акцијата на МВР за собирање на питачите бидејќи нема друг начин за да преживее.

Собрани 13 деца и 11 возрасни питачи

Вест - 12.09.2008

МВР од вчера започна превентивна акција за намалување и спречување на питачењето во Скопје. Биле опфатени 23 критични точки низ градот, при што во полициски станици биле спроведени 11 возрасни лица и 13 малолетни деца.

Питањето е социјален проблем, а не криминал

Канал5 - 12.09.2008

Акцијата за отстранување на питачите од градските улици е дискриминаторски и против уставна. Полицијата и министерството за труд и социјална политика не ги почитуваат човековите права. Питањето е начин за собирање пари за егзистенција, а не криминал.

АПСЕЊЕТО ПИТАЧИ - ВРЕМЕНО ИЛИ ТРАЈНО РЕШЕНИЕ?

Сител - 12.09.2008

По деценискиот проблем, започна очекуваната акција насловена Питачење. Потегот да им се помогне на малолетните деца кои денот го поминуваат молејќи за денар го поздрвија и граѓаните и невладиниот сектор.

НАЈМАЛИТЕ ПИТАЧИ ВО ДНЕВЕН ЦЕНТАР, ПОСТАРИТЕ ВО ДОМ ЗА ДЕЦА

Сител - 11.09.2008

НАЈМАЛИТЕ ПИТАЧИ ВО ДНЕВЕН ЦЕНТАР, ПОСТАРИТЕ ВО ДОМ ЗА ДЕЦА Единаесет возрасни лица и 13 малолетни деца се спроведни вчера во полициската акција во Скопје за сузбивање на питачењето како социопатолошка појава на улиците низ градот.

Полицијата во лов на питачи

Кирилица - 11.09.2008

Министерството за внатрешни работи вчера почна континуирана акција наречена „Питачење“ со која превентивно треба да делува и да го намали и сузбие зачестеното питачење како социопатолошка појава, најчесто присутна на фреквентните сообраќајници.

Акција за собирање на питачи во Скопје

Нетпрес - 11.09.2008

Во акцијата “Питачење“, што стартуваше вчера, во Скопје, полицијата приведе 11 возрасни лица и 13 малолетни деца. Против родителите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави и прекршочни пријави по Законот за прекршочна постапка за јавен ред и мир.

Полицијата ќе го „чисти“ Скопје од питачи

Макфакс - 11.09.2008

Полицијата започна организирана акција за сузбивање на питачењето по скопските улици. Како што соопштува денеска Министерството за внатрешни работи, акцијата која оперативно е наречена „Питачење“ ќе се одвива во континуитет, а во подготовките и нејзината реализација учествува и Министерството за ...