СПОРЕД КЛАУС ФОЛЕРС, АМБАСАДОР НА НАТО Полициските патроли ќе имаат мешан етнички состав, но Фолерс е загрижен поради недоволниот број полицајци-Албанци Македонската полиција може да почне со враќањето во некои села од кризните региони најрано в среда следната недела, ако подготовките завршат ...
Најрано во среда би требало да започне спроведувањето на генералниот план за враќање на полицијата во селата од кризните региони, а големата акција предвидена со рамковниот договор сигурно ќе започне идната недела, предвидува НАТО амбасадорот во Скопје, Клаус Волерс.
МАКЕДОНСКИТЕ БЕЗБЕДНОСНИ СИЛИ ЧЕКААТ СИГНАЛ ЗА ВЛЕГУВАЊЕ ВО СЕЛАТА ОД КРИЗНИТЕ РЕГИОНИ Високи полициски извори велат дека во првата фаза ќе влезат во околу 10 села од кумановско, тетовско и гостиварско, но дека уште не е завршена конечната листа која зависи од ситуацијата на теренот.