TIME.mk

ВЕСТИ

NEWS

Муфтијата го краде и го лаже народот

Време - 11.12.2004

СКОПСКИТЕ ИМАМИ ОБВИНУВААТ Скопскиот муфтија Зенун Бериша ги лаже колегите и народот, краде и е нечесен и затоа не може да биде фундаменталист, обвинија вчера побунетите имами. Тие тврдат дека освен муфтијата во илегалните активности е вклучен и неговиот син Љутви.

Бериша: Немаат аргументи дека сум политички исламист

Дневник - 11.12.2004

СКОПСКИОТ МУФТИЈА СЕ БРАНИ ОД ОБВИНУВАЊАТА Скопскиот муфтија Зенун Бериша категорично ги отфрли тврдењата на европскиот експерт за тероризам, Клод Монике, дека е поврзан со исламскиот фундаментализам и дека е политички исламист. - Нема основа за тоа.

Муфтијата преку писма-опомени му се заканува на поглаварот

Утрински - 10.12.2004

Се зголемува напнатоста во врвот на Исламската верска заедница Билјана Јовановска Како се доближува рокот за разврска на неколкумесечните тензии во Исламската верска заедница, чија иницијална каписла беа фалсификуваните избори за скопски муфтија, така растат и тензиите на релацијата реис-ул- улема ...

Околу Скопје шетаат Арапи од Ал каеда

Дневник - 10.12.2004

НОВО ТВРДЕЊЕ НА ЕКСПЕРТОТ ЗА ТЕРОРИЗАМ КЛОД МОНИКЕ На границата помеѓу Албанија и Македонија и во околината на Скопје се забележани Арапи поврзани со широката мрежа на Ал каеда. Тоа е се што можам во овој момент да тврдам. Дали тие лица се таму на одмор, на минување, дали тренираат или нешто ...

Поглаварот емини уште е во арабија

Канал5 - 10.12.2004

Поглаварот Емини уште не се вратил од патувањето во Саудиска Арабија. Таму тој замина пред четири дена за да ги уреди документите за аџиите кои ќе одат на аџилак. Незадоволните имами кои бараат смена на муфтијата Бериша го чекаат за да се врати и да Поглаварот Емини уште не се вратил од патувањето ...

Исламското училиште во Кондово можеби се финансира од Саудијци

А1 - 09.12.2004

Ситуацијата во Кондово ги загрижува европските разузнавачки служби особено затоа што постојат сомневања дека исламско верско училиште во ова село се финансира од фундаменталисти од Саудиска Арабија. “Се чини дека огромен дел од средствата, пред се финансиите, се обезбедени од Саудијци.

Бериша: Некој ми работи зад грб!

Време - 09.12.2004

СКОПСКИОТ МУФТИЈА КОНТРА ИВЗ Ивана Серафимова Опасните игри со исламски фундаменталисти и со Ал каеда, што Клод Монике, европски експерт за тероризам, му ги припиша на скопскиот муфтија за Зенун Бериша се чисти дезинформации излезени од кујната на тие што веќе неколку месеци му работат зад грб.

Аџилакот побитен од поврзување со Ал Каеда

Утрински - 09.12.2004

Поглаварот на ИВЗ со проблеми замина за Саудиска Арабија Џамиите стануваат погодна почва за радикален ислам Билјана Јовановска Евентуалната разврска на "случајот Зенун Бериша", контроверзниот скопски муфтија, може да се случи во почетокот на идната недела.

Муфтијата не чул за Ал Каеда

Вечер Прес - 09.12.2004

Вашето име го поврзуваат со некои појави блиски со исламскиот фундаментализам. Ве поврзуваат и со Ал Каеда. Дали навистина во вашето учење практикувате вакви принципи? Јас за терминот Ал Каеда слушам од медиумите, било од земјава или странски, како и секој граѓанин.

Лобистите на Бериша бараат порадикален ислам

Утрински - 08.12.2004

Во ИВЗ и натаму молчат за обвинувањата за врски со Ал Каеда Билјана Јовановска Поглаварот на Исламската верска заедница, хаџи Ариф Емини, му ги предал потписите на спорниот скопски муфтија Зенун Бериша со кои 145 од 203-членото Муфтиство бараат негово заминување и распишување нови избори.

Фундаментализмот меѓу нас

Дневник - 08.12.2004

Коментар - Бранко Ѓорѓевски Најлошото од се што сега би можела да го направи Исламската верска заедница во Македонија е со молк и игнорирање да прејде преку тврдењата за фундаментализам во нејзините редови. Европскиот експерт за тероризам Клод Монике беше недвосмислен кога јадрото на таквите ...

НАМЕСТО ДА ГО РЕШИ ПРОБЛЕМОТ СО СКОПСКИОТ МУФТИЈА, ПОГЛАВАРОТ ЕМИНИ ПОБЕГНАЛ ВО САУДИСКА АРАБИЈА

Канал5 - 08.12.2004

Имамите од скопското муфтиство денеска не се сретнаа со поглаварот на Исламската верска заедница Ариф Емини. Тој заминал за Саудиска Арабија за да ги уреди документите за верниците кои ќе заминат на аџилак понова година. Имамите очекуваа денеска да се Имамите од скопското муфтиство денеска не се ...

Зенун Бериша: „Немам врски со фундаменталистите“

А1 - 07.12.2004

Немам врски со фундаменталистите, тоа се конструкции, тврди за А1 скопскиот муфтија Зенун Бериша. Ова е прво појавување во јавноста на скопскиот муфтија, кој пред три дена доби порака од Брисел дека европските разузнавачките служби ги следат неговите опасни игри, што ги игра со фундаменталистите.

Фундаменталистите излегуваат со првиот мрак

Вест - 07.12.2004

КАКО ФУНКЦИОНИРААТ ЌЕЛИИТЕ НА ИЗОПАЧЕНИТЕ ИСЛАМИСТИ Повеќе фундаменталистички ќелии кои проповедаат ново екстремно и изопачено учење на муслиманската вера, наречено "вехабитизам", веќе биле забележани во скопските џамии и во околните села.

Скопскиот муфтија ги отфрла обвинувањата на Kлод Mоник

Канал5 - 07.12.2004

Скопскиот муфтија ги отфрла обвинувањата на клод моник Скопскиот муфтија Бериша со писмен демант се брани од од обвинувањата на европскиот експерт за тероризам Клод Моник. Во известувањето до медиумите се вели дека скопското муфтиство ја де Скопскиот муфтија ги отфрла обвинувањата на клод моник ...

Ал Каеда создава терористички ќелии во Македонија

Време - 06.12.2004

СПОРЕД ЗАПАДНОЕВРОПСКИ РАЗУЗНАВАЧИ Во Македонија се забележани засилени политички активности на меѓународните фундаменталисти, а тоа претставува прв чекор кон тероризмот, смета Клод Монике, меѓународен експерт за тероризам и советник на европските институции.

Скопскиот муфтија Зенун Бериша е поврзан со фундаменталистите?

Дневник - 06.12.2004

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТ ЗА ТЕРОРИЗАМ ТВРДИ Скопскиот муфтија Зенун Бериша игра опасна игра со фундаменталистите и можеби тоа може да биде почеток на нови проблеми со нови закани. Изгледа дека така сметаат многу луѓе од европските разузнавачки служби, изјави за скопската телевизија А1, Kлод Монике, ...

Средба на поглаварот на ИВЗ со муфтијата Бериша

Канал5 - 06.12.2004

Министерството за внатрешни работи не ги демантира изјавите на европскиот експерт за тероризам Kлод Mоник кој тврди дека скопскиот муфтија Бериша игра опасни игри со исламски фундаменталисти и дека тоа можеда биде почеток на евентуални нови закани за бе Министерството за внатрешни работи не ги ...

Исламската заедница гнездо на фундаментализмот?

Вечер Прес - 06.12.2004

Територијата на Македонија е сива зона, од која илегално луѓе од Блискиот и Среден Исток влегуваат во ЕУ, за да формираат т.н. заспани терористички ќелии, кои се финансираат од шверц на оружје, дрога, луѓе, грдабежи на банки и бензиски пумпи, оценува Клод Монике, европски експерт за тероризам и ...